Сопрени сите летови за Ла Палма поради вулканската ерупција


  Комерцијалните летови за шпанскиот остров Ла палма денеска се сопрени, затоа што вулканот исфрла пепел и намалена е видливоста. Вулканот исфрла лава од минатата недела, а околното население беше евакуирано, па нема жртви. Летовите за соседните острови како Тенерифе и Ла Гомера повторнос е воспоставени, објави авиопревозникот Бинтер на Твитер. Траектите од Ла Палма […]

Чешка продава илјадници бункери. Цените тргнуваат од 1.000 евра


На крајот од 1930-тите години Чехословачка изгради 5.000 бункери на границата со германскиот Трет Рајх. Тие требаше да бидат пречка за нацистичката инвазија. Сега чешката армија сака да се ослободи од нив   Кон крајот на 1930-тите, тогашна Чехословачка изгради мрежа бункери долж границата со германскиот Рајх. И иако утврдувањата сѐ уште не беа целосно […]

Потенцијални наследници на Ангела Меркел


Германците утре ќе гласаат за составот на новиот Бундестаг, а резултатите од овие избори ќе одлучат кој ќе ја наследи Ангела Меркел, која по 16 години ја напушта функцијата канцелар. Анкетите покажуваат дека ниту еден потенцијален наследник на Ангела Меркел нема убедлива предност меѓу 62 милиони германски гласачи. Кандидати за нов германски канцелар се: Армин […]

Премиерот на Јапонија го поздрави создавањето на пактот АУКУС


Јапонскиот премиер Јошихиде Суга на состанокот на групата Квад во Белата куќа, го поздрави трилатералниот договор АУКУС меѓу САД, Австралија и Велика Британија, кој ќе и обезбеди на Австралија технологија за изградба на подморници со нуклеарен погон, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Јапонија, Томојуки Јошида. Тој рече дека за АУКУС се разговарало на состанокот на Квад – членови […]

Абас: Израел има една година да се повлече од окупираните територии


Палестинскиот претседател Махмуд Абас даде рок од една година за Израел да се повлече од окупираните палестински територии, во спротивно палестинската власт повеќе нема да ја признава еврејската држава во границите од 1967 година. Во онлајн говор на 76. сесија на Генералното собрание на ОН од своето седиште во Рамала, Абас повторно го повика генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да свика […]

Крис Куомо, брат на екс-гувернерот на Њујорк и познат ТВ водител, обвинет за сексуално малтретирање


Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк Ендрју Куомо и водител на вечерна емисија на Си-Ен-Ен, од негова поранешна соработничка е обвинет за непристојно допирање. Шели Рос, поранешна извршна продуцентка во Еј-Би-Си го обвини Куомо за непристојно допирање за време на забава во 2005 година. Рос го опишува настанот во писмо објавено од „Њујорк тајмс“. По случката, таа […]

Европа чека кој ќе го наследи безбојниот Хајко Мас по изборите во Германија


За време на 16-те години на власт Ангела Меркел ја презеде целата контрола врз надворешната политика. Хајко Мас никога и не беше вистински шеф на дипломатијата, пишува „Политико“   БЕРЛИН – Од сите достигнувања на Ангела Меркел во надворешната политика во текот на годините, најзначајните за односите на Германија со остатокот од светот, малкумина надвор […]

Холандската полиција приведе девет лица кои подготовувале терористички напад


Холандската полиција приведе девет лица во Ајндховен под сомнение дека подготвувале терористички напад, соопшти холандското Обвинителство. Сите осомничени имаат холандски пасоши, и се на возраст меѓу 18 и 31 година. Осум од нив се родени во Холандија, еден во Авганистан.  Приведените биле поддржувачи на идеите на терористичката организација ИД, соопшти обвинителството. Лицата биле приведени вчера […]

ОН: Околу 350.000 луѓе загинаа во војната во Сирија од 2011 година


Швајцарија– Канцеларијата на ОН за човекови права регистрирала 350.209 жртви за време на граѓанската војна во Сирија во последната деценија, вклучувајќи цивили и борци, а бројот на жртвите од конфликтот се проценува дека е многу поголем. Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет денеска изјави дека бројките се снимени од 2011 до 2021 […]

Евростат: Англискиот јазик е најчесто изучуван јазик во ЕУ, следуваат шпански, француски и германски јазик


Луксембург– Познавањето странски јазици е суштинска алатка за културна размена. Надалеку е познато дека таквите вештини се бараат и промовираат на многу работни места и можат да ја олеснат комуникацијата во неколку други контексти, објави Евростат. Во 2019 година, 59 отсто од средношколците студирале два или повеќе странски јазици во ЕУ. Во земјите на ЕУ, […]

Норвешка ги укинува сите ограничувања воведени поради пандемијата на Ковид-19


Норвешка– Норвешка од утре целосно се отвора и ги укинува мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, кои ги ограничија социјалните контакти и го блокираа голем дел од економијата. – Ова е 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирно време. Сега е време да се вратиме на нашата вообичаена рутина, изјави премиерката […]

Бензински пумпи во Велика Британија се затворени поради проблеми со испорака на гориво


 Бензински пумпи во Велика Британија се затворени денеска поради проблеми со испораката на гориво. На најмалку 100 бензински пумпи во сопственост на БП им недостасува барем еден вид гориво, а неколку се целосно празни. Проблемот при испораката настана поради недостиг на доволен број возачи на камиони. БП се извини за непријатностите, додавајќи: „Имаме проблеми со […]

Орбан ѝ заби нож во грб на Марин Лепен


Премиерот на Унгарија во Будимпешта ќе се сретне со контроверзната француска телевизиска звезда и десничарски популист, Ерик Земур   Унгарскиот премиер Виктор Орбан го отвора црвениот тепих за францускиот популист, кој се надева дека ќе биде следниот претседател на Франција. Само што тоа не е Марин Лепен. Унгарскиот премиер денес (петок) ќе се сретне со […]

Во бура на највисоката планина во Европа, загинаа пет планинари


  Петмина планинари загинаа на Елбрус, највисоката планина во Европа, откако времето одненадеж се сменило и се претворило во снежна бура, потврдија надлежните во петокот. Елбрус, планина на северот од Кавказ во Русија, со 5.642 метри е највисока планина во Европа. Останатите 14 членови на комерцијалната експедиција спасени се од Елбрус во тешки временски услови, […]

СЗО препорача коктел од антитела против Kовид-19


Комисија на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19 развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“ за пациенти со висок ризик од хоспитализација, за оние кои се тешко болни и луѓето што немаат природни антитела. Третманот во САД доби итно одобрување, откако привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на […]

Талибанците повторно воведуваат егзекуции и отсекување раце


Еден од основачите на талибанците и главен иницијатор за строго толкување на исламскиот закон за време на последното владеење на Талибанците во Авганистан кон крајот на 1990 -тите, Мула Норудин Тураби, рече дека движењето повторно ќе врши егзекуции и отсекување на раце, иако можеби не во јавност. Во интервју за Асошиејтед Прес, Тураби го отфрли […]

Напаѓач уби еден човек и рани 12 лица во близина на маркет во САД


Вооружен напаѓач отвори оган во супермаркет во близина на Мемфис, Тенеси, при што загина најмалку едно лице, а 12 се повредени пред самиот да се застрела, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил во самопослуга во Колирвил, град источно од Мемфис. Напаѓачот починал од „самонанесена прострелна рана”, изјави за новинарите началникот на полицијата во Колирвил, Дејл Лејн. Лејн рече дека некои од […]

Уапсен Пучдемон – дали Италија ќе го екстрадира во Шпанија?


Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен во четвртокот од италијанската полиција на Сардинија, се вели во соопштението од неговата канцеларија. Шпанија го обвини Пучдемон, поранешен каталонски лидер, за бунт и помагање на референдумот за независност во 2017 година, што шпанските судови го оценија како нелегален. Во март, Европскиот парламент го укина имунитетот на […]

Австралија вакцинираше половина од возрасната популација, се најавува олеснување на мерките


 Повеќе од половина од возрасната популација во Австралија до денеска е целосно вакцинирана против Ковид-19, соопштија локалните власти кои настојуваат дополнително да го забрзаат процесот на вакцинација за да се олеснат строгите рестриктивни мерки. Австралија моментално е во екот на третиот бран на зараза со делта варијантата, која брзо се шири, што ги затвори двата […]

Фризери во Велика Британија пријавуваат алергии кај луѓе по Ковид-19


Фризери ширум Велика Британија пријавуваат дека некои од нивните клиенти, кои прележале Ковид-19, имаат нови, сериозни алергиски реакции, како што се осип и црвенило на кожата, по боење на косата, и покрај тоа што ја користеле истата боја како и порано, јавува Би-би-си. Британското здружение за фризери и козметичари ги предупредува сите вработени во овие […]