Потребни ли им се ковид пасоши на Европејците


„Ковид – сертификатите“ може да се користат за да им се помогне на луѓето да се вратат како гледачи на местата со голем број луѓе, како што се спортски и културни настани, изјави пред извесно време британскиот министер за култура, Оливер Доуден. Но, какви се тие? Во Велика Британија, секој што е вакциниран веќе добива …

Потребни ли им се ковид пасоши на Европејците Read More »

Уапсен осомничениот за убиството на британскиот мултимилионер Сатон


Еден од најбогатите Британци, Сер Ричард Лексингтон Сатон (83) е пронајден мртов во својот дом во округот Дорсет со убодни рани по телото. Неговата сопруга е пронајдена повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот, јавија британските медиуми. Убиството се случило во средата навечер, а како што јавува утрово „Сан“, неколку часа подоцна, полицијата почнала …

Уапсен осомничениот за убиството на британскиот мултимилионер Сатон Read More »

САД разговараат со сојузниците за прераспоредувањето на руски трупи во близина на Украина


Белата куќа синоќа соопшти дека САД се загрижени поради ескалацијата на агресија во Украина. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека Вашингтон разговара за движењето на руските сили во близина на Украина со земјите-членки на НАТО. – Русија сега има повеќе трупи на границата со Украина од кој било друг период од 2014 година, …

САД разговараат со сојузниците за прераспоредувањето на руски трупи во близина на Украина Read More »

Премиерот на Италија го нарече Ердоган „диктатор“


Премиерот на Италија, Марио Драги, го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „диктатор“ и го критикуваше затоа што за време на официјалната посета во вторникот ја смести претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на софа, јави Ројтерс. „Многу ми беше жал за понижувањето што го претрпе претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен“, …

Премиерот на Италија го нарече Ердоган „диктатор“ Read More »

Макрон ја затвора елитната школа за француските лидери ЕНА


Институцијата беше пат по кој поминуваат елитите на државата кон моќта, вклучувајќи и четврица претседатели   Емануел Макрон се очекува во четврток официјално да го објави затворањето на École Nationale d’Administration, елитно француско училиште за лидерите на земјата каде што и самиот студираше. Позната како ЕНА, grande école  место за врвните државни служби во Франција …

Макрон ја затвора елитната школа за француските лидери ЕНА Read More »

Драматичен апел на германските научници: Политичари, направете нешто, итно!


Германија со недели се бори со третиот бран на пандемијата од коронавирус и досега може да се каже дека не ја добива битката. Ова е потврдено со најновите драматични апели на водечките германски научници, Кристијан Карагијанидис и Кристијан Дростен. Според германските медиуми, веќе неколку недели се повеќе и повеќе пациенти со Ковид-19 се префрлаат на …

Драматичен апел на германските научници: Политичари, направете нешто, итно! Read More »

Кибер експерти: Лажни ковид-пасоши се продаваат преку интернет по поволни цени


 Лажни ковид-пасоши се продаваат преку интернет по поволни цени во голема измама што ги вознемири властите на многу земји кои сакаат да ги оживеат патувањата и економијата, велат експертите за кибер безбедност. Од Исланд до Израел, голем број земји почнаа да ги укинуваат ограничувачките мерки при преминување на границите за луѓето кои можат да докажат …

Кибер експерти: Лажни ковид-пасоши се продаваат преку интернет по поволни цени Read More »

Повеќе од 10 милиони луѓе во Франција примиле прва доза од вакцина против Ковид-19


Франција денеска го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија првата доза на вакцината за коронавирус. Тоа го изјави денеска премиерот Жан Кастекс, додека во земјата се на сила строги мерки против епидемијата, јави допписникот на МИА од Франција. – Државата само што го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија …

Повеќе од 10 милиони луѓе во Франција примиле прва доза од вакцина против Ковид-19 Read More »

Софагејт: Анкара тврди дека распоредот на седиштата бил по барање на ЕУ, ЕУ не коментира


Белгија– Дипломатскиот инцидент со одвоеното седиште за претседателката на Европската Комисија во Анкара не стивнува, Анкара се брани дека нападите се неосновани. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека “барањата на ЕУ биле почитувани“ и дека распоредот на седиштата е направено по барање на ЕУ. -Нашата протоколарна служба и таа на ЕУ …

Софагејт: Анкара тврди дека распоредот на седиштата бил по барање на ЕУ, ЕУ не коментира Read More »

Папата Франциско ги повика ММФ и Светска банка да го намалат должничкиот товар за сиромашните земји


Папата Франциско ги повика шефовите на светските финансиски институции да го намалат должничкиот товар за сиромашните земји погодени од пандемијата на коронавирусот и да им дадат поголема улога во донесувањето глобални одлуки. Во писмото до учесниците на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, Папата напиша дека пандемијата го принуди светот да …

Папата Франциско ги повика ММФ и Светска банка да го намалат должничкиот товар за сиромашните земји Read More »

Путин и Меркел загрижени поради ескалација на тензиите во источна Украина


 Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел се „загрижени поради ескалација на тензиите“ во источниот дел на Украина, соопшти денеска Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. Путин инсистирал на одговорност на Киев, „чии провокации се насочени кон намерно влошување на ситуацијата“. Украина и Западот, меѓутоа, ги обвинуваат проруските сепаратисти и Москва дека …

Путин и Меркел загрижени поради ескалација на тензиите во источна Украина Read More »

Шарл Мишел за понижувањето на Фон дер Лајен во Анкара: „Не беше моја грешка“


Жалам не жалам. Тоа беше суштината на одговорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на жестоките критики на неговата одлука, при посетата на Анкара во вторникот, да заземе место покрај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен беше оддалечена да седи на троседот. Мишел цел ден беше …

Шарл Мишел за понижувањето на Фон дер Лајен во Анкара: „Не беше моја грешка“ Read More »

Германија даде зелено светло за набавка на „спутник V“


  По повеќе шпекулации, но и најави од германските надлежни дека ќе набавуваат руска вакцина против корона вирус, тоа и се случи. Имено, како што пренесоа некои странски агенции, главната германска Комиција за вакцинација на покраината Баварија ѝ одобри прелиминарна нарачка на „спутник V“. Дека Германија навистина се подготвува да набави руски вакцини и да …

Германија даде зелено светло за набавка на „спутник V“ Read More »

По проценката на ЕМА, Белгија ја ограничува употребата на „АстраЗенека“ на лица под 55-годишна возраст


Белгија од денеска ќе ја ограничува вакцинацијата за лицата под 55-годишна возраст на сите марки освен „АстраЗенека“, откако Европската агенција за лекови (ЕМА), вчера потврди дека згрутчувањето на крвта може да биде ретка, но опасна нус појава од оваа вакцина. ЕМА меѓутоа не можеше вчера да потврди дали некои групи на населението се позасегнати од …

По проценката на ЕМА, Белгија ја ограничува употребата на „АстраЗенека“ на лица под 55-годишна возраст Read More »

Г20: Светската економија покажува знаци на закрепнување


Се подобрува глобалната економска состојба, но тоа се одвива многу бавно, пред се, поради неизвесноста и големиот јаз меѓу економиите на различните земји, напишаа министрите за економија и финансии и гуверенерите на централните банки на земјите од Г-20 во заедничката изјава по вчера оддржаната видео-конференција. Г20 признава дека има знаци на подобрување на глобалната економска …

Г20: Светската економија покажува знаци на закрепнување Read More »

Министрите за здравство од ЕУ не се договорија за заеднички пристап кон употребата на вакцината Астра Зенека


Министрите за здравство на членките на ЕУ вчера не успеаја да се договорат за заедничките упатства за употреба на вакцината Астра Зенека против Ковид-19, и покрај повиците за координација меѓу земјите-членки во борбата за отстранување на јавната недоверба кон вакцината. Министрите одржаа вонредна виртуелна средба непосредно откако Европската агенција за лекови (ЕМА) ги смени своите …

Министрите за здравство од ЕУ не се договорија за заеднички пристап кон употребата на вакцината Астра Зенека Read More »

Војна на хоризонтот?


Воени експерти велат дека Русија распореди војници и стратешко оружје на Крим, источна Украина и околу земјата. Иако во Москва тоа го негираат, прашањето е дали сè е провокација или подготовка за офанзивата, пишува „Дојче веле“. Западот е загрижен поради маневрите на руските трупи на границата со Украина. НАТО вети дека ќе продолжи да ги …

Војна на хоризонтот? Read More »

Група од 24 светски научници бараат нова истрага за потеклото на коронавирусот


Заедничкото истражување на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот не даде веродостојни одговори за тоа како почна пандемијата и потребни се поригорозни истражувања, со или без Пекинг, соопштија  група меѓународни научници и истражувачи. Во заедничката студија, објавена минатата недела, се наведува дека најверојатната патека на пренесување на вирусот што предизвикува Ковид-19 …

Група од 24 светски научници бараат нова истрага за потеклото на коронавирусот Read More »

Џонсон загрижен поради ескалацијата на насилството во западен Белфаст


Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа изрази длабока загриженост по  сцените на насилство во Северна Ирска, каде група млади луѓе во пробританската област на Белфаст насилно одзедоа и запалија автобус и ја нападнаа полицијата со камења. Делови од Северна Ирска се соочија со  шестата последователна ноќ на насилство откако унионистите и националистите се судрија со полицијата, …

Џонсон загрижен поради ескалацијата на насилството во западен Белфаст Read More »

Олеснет домашниот притвор на братот и на приврзаниците на Навални


Судот во Москва денеска им ги олесни условите за домашен притвор на братот на затворениот опозиционер Алексеј Навални, Олег Навални, и на неколкумина негови приврзаници, соопшти групата за набудување на протестите ОВД-Инфо Британските медиуми пренесуваат дека Олег Навални, Љубов Собол, Људмила Штајн и Константин Јанкаускас првично беа ставени во домашен притвор заради непочитување на мерките …

Олеснет домашниот притвор на братот и на приврзаниците на Навални Read More »