Тонга издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан


Тонга, островска држава во Пацификот, денеска издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан. Видео објавено на социјалните мрежи покажува големи бранови кои ги погодуваат крајбрежните области. Метеоролошката служба на таа земја соопшти дека е издадено предупредување за цунами за целиот архипелаг Тонга. Денешната ерупција е последната во серијата ерупции на вулканот Хунга-Тонга Хунга […]

Поранешен советник на Обама се изјасни за виновен за измама


Поранешен вработен во администрацијата на 44-от претседател на САД Барак Обама – Сет Ендрју, се изјасни за виновен за измама со технички средства. Тој се соочува со 20 години затвор, соопшти американското Министерство за правда. „Сет Ендрју, поранешен советник во Белата куќа, денеска се изјасни за виновен за измислување шема за ограбување на училишта. Сега […]

Во Бразил почна вакцинацијата на деца од пет години и повеќе


Петнаесет бразилски деца вчера ја примија вакцината против Ковид-19, неколку недели откако државниот здравствен регулатор издаде одобрение за вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години. На 16 декември, државниот здравствен регулатор издаде одобрение за употреба на вакцина за деца на возраст од пет до 11 години, развиени од Фајзер. Одлуката го […]

Десетина компании развиваат вакцини против ковид во форма на спреј за нос


Најмалку девет лаборатории и компании во светот во моментов развиваат вакцини против ковид, кои се даваат во форма на спрејови за нос, наместо инјекции, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација. Покрај тоа што се помалку непријатни од боцкањето со игла, овие вакцини би можеле да бидат поефикасни од инјекциите во запирање на коронавирусот онаму […]

Северна Кореја истрела балистички ракети по трет пат овој месец


Северна Кореја вчера истрела проектили за кои се верува дека се балистички ракети, по трет пат за еден месец, соопшти јужнокорејската војска. Се претпоставува дека две балистички ракети со краток дострел биле истрелани кон исток од провинцијата Северен Пјонгјанг на северозападниот брег на Северна Кореја. Севернокорејската агенција КЦНА објави дека е одржана вежба за тестирање […]

Гутереш: Вакцинацијата против Ковид-19 многу заостанува зад прогнозите на СЗО


 Вакцинацијата на светското население против коронавирус драстично заостанува зад предвидените планови на Светската здравствена организација (СЗО), изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. – Минатата есен СЗО претстави стратегија за вакцинирање на 40 отсто од светското население до крајот на минатата година и 70 проценти до средината на 2022 година. Сега не сме ни блиску […]

Стотици илјади Индијци се капат во светата река Ганг и покрај корона вирусот


Стотици илјади хиндуистички верници се капеа денеска во светата река Ганг, додека во земјата се зголемува бројот на заразени со Ковид-19. Хиндуистите веруваат дека капењето во реката Ганг за време на фестивалот Макар Санкранти ќе ги спаси од гревот. Слични собири придонесоа за голем втор бран на пандемијата во земјата минатата година. Голем број луѓе […]

Минатата година беше шестата најтопла година на Земјата


Минатата, 2021 година беше шестата најтопла година на Земјата од почетокот на мерењата, соопшти во четвртокот Националната океанска и атмосферска администрација на САД. Просечната температура на површината на копното и океаните минатата година била за 1,51 степен повисока од просечната во 20 век, објави Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) во новиот извештај. Посебна […]

Борис Џонсон ѝ се извини на кралицата за забавите пред погребот на принцот Филип


  Британскиот премиер ѝ се извини на кралицата за двете забави што се одржаа во Даунинг стрит во пресрет на погребот на принцот Филип минатата година, изјави портпаролот на Борис Џонсон. „Дејли Телеграф“ објави дека две одделни забави за заминување, за поранешниот директор за комуникации Џејмс Слек и за владиниот фотограф, биле одржани на 16 […]

Озлогласеното убиство од 2012 во француските Алпи останува ноќна мора за полицијата


  Француската полиција во четвртокот испрашуваше маж уапсен поради нерешеното убиство на британско семејство на Алпите во 2012 година, а обвинителите изјавија дека тој учествувал пред три месеци како сведок во реконструкција на сцената на злосторството. Притворот на неименуваниот маж ги зголеми надежите за напредок во еден од најозлогласените случаи на убиства во Франција, кога […]

Британската економија се врати на нивоата пред пандемијата


Британската економија го надмина нивото од пред пандемијата по силниот раст во ноември, покажуваат официјалните бројки. – Бруто домашниот производ порасна за 0,9 проценти во ноември 2021 година и за првпат е над нивото пред пандемијата на коронавирус, се вели во соопштението на Службата за национална статистика. Економијата на Британија е 0,7 отсто над нивото од февруари 2020 година, додаде Службата. […]

Морисон за поништувањето на австралиската виза на Ѓоковиќ


Австралискиот премиер Скот Морисон ја поврза одлуката за визата на Новак Ѓоковиќ со „силните политики за заштита на границите“ на Австралија кои ги „чуваа Австралијците безбедни“ за време на пандемијата. – Разбирам дека по внимателно разгледување, преземени се активности од страна на министерот за имиграција за укинување на визата на господин Ѓоковиќ поради здравствени причини и со […]

СЗО препорача два нови лекови за Kовид-19, проширувајќи ги опциите против омикрон


Панел на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на два лека – на фармацевтската компанија Ели Лили и на ГлаксоСмитКлајн и Вир бајотехнолоџи – додавајќи нови опции за лекување на пациенти со Ковид-19 со оглед на тоа дека варијантата на коронавирус – омикрон многу брзо се шири. Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој […]

Гувернерот на Калифорнија одби условно ослободување на убиецот на Роберт Кенеди


Гувернерот на Калифорнија го одби барањето на Сирхан Сирхан, убиецот на Роберт Кенеди, за условно ослободување, иако специјалната комисија летоска даде одобрение за тоа. Гувернерот Гевин Њусом рече дека 77-годишниот затвореник и понатаму е „закана за јавната безбедност“ и дека не сака „да ја преземе одговорноста за тоа злосторство“, се вели во соопштението на неговата […]

Американскиот Врховен суд ја блокираше задолжителната вакцинација во големите компании


Врховниот суд на САД го блокираше указот на американскиот претседател Џозеф Бајден за задолжителна вакцинација или неделно тестирање на вработените во големите компании, но одобри администрацијата да ја спроведе одлуката за задолжителна вакцинација на здравствените работници. Одлуката е донесена откако минатиот петок судот ги сослуша аргументите во постапката за привремена задолжителна вакцинација издадена од две […]

МИ5 предупредува за кинески шпион во британскиот Парламент


Британската разузнавачката служба МИ5 се обрати пред Парламентот, што ретко го прави, со цел да ги предупреди пратениците за Кристин Кинг Ку Ли, која, како што тврдат, сакала да воспостави врски меѓу Комунистичката партија на Кина и актуелниот и идните пратеници. Би-Би-Си јавува дека Кинеската давала донации на британски политичари, а парите се од странски […]

Полските научници открија ген кој го удвојува ризикот од сериозен КОВИД


Полските научници пронајдоа ген за кој велат дека повеќе од двојно го зголемува ризикот од сериозно заболување од КОВИД-19, откритие за кое се надеваат дека може да им помогне на лекарите да ги идентификуваат луѓето кои се најзагрозени од оваа болест. Бидејќи колебливоста на вакцината е главен фактор зад високите стапки на смртност од коронавирус […]

Четири ракети истрелани кон американската амбасада во Багдад


Најмалку четири ракети се истрелани кон американската амбасада во силно заштитената „Зелена зона“ во Багдад, соопштија денеска двајца неименувани ирачки безбедносни претставници. Официјалните лица соопштија дека три ракети паднале во просторот на американската амбасада, а една од нив погодила училиште кое се наоѓа во блискиот станбен комплекс. Во соопштението на ирачката армија се наведува дека […]

Евакуирани стотина училишта во Русија по закана со бомби


  Бројни училишта во Русија денеска примија закани за бомби, а само во сибирскиот град Краснхѕ6ојарск евакуирани се стотина, објави московското радио Ехо. По заканите кои стигнале по електронска пошта, наставата е прекината и во други градови, како Самара и Ставропол. Низ земјата евакуирани се стотици училишта, пренесе радиото. Според извештајот, во птебарувањата, не е […]

Зошто Австралија е парализирана околу депортацијата на Новак Ѓоковиќ?


  СИДНЕЈ – „Правилата се правила“, според австралискиот премиер Скот Морисон – но ако сте најдобриот тенисер во светот, правилата не мора да важат. Светот нетрпеливо чекаше австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук да открие дали ќе ја искористи својата лична моќ за да го депортира Новак Ѓоковиќ и да му забрани влез во Австралија […]