Норвешка во знак на солидарност го зголемува својот контингент во НАТО силите во Литванија


Норвешка планира да го зголеми своето присуство во составот на НАТО силите во Литванија, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од Рогер Еноксен. – Сакаме да придонесеме за зајакнување на присуството на сојузничките сили на Балтикот и да покажеме солидарност со нашите партнери на источното крило. Од наша страна, тоа најдобро може да се направи со […]

Канадскиот премиер најави замрзнување на банкарските сметки на демонстрантите


Канадскиот премиер Џастин Трудо презеде чекор без преседан повикувајќи се на Законот за вонредни ситуации за да ги смири протестите против вакцинацијата.Трудо рече дека опсегот на мерки ќе биде „временски ограничен“, „разумен и пропорционален“ и дека нема да биде распоредена војска. Без потреба од судски налог, банките ќе можат да ги замрзнат банкарските сметки на сите […]

По спроведените воени вежби, првите руски трупи се повлекоа од границата со Украина


Русија почна да ги повлекува војниците распоредени на југот и западот на земјата, во близина на границата со Украина, назад во нивните постојани бази, соопшти Министерството за одбрана, без да даде точен број на повлечените сили, јави ДПА. – Додека мерките за борбена обука се при крај, војниците, како и секогаш, ќе спроведат комбинирани маршеви […]

Клуге: Омикрон и натаму се шири кон Источна Европа


Новиот бран на сојот омикрон на коронавирусот, се шири кон источниот дел од Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги Владите да ги зголемат програмите за вакцинација, како и за други мерки. Изминатите две недели, бројот на заразени е повеќе од двојно зголемен во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија, Украина, предупреди регионалниот директор […]

Кулеба: Дипломатијата вроди со плод, успеавме да ја спречиме ескалацијата


Заедничките дипломатски напори со западните сојузници успеаја да спречат руската ескалација, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи. -Ние и нашите сојузници успеавме да ја спречиме Русија за каква било натамошна ескалација. Веќе е средината на февруари и можете да видите дека дипломатијата продолжува да работи, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба. Тој експресно […]

И Шолц го одби рускиот ПЦР тест на ковид


Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин со цел деескалација на тензиите на руско-украинската граница, Шолц одби да направи ПЦР тест пред средбата. Наместо рускиот тест, Шолц одлучил лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, што е предуслов за влез во Кремљ на средба со рускиот претседател […]

Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите


Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет. Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид […]

ЕП одобри 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина


Европратениците ја одобрија одлуката на Советот на ЕУ за обезбедување нов пакет макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина. „Унијата ќе обезбеди макроекономска помош до 1,2 милијарди евра, која ќе биде достапна за поддршка на макроекономската стабилизација и програмата за сеопфатни реформи во Украина“, се вели во документот, усвоен од европратениците. Се забележува дека […]

Им плаќаат за да одат со велосипед на работа


Сѐ повеќе земји им плаќаат на своите граѓани да одат со велосипед на работа, нудејќи им во замена зголемен неданочен дел од платата..Тоа е пракса која веќе ја спроведуваат земји како Холандија, Белгија, Велика британија, Данска или германија. Во многу случаи на урбани рути по кои секојдневно луѓето се превезуваат со автомобил, а лесно може […]

Ковидот стигна и на Куковите Острови


  Една од последните преостанати земји без Ковид-19 – малата пацифичка нација Кукови Острови – го пријави својот прв случај на вирусот. Премиерот Марк Браун рече дека првиот случај пристигнал на меѓународен лет од Нов Зеланд на 10 февруари. „Иако беше асимптоматска, таа врати позитивен резултат само неколку часа подоцна. За случајот е издадена наредба […]

Руски дипломат: Нема да ја нападнеме Украина доколку не бидеме испровоцирани


Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоцирано да го стори тоа“. – Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме, изјави Чижов во интервју за […]

САД побараа од Хондурас екстрадиција на поранешниот претседател Хуан Орландо Хернандез


САД – Соединетите Американски Држави побараа од Хондурас да го екстрадира поранешниот претседател Хуан Орландо Хернандез, јави Си-Ен-Ен. САД го бара поранешниот претседател во врска со обвинувања поврзани со трговија на дрога. Министерството за надворешни работи на Хондурас објави твит, во потврди дека побарал од Врховниот суд на земјата да одобри екстрадиција на „политичар од Хондурас“ […]

Трудо најави примена на ретко користениот Закон за вонредни ситуации во Канада


Канада – Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе ги активира ретко користените овластувања за итни случаи за да стави крај на протестите кои ги блокираа граничните премини и парализираа делови од главниот град. Протестите наречени „Конвој на слободата“ ги почнаа канадските возачи на камиони во спротивставување на мерките со кои се бара од возачите на […]

Песков за Си-Ен-Ен : Путин е подготвен да преговара


Англија – Портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков, во изјава за Фредерик Плајтген од Си-Ен-Ен кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да преговара“, додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија. -Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија, рече Песков. „Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции […]

Зеленски им се обрати на Украинците за да ги подготви за инвазија (ВИДЕО)


  Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во обраќањето пред Украинците на својот Фејсбук профил изјави дека среда може да биде денот на руската инвазија, а тој ден ќе го прогласи како ден на украинско национално единство, јави Ројтерс. -Големи луѓе на голема земја! Пред нашата држава има сериозни надворешни и внатрешни предизвици, кои бараат одговорност, доверба […]

Русија испраќа уште 14 баталјони на граница, но вратата за дипломатијата не е затворена


  Русија испраќа уште илјадници војници на границата со Украина како знак дека Владимир Путин би можел да ја продолжи кризата со недели, а британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека ситуацијата станала „многу, многу опасна“. Британските власти проценуваат дека уште 14 руски баталјони се упатуваат кон Украина, од кои секој брои околу 800 војници, покрај […]

Осигурителните компании го прекинуваат осигурувањето за летови во воздушниот простор над Украина


Украинските меѓународни авиокомпании (UIA), најголемиот авиопревозник во државата, објави официјално известување од осигурителните компании дека го прекинуваат осигурувањето за летови во украинскиот воздушен простор поради ескалацијата на тензиите со Русија. – Во врска со надворешнополитичката ситуација, УИА добија официјално известување од осигурителните компании да го прекинат осигурувањето на авионите за летови во воздушниот простор над […]

„Конвојот на слободата“ пристигна во Брисел, уапсени неколку лица


Неколку илјадници лица дел од протестот против антиковид мерките пристигнаа во Брисел, каде нивниот протест е забранет, неколку лица се уапсени според полицијата. Не се забележани никакви инциденти, лицата кои пристигнаа од Франција во текот на ноќта во рамките на протестот “Конвој на слободата“, се наоѓаат на повеќе места низ Брисел. Сепак полицијата уапсила неколку […]

Блинкен: САД ја преместуваат својата амбасада од Киев во Лавов


САД денеска соопштија дека ја преместуваат својата амбасада од Киев во западниот украински град Лавов, наведувајќи го како причина „драматичното забрзување“ на распоредувањето руски сили долж украинската граница. – Амбасадата ќе продолжи со својата работа и ќе соработува со украинските власти, изјави американскиот државниот секретар Ентони Блинкен. Тој упати повик до сите останати американски граѓани […]

Железничка несреќа во близина на Минхен, еден загинат најмалку 40 повредени


Едно лице загина, а најмалку 40 други се повредени во судир на два регионални воза во близина на Минхен, соопшти германската полиција. Allemagne : 2 trains de passagers sont entrés en collision à Munich. Au moins une personne est décédée est 40 blessés sont à déplorer. Plus d'informations à venir. pic.twitter.com/cGkDl77i36 — Neurone Intelligence (@NeuroneIntel) […]