Зеленски на двајцата генерали им ги одзеде чиновите нарекувајќи ги антихерои


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајца генерали поради прекршување на воената заклетва за верност кон украинскиот народ, истакнувајќи дека нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина. Зеленски рече дека тоа се Андриј Олекович, кој ја предводеше внатрешната безбедност во главната разузнавачка агенција на СБУ и Серхи […]

(Видео) Руски гувернер ја обвини Украина за напад врз складиште за нафта


 Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород, Вјачеслав Гладков тврди дека со украински воени хеликоптери е извршен напад врз складиште за нафта во градот. Тој на Телеграм објави дека пожарот, што избил утрово, е предизвикан од воздушни напади од два украински хеликоптера. Според него, две лица се повредени, но, не се во животозагрозувачка состојба.  Гладков додаде […]

Медведев: Не смееме да купуваме или продаваме производи на „непријателските“ земји


 Русија размислува да не купува ништо од „непријателските“ земји и би можела да ја прошири листата на забранети производи, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. Тој предложи да се прошири листата на забранети производи од непријателските земји – Не смееме да ги доставуваме нашите производи, вклучително и земјоделските производи, на нашите непријатели. […]

Украина: Руските војници ограбуваа пред да се повлечат од предградијата на Киев


Продолжува делумното повлекување на руските сили од северниот дел на Киев и тие се движат кон границата со Белорусија, соопштија украинските власти. Во соопштението се истакнува дека руските војници пред да се повлечат ограбиле цивилни имоти. Според украинската армија во некои окупирани подрачја руските сили побарале од украинските фирми плаќањето да биде во рубљи. Во […]

Нехамер и Шолц нагласија дека санкциите против Русија нема да се ублажат


Германија– Германскиот и австрискиот канцелар Олаф Шолц и Карл Нехамер се изјаснија против целосно ембарго за увоз на гас и нафта од Русија, но рекоа дека нема да има олеснување на санкциите. – Санкциите имаат смисла само ако го погодат оној што треба да го погодат, а не да ги ослабат оние што ги воведуваат, објасни Нехамер […]

МААЕ ќе испрати мисија во Чернобил


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека се подготвува да испрати мисија во Чернобил, каде што се наоѓаат нуклеарната централа и складиштето за радиоактивен отпад. – МААЕ се консултира со украинските власти за испраќање помош и тим за поддршка во Чернобил во следните неколку дена, соопшти денеска МААЕ. Украинската агенција за нуклеарна енергија претходно објави дека […]

Директорот на ЦИА позитивен на коронавирус еден ден по средба со Бајден


САД – Директорот на ЦИА Вилијам Барнс е позитивен на денешниот тест за Ковид-19 еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти разузнавачката агенција. Брнс носеше маска N-95 на неговиот состанок со претседателот и одржувал физичко растојание. – Нивната интеракција не се смета за близок контакт како што е дефинирано со упатствата на ЦДЦ, а директорот Барнс ја […]

Сојузничките земји ќе испратат повеќе оружје во Украина


 Велика Британија и нејзините сојузници се согласија да испратат повеќе смртоносно оружје во Украина за да и помогнат да се одбрани од рускиот напад, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас. – Ќе има повеќе помош што вклучува смртоносно оружје што ќе пристигне во Украина, бидејќи одредени земји одговорија или со нови идеи или ветија повеќе пари, изјави […]

ЕК изврши инспекција во неколку компании за гас во Германија


Европската комисија денеска ги потврди ненајавените инспекции во неколку компании за гас во Германија, како дел од истрагата за можни прекршувања на прописите за еднаква конкуренција на европските енергетски пазари. Комисијата се сомнева дека компаниите за снабдување, дистрибуција и складирање гас ги прекршиле правилата на ЕУ кои „забрануваат злоупотреба на доминантна позиција“ на пазарот, се вели во соопштението. Инспекциите беа извршени […]

Руските трупи почнаа да го напуштаат Чернобил, тврди украинска нуклеарна компанија


Руските војници кои ја зазедоа нуклеарната централа во Чернобил на 24 февруари денеска почнаа да го напуштаат комплексот и другите исклучени зони, соопшти украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом. „Утринава напаѓачите ги објавија своите намери да ја напуштат нуклеарната централа Чернобил“, соопшти Енергоатом на Телеграм. Руските војници „се упатија во две колони кон украинската граница со […]

Кој ќе им каже на Европејците дека треба да облечат џемпери за да го победат Путин?


Никој не сака да биде европскиот Џими Картер. Додека Европа се бори со енергетската криза предизвикана од руската војна против Украина, малку политичари сакаат да им кажат на своите граѓани дека треба да ја намалат потрошувачката на енергија. Германскиот министер за економија и клима Роберт Хабек во средата стана редок исклучок кога му рече на […]

Од 11 април родно неутрална категорија во пасошите во САД


САД–  Од 11 април на Американците ќе им биде дозволено да избираат „Х“ за пол во нивните барања за пасоши, соопшти денеска Стејт департментот. „Почнувајќи од 11 април, граѓаните на САД ќе можат да ја изберат ознаката Х за пол во нивната апликација за пасош во САД, а оваа опција ќе стане достапна за други […]

Путин ќе регрутира нови 134.000 војници


Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша одлука според која напролет во руската армија ќе бидат регрутирани нови 134.000 војници. Руското Министерство за одбрана соопшти дека новата регрутација не е поврзана со инвазијата врз Украина. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наведе дека новите регрути нема да бидат испратени во воените жариштата. – Поголемиот […]

Во Шведска во првиот квартал годинава застрелани 18 лица со огнено оружје


Насилството со огнено оружје бележи раст во Шведска, покажува извештајот на националната телевизија СВТ, базиран на полициски досиеја и сопствени истраги. Оваа година во Шведска досега се застрелани 18 лица, во споредба со пет во истиот временски период во 2021 година, 12 во 2020 година, 10 во 2019 година и осум во 2018 година. Повеќето од […]

Маж украл патнички авион во Италија, го пресретнал француски ловец


Франција – Француски ловец „Мираж 2000“ пресретнал патнички авион украден во Италија околу 10:40 часот во средата наутро. Како што јавува Европа 1, пилотот на украдениот авион тврди дека е од словачка националност и дека за време на летот прелетал над Ница и Тулон. Поради инцидентот, привремено е затворен авиосообраќајот во тој дел на францускиот Медитеран. […]

Турција подготвува нова средба Украина – Русија


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на организирање на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина. – Во рок од една или две недели може да има средба на повисоко ниво, барем на ниво на министри за надворешни работи, наведе Чавушоглу.Претходно, шефот на украинската  делегација […]

Русија објави прекин на огнот во Мариупол


Руското Министерство за одбрана прогласи прекин на огнот со цел да се овозможи евакуација на цивилите од Мариупол. Хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје преку пристаништето Бердјанск ќе биде отворен во 10 часот по локално време. – За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на Високиот комесаријат на […]

Москва за денеска најави прекин на огнот со цел да се евакуираат цивили од Мариупол


Русија – Руското Министерство за одбрана најави локален прекин на огнот од 9 часот по средноевропско време во Мариупол за да се евакуираат цивилите од градот. Овој чекор треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор кон Запорожје, објаснуваат од Министерството. – За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да се спроведе со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци […]

Бајден денеска прима четврта доза од вакцината против Ковид


Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прима втората бустер доза вакцина против коронавирус, соопшти Белата куќа. Бајден (79) ќе ја добие четвртата доза од вакцината откако ќе и се обрати на јавноста на новата владина веб-страница COVID.gov, која треба да помогне да се одговори на пандемијата и да обезбеди информации за тестирање и вакцинација. – Дозата ќе му ја даде член […]

Руски воени авиони со нуклеарно оружје влегле во шведскиот воздушен простор


Руски воени авиони со нуклеарно оружје влегле во шведскиот воздушен простор, се вели во нов извештај. Изворот рекол дека потегот бил намерен чин на заплашување, пренесува шведскиот ТВ4 њуз. Беше објавено дека четири руски авиони – два ловци Сухој 24 придружени со два Сухои 27 – полетале од воздухопловната база во Калининград на 2 март. […]