Врвен генерал на руската тајна служба префрлен во озлогласен затвор


  Врвен разузнавач на руската ФСБ е преместен во затвор со висока безбедност во Москва додека Владимир Путин ги чисти своите тајни служби поради неуспешната инвазија во Украина, се вели во извештаите. Генералниот полковник Сергеј Беседа (68), шеф на 5-та служба на Федералната служба за безбедност (ФСБ), претходно беше во домашен притвор. Се тврди дека […]

Русија бесна – Јутјуб го блокираше каналот на Думата


  Јутјуб во саботата го блокираше каналот на долниот дом на рускиот парламент, ТВ Дума, предизвикувајќи лута реакција на руските власти кои му се заканија со ограничувања. Јутјуб објави порака во саботата дека каналот на Думата е „затворен поради кршење на деловните правила на Јутјуб“. Јутјуб, во сопственост на „Алфабет“, е под притисок на рускиот […]

И австрискиот канцелар беше денеска во Киев на средба со Зеленски


  Британскиот премиер Борис Џонсон не е единствениот светски лидер со кој се сретна денеска Володимир Зеленски – претходно украинскиот претседател разговараше и со австрискиот канцелар Карл Нехамер. Канцеларот го посети градот Буча, во близина на Киев, каде минатата недела се појавија извештаи за злосторства. Украина соопшти дека повеќе од 300 цивили биле убиени од […]

Украинска мајка: „Видов како беше убиена мојата ќерка, потоа бев држена како заробеник во подрум“


  Викторија Коваленко јасно се сеќава на моментот. „Имаше експлозија или некакви истрели. Тоа ме оглуви. Задното ветробранско стакло се скрши. Мојот сопруг извика: ‘Излези од колата’“. Ужасот на тој ден е речиси незамислив. Девет дена од војната во Украина, додека борбите беснееја, Викторија и нејзиниот сопруг Петро конечно решија да побегнат од Чернихив, на […]

Борис Џонсон во ненајавена посета на Киев


  Британскиот премиер Борис Џонсон денеска допатува во ненајавена и речиси тајна посета на Киев, каде што разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Портпаролот на британската влада изјави: „Премиерот отпатува во Украина за лично да се сретне со претседателот Зеленски, во знак на солидарност со украинскиот народ. Тие ќе разговараат за долгорочната поддршка на Обединетото […]

ЕУ ќе разговара за воените злосторства во Украина со обвинителот на МКС


 ЕУ ќе разговара за нејзината поддршка за истрагите за воени злосторства во Украина на состаноците во следните два дена со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Европската комисија. Карим Кан, од судот со седиште во Хаг, в недела во Луксембург ќе се сретне со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, а […]

Следна можна цел на руските напади се Киев и Одеса


Не можеме да ја исклучиме можноста дека Киев ќе биде следната етапа во нападите на руските војници, изјави денеска советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Вадим Денисенко. Тој додаде и дека не можат да се исклучат напади врз Одеса. – Ако зборуваме за главниот град и за групирање на руски војници во Белорусија, […]

Киев: Украина во јуни ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ


Украинската вицепремиерка задолжена за европска и евроатлантска интеграција, Олга Стефанишина изјави дека очекува Украина во јуни да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. Стефанишина истакна дека нејзината земја е подготвена брзо да продолжи со својата кандидатура за членство во ЕУ. Нејзините изјави доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети […]

Британија забрани лет на рускиот милијардер Швидлер


На приватниот авион во сопственост на рускиот милијардер Евгениј Швидлер му е забрането да лета во Велика Британија, соопштија властите. На авионот, што е во сопственост на Швидлер, му е суспендирана дозволата за летање по истрага на британските власти, објави Би-Би-Си. Минатиот месец британскиот секретар за транспорт, Грант Шапс, го блокираше авионот при обид да […]

Пријателката на Путин пред Елисејската палата – САД преплашени за коалицијата против Русија


  Белата куќа почна да стравува дека Владимир Путин наскоро би можел да ја забележи најголемата победа по руската инвазија на Украина – во Париз. Во администрацијата на претседателот Џо Бајден расте загриженоста околу анкетите за француските претседателски избори кои покажуваат тесна трка меѓу актуелниот претседател Емануел Макрон и екстремно десничарската противкандидатка Марин Лепен. Евентуална […]

Германија подготвува засолништа, сирени за тревога и кризни резерви


Германија почна да работи на зајакнување на своите јавни засолништа, како и на подготовка на кризни резерви во случај на војна, изјави сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер за весникот „Велт ам Зонтаг“. Владата размислува за подобрување на системот на јавни засолништа и ќе ги зголеми трошоците за цивилна заштита, истакна министерката Фезер за […]

Качински го прати Орбан на очен лекар за да види што се случило во Буча


Најмоќниот полски политичар, Јарослав Качињски, го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан затоа што одби да ја осуди Русија за масовните убиства на цивили во Буча, Украина. „Мојата оценка е недвосмислено негативна – морам да признаам дека сето тоа е многу тажно“, изјави за Радио Плус Качински, вицепремиер и лидер на владејачката партија Право и правда. […]

Илјадници дополнителни руски војници распоредени во близина на Харков


Илјадници руски војници се распоредени во близина на украинскиот град Харков, изјави вчера висок американски воен претставник. Бројот на тактички единици во близина на рускиот пограничен град Белгород се зголеми од 30 на 40, изјави официјалниот претставник. Тој не го прецизираше точниот број на дополнителни војници, но рече дека тие типови единици обично се состојат […]

ЕУ воведува бесплатен роаминг за украинските бегалци


Дваесет и четири мобилни оператори од ЕУ и три украински телекомуникациски компании потпишаа договор за обезбедување бесплатен роаминг за време на меѓународни разговори меѓу ЕУ и Украина, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија. Целта на потпишаните документи е да им се помогне на „раселените Украинци во Европа да останат во контакт […]

Русија ги затвора сите канцеларии на Амнести Интернешнал и Хјуман Рајтс Воч


Русија ги затвора сите канцеларии на најмалку 15 меѓународни организации, вклучувајќи ги Хјуман Рајтс Воч, Амнести Интернешнал и Фондацијата Карнеги за меѓународен мир, Организациите се исклучени од рускиот регистар на меѓународни организации и странски невладини организации поради „прекршување на постојното законодавство на Руската Федерација“. Ова се наведува во соопштението на Министерството за правда, но не […]

Русија им се заканува и на САД


Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, предупреди дека помошта во оружје што западните земји и ја даваат на Украина, само го влошува судирот и потенцијално може да доведе до директен конфликт меѓу САД и Русија. Антонов за американскиот „Њузвик“ оцени дека западните земји се директно вклучени во настаните во Украина бидејќи продолжуваат да го снабдуваат […]

ЕУ усвои нови санкции; на листата се ќерките на Путин и милијардерот Олег Дериспаска


  Европската унија усвои нов пакет санкции против Русија и ентитетите кои се поврзани со Кремљ. Деталите беа објавени во петокот. Тие вклучуваат: Замрзнати средства и забрана за патување за 216 лица, вклучувајќи ги двете ќерки на Владимир Путин, Ехатерина Тихонова (37) и Марија Воронцова (37). Засегнати се и Герман Греф, шеф на Сбербанк, најголемата […]

Украина: Убивме 19.000 руски војници


  Украина објави нов извештај за руските загуби во инвазијата. Тие велат дека биле убиени 19.000 руски војници. Украинците уништија 1.891 руски оклопни транспортери, 135 хеликоптери, 700 тенкови и 150 авиони, соопшти Украина. Овие бројки сè уште не се независно потврдени. НАТО проценува дека досега се убиени околу 15.000 руски војници, а Русија минатиот месец […]

По неуспесите Русија ја реорганизираше својата воена команда


  Западен официјален претставник потврди дека Русија сега ја реорганизирала командата на своите операции во Украина со тоа што постави генерал со големо искуство од Сирија да ги координира акциите. Силите кои извршија инвазија на 24 февруари беа организирани и командувани одвоено од областа од која дојдоа. „Имаше навистина лоша координација меѓу тие различни команди“, […]

Дали се точни тврдењата на Русија за ракетите „Точка-У“?


  Русија го негираше нападот на железничката станица Краматорск и тврди дека фрагментите од проектилот пронајдени во близина се од тактички проектил „Точка-У“ кој „се користи само од украинските вооружени сили“. Руското министерство за одбрана објави дека престанало да го распоредува оружјето во 2019 година во корист на помодерните ракети „Искандер-М,“ јавуваат руските медиуми. Украинскиот […]