Во Москва рекордни 11.557 новозаразени со коронавирусот, во цела Русија 38.850


Во Москва денеска се регистрирани рекордни 11.557 нови случаи на коронавирус, додека бројот на новозаразени во цела Русија во изминатите 24 часа изнесува 38.850, соопштија локалните власти. Од почетокот на пандемијата, во Русија се регистрирани вкупно 10.938.261 случаи на заразени со коронавирусот. Во Москва во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 70 лица, со што бројот на починати во главниот град на Русија се искачи …

Во Москва рекордни 11.557 новозаразени со коронавирусот, во цела Русија 38.850 Read More »

Во Шведска рекордни речиси 40.000 новозаразени за еден ден


Во Шведска во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот – 39.938, соопшти денеска Шведската здравствена агенција. Претходниот рекорден број од 39.321 заразени со Ковид-19 беше забележан два дена порано, на 18 јануари. Шведската влада неодамна воведе нови ограничувања бидејќи позаразната варијанта на омикрон брзо се шири и го оптоварува здравствениот систем на земјата.

Секој ден во светот има по три милиони новозаразени со Ковид-19


Повеќе од три милиони новозараени со коронавирус дневно беа пријавувани во просек во светот помеѓу 13 и 19 јануари, повеќе од петпати повеќе отколку на крајот на ноември кога се појави сојот Омикрон. Во изминатите седум дена во просек биле пријавени 3.095.971 случај на ден, што е зголемување за 17 отсто во однос на претходната …

Секој ден во светот има по три милиони новозаразени со Ковид-19 Read More »

Лотарија за вакцинираните во Австрија – секој десетти ќе добива по 500 евра


  Ројтерс известува дека австриската влада објавила оти ќе воведе национална вакцинална лотарија за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат, неколку часа пред парламентот да го усвои нацрт-законот за воведување задолжителна вакцинација. Приближно 72% од населението во Австрија е целосно вакцинирано против ковид, што е една од најниските стапки во западна Европа. Новите дневни …

Лотарија за вакцинираните во Австрија – секој десетти ќе добива по 500 евра Read More »

Твитер изгуби пред француски суд случај за говор на омраза, ќе ја плати казната


Твитер мора да ги открие сите детали за начините за борба против говорот на омраза што е присутен на таа „онлајн“ платформа во Франција, одлучи денеска Апелацискиот суд во Париз. Судот пресуди во корист на лоби-групите, вклучително и Здружението на француски еврејски студенти (УЕЈФ), СОС расизам и СОС хомофобија, кои велат дека социјалната мрежа не …

Твитер изгуби пред француски суд случај за говор на омраза, ќе ја плати казната Read More »

Анкета: Автократиите ги надминаа демократиите со јавната доверба


Довербата на јавноста во владите кои управуваат со светските демократии падна на ново ниско ниво поради начинот за нивно справување со пандемијата и  широко распространето чувство на економски песимизам, покажа глобално истражување. Edelman Trust Barometer, кој две децении анкетира илјадници луѓе за довербата во нивните влади, медиуми, бизниси и невладини организации, овојпат покажа подобри оценки …

Анкета: Автократиите ги надминаа демократиите со јавната доверба Read More »

Џо Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина


  Џо Бајден рече дека мисли оти Русија ќе ја нападне Украина, предупредувајќи дека Москва ќе се соочи со „тешка цена“, но тој призна дека НАТО е поделен околу тоа како да одговори ако има само „мал упад“. Белата куќа беше принудена да издаде избрзано појаснување до последната точка, велејќи дека секое движење на руските …

Џо Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина Read More »

„Њујорк Тајмс“: „Хавана синдромот“ е предизвикан од еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес


Повеќето случаи на таканаречениот „Хавана синдром“ може да се објаснат со еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес, а не со дејствија преземени од странска сила, соопшти денеска весникот „Њујорк Тајмс“, цитирајќи претставници на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Повеќето од 1.000 случаи на „Хавана синдромот“, што ги испитаа американските истражители се објаснети и покажуваат …

„Њујорк Тајмс“: „Хавана синдромот“ е предизвикан од еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес Read More »

Објавени три снимки од американскиот напад со дрон во кој загинаа 10 авганистански цивили


Американската војска објави видео снимки од нападот со дрон во Кабул на 29 август 2021 година во кој беа убиени 10 авганистански цивили, вклучувајќи и седум деца. На најновите снимки се гледа Кабул од воздух додека војската следи бела „тојота корола“ низ делови од градот, верувајќи дека тоа е автомобил на припадници на терористичката група …

Објавени три снимки од американскиот напад со дрон во кој загинаа 10 авганистански цивили Read More »

Еколошка катастрофа во Перу: По ерупцијата во Тонга силно излевање на нафта


Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало „еколошка катастрофа“. Од рафинеријата Ла Пампила протекоа повеќе од 6.000 барели нафта поради брановите кои ја погодија по ерупцијата на вулканот во Тонга. Властите ги затворија трите најпогодени плажи каде има многу мртви животни покриени со нафта. Претставници на Министерството за надворешни работи …

Еколошка катастрофа во Перу: По ерупцијата во Тонга силно излевање на нафта Read More »

Австрискиот парламент ќе гласа за задолжителна вакцинација против Ковид


Австрија– Австрискиот парламент денеска треба да гласа за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, која треба да стапи на сила на почетокот на февруари. Како што пренесуваат австриските медиуми, за предлогот се очекува јасно мнозинство, бидејќи покрај владејачката партија од Австриската народна партија и Зелените, „за“ најверојатно ќе гласаат и многу пратеници меѓу опозициските социјалдемократи и …

Австрискиот парламент ќе гласа за задолжителна вакцинација против Ковид Read More »

Меркел ја одбила понудата на Гутереш за работа во ОН, ќе пишува мемоари


Германија– Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која на почетокот на декември  ја напушти функцијата по 16 години минати на нејзино чело, ја одби понудата од генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, да работи во ОН, соопшти денеска нејзиниот кабинет. Меркел на 8 декември дефинитивно ја напушти политичката сцена и се посвети на пишување политички мемоари, наведоа …

Меркел ја одбила понудата на Гутереш за работа во ОН, ќе пишува мемоари Read More »

Нов Зеланд ги заострува мерките поради Омикрон, но го отфрла заклучувањето


Нов Зеланд– Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн денеска изјави дека ќе се зголемат мерките во земјата доколку Омикрон варијантата на коронавирусот се пренесе во заедницата, но го отфрли заклучувањето. Силните контроли во Нов Зеланд и неговата географска оддалеченост помогнаа Омикрон да не се шири во земјата, иако многу случаи се пријавени во карантин на границата.   …

Нов Зеланд ги заострува мерките поради Омикрон, но го отфрла заклучувањето Read More »

Ќе се отвора истрага дали поранешниот папа Бенедикт XVI знаел за сексуално насилство врз деца


Германија – Во Германија денеска ќе се објави извештај што може да отвори потенцијален скандал за сексуално насилство врз деца во католичката црква,а меѓу оние кои можат да се најдат во центарот на внимението е поранешниот папа Бенедикт XVI, јавија француските медиуми. Во извештајот на адвокатската канцеларија Westpfahl Spilker Wastl (WSW) се анализира како биле разгледувани случаите на …

Ќе се отвора истрага дали поранешниот папа Бенедикт XVI знаел за сексуално насилство врз деца Read More »

Отстранета статуата на Теодор Рузвелт од Њујорк, ќе се пренесе во Северна Дакота


Градската канцеларија за култура на Њујорк минатата година донесе одлука да се отстрани статуата на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт, што стоеше пред Природнонаучниот музеј во „Големото јаболко“, и истата сега ќе биде преместена во претседателската библиотека на Рузвелт во Медора, во сојузната држава Северна Дакота. Работниците вчера ја демонтираа статуата на американскиот претседател, што …

Отстранета статуата на Теодор Рузвелт од Њујорк, ќе се пренесе во Северна Дакота Read More »

Лидерите на германските Зелени под истрага за исплатата на „корона бонуси“


Германија – Јавното обвинителство во Берлин отвори истрага против раководството на германската партија на Зелените, вклучувајќи го и новиот вицеканцелар и министер за надворешни работи, за исплата на бонуси за време на пандемијата минатата зима. Обвинителството и партијата денеска потврдија дека е покрената истрага по извештајот на неделникот Шпигел, пренесе агенцијата ДПА. Станува збор за улогата …

Лидерите на германските Зелени под истрага за исплатата на „корона бонуси“ Read More »

Ѓоковиќ ќе бара шест милиони долари оштета од Австралија


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, протеран од Австралија во пресрет на Грен слем турнирот, има намера да ја тужи владата на оваа земја.Триесет и четиригодишниот Србин ќе бара оштета 6 милиони долари, објавија британските медиуми. Ѓоковиќ ќе се жали за изгубен приход од парични награди за спортски настап, плаќања за спонзорство, како и морална штета …

Ѓоковиќ ќе бара шест милиони долари оштета од Австралија Read More »

Твитер го блокираше налогот на милијардерот Плиега заради навреди кон новинарка


САД – Твитер вчера соопшти дека ја блокирал сметката на мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего поради навредливо однесување кон мексикански новинар. Раководството на Твитер соопшти дека Салинас на неговиот налог „учествувал во вознемирувачки ситуации насочени кон едно лице“. Минатата недела Салинас, сопственик на „Banco Azteca SA“, влезе во расправија со мексиканската новинарка Дениз Дресер, коментирајќи го …

Твитер го блокираше налогот на милијардерот Плиега заради навреди кон новинарка Read More »

Бајден: Првата година од претседателствувањето беше година на предизвици, но и на огромен напредок


САД– Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Белата куќа по повод првата година од неговото претседателствување изјави дека тоа е година на предизвици, но и на огромен напредок.   Бајден особено ја наведе кампањата за масовна вакцинација против Ковид-19 и притоа истакна дека 75 отсто од возрасните Американци сега се целосно имунизирани, во споредба …

Бајден: Првата година од претседателствувањето беше година на предизвици, но и на огромен напредок Read More »

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата


Глобалната иницијатива КОВАКС, програма поддржана од ОН, започната за подеднакво дистрибуција на вакцините против коронавирус меѓу богатите и сиромашните земји, денеска побара 5,2 милијарди долари за да продолжи со набавка на вакцини во наредните месеци. Програмата испорача нешто повеќе од милијарда дози вакцини во изминатата година, а првичната цел беше да се испорачаат две милијарди …

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата Read More »