Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина


Германија –  Германија е последната земја  која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат, бидејќи се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија во наредните денови, јави ДПА. „Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време“, препорача Министерството за надворешни работи во Берлин. САД …

Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина Read More »

Илјадници демонстранти пристигнаа во Париз – полицијата ги пречека со водени топови


Франција –  Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и утринава во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади. „Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните …

Илјадници демонстранти пристигнаа во Париз – полицијата ги пречека со водени топови Read More »

Кличко: Одобрен е планот за евакуација на украинската престолнина


Украина – Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека властите на украинската престолнина го одобрија планот за евакуација во случај на руска инвазија, соопшти прес-службата на градоначалникот. -Градските служби веќе работат на спречување на вонредна ситуација од воена природа. Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и на спротивставување на воен …

Кличко: Одобрен е планот за евакуација на украинската престолнина Read More »

Германија утре избира нов претседател, најголеми шанси има актуелниот Штајнмаер


Германија- Во Германија утре се избира нов претседател, а актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер има најдобри шанси да остане на највисоката политичка функција во земјата и во следните пет години. Претседателот се избира во таканареченото Сојузно собрание, тело од 1.472 членови и составено од сите 736 пратеници на Бундестагот, како и исто толку претставници на сојузните …

Германија утре избира нов претседател, најголеми шанси има актуелниот Штајнмаер Read More »

Австрија ги олеснува ограничувањата против Ковид-19


Австрија – Австрија продолжува со олеснување на ограничувањата против Ковид-19, што значи дека граѓаните од следната сабота ќе мора маски да носат само во продавници и музеи. Според правилата, влез во установите е дозволен само за вакцинирани или оние кои се опоравиле од Ковид-19. Олеснето е и ограничувањето на бројот на посетители на јавни настани. Меѓутоа, …

Австрија ги олеснува ограничувањата против Ковид-19 Read More »

И Австралија и Нов Зеланд побараа од своите граѓани да ја напуштат Украина


 Австралија и Нов Зеланд денеска им се придружија на неколкуте западни земји кои ги предупредија своите граѓани веднаш да си заминат од  Украина, бидејќи се зголемени стравувањата од руска инвазија, јави ДПА. Потегот следи по апелите што до своите државјани ги упатија САД, Велика Британија, Летонија и Естонија, како и Данска и Холандија, за што …

И Австралија и Нов Зеланд побараа од своите граѓани да ја напуштат Украина Read More »

Руските дипломати ја напуштаат Украина


Украина – Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван, добро информиран, извор од Киев. Според изјави на украински граѓани, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата. Според …

Руските дипломати ја напуштаат Украина Read More »

Канадската Влада се подготвува да преземе акција против камионџиите


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека полицијата и сите нивоа на власт се подготвуваат да преземат акција против камионџиите, кои со денови протестираат против мерките за ограничување на коронавирусот и прописите за вакцинација, јави ДПА. Демонстрантите мора да се откажат од блокадите или да се соочат со тешки последици за какви било незаконски …

Канадската Влада се подготвува да преземе акција против камионџиите Read More »

ЕУ повика некои од своите дипломати во Украина да ја напуштат земјата


Европската унија ги информираше вработените во својата дипломатска мисија во Украина, кои не се од суштинско значење, да ја напуштат земјата, но не издаде наредба за евакуација. Одлуката на ЕУ доаѓа откако САД и Велика Британија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина и откако Белата куќа предупреди дека верува дека руските сили се во состојба да извршат …

ЕУ повика некои од своите дипломати во Украина да ја напуштат земјата Read More »

САД испраќаат уште 3.000 војници во Полска поради страв од руска инвазија


САД соопштија дека испраќаат уште 3.000 војници во Полска за да ги обезбедат сојузниците во НАТО поради зголемените стравувања од руска инвазија на Украина. Тие 3.000 војници, стационирани во Форт Брег во Северна Каролина, веќе беа во подготвеност кон крајот на јануари на барање на американскиот претседател Џо Бајден. Тие сега ќе ја напуштат базата …

САД испраќаат уште 3.000 војници во Полска поради страв од руска инвазија Read More »

Од Белата куќа предупредија на непосредна опасност од руска инвазија на Украина


Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави денеска дека руска воена инвазија може да започне во секое време и ги повика Американците да ја напуштат Украина веднаш. -Не говориме дека има донесено одлука. Но набљудуваме како руските сили пристигаат на границата со Украина, изјави Саливан на брифинг во Белата куќа денеска, откако претседателот Џо …

Од Белата куќа предупредија на непосредна опасност од руска инвазија на Украина Read More »

СЗО: Акутната фаза на пандемијата може да заврши оваа година, под еден услов


Очекуваме акутната фаза на пандемијата да заврши оваа година, под услов, се разбира, 70 отсто од светското население да биде вакцинирано до средината на годината, во јуни и јули, изјави шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, кој е во посета на Јужна Африка. – Тоа е во наша моќ. Тоа е прашање на избор, нагласи тој. Директорот на …

СЗО: Акутната фаза на пандемијата може да заврши оваа година, под еден услов Read More »

Во Онтарио прогласена вонредна состојба поради протестот на камионџиите


Канада – Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, денеска прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести на камионџиите против пандемсиките ограничувања. Демонстрантите и натаму одбиваат да го деблокираат сообраќајот, особено мостот Амбасадор, што е клучната сообраќајница за трговијата  меѓу Канада и САД. Премиерот Форд, од Конзервативната партија, денеска изјави дека јасно ќе им стави до знаење …

Во Онтарио прогласена вонредна состојба поради протестот на камионџиите Read More »

Германски министер: Дозволата за Северен тек 2 зависи од украинската криза


Украинската криза ќе има улога во процесот на одобрување на гасоводот Северен тек 2, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек. Хабек, кој е член на германската партија на Зелените, пред новинарите во Варшава изјави дека процесот на одобрување ќе биде строго во согласност со европското право, но оти „од друга страна, геополитичката проценка секогаш …

Германски министер: Дозволата за Северен тек 2 зависи од украинската криза Read More »

Чешки суд ги отфрли барањата на Лихтенштајн за враќање на имоти


  Суд во Чешка ги отфрли барањата на кнежевскиот двор во Лихтенштајн за враќање на неколку замоци и други имоти, јави чешката новинска агенција ЧТК. Окружниот суд во чешкиот град Брецлав се повика на тнр.  Бенешови декрети за легализирање на протерувањето и одземањето на имотот на околу три милиони Германци во тогашна Чехословачка. Според судот, …

Чешки суд ги отфрли барањата на Лихтенштајн за враќање на имоти Read More »

Париз се подготвува за „Конвојот на слободата“ 


Неколку часа пред пристигањето на „Конвојот на слободата“ во францускиот главен град, полицијата е на штрек, исто како и политичарите кои не знаат како да реагираат, јави дописникот на МИА. Префектот на париската полиција од вчера  демонстрира сила. Набљудувајќи дека „наведената цел на овие демонстранти би била да го блокираат главниот град“, Дидие Лалемент, кој …

Париз се подготвува за „Конвојот на слободата“  Read More »

Германскиот канцелар најави олабавување на епидемиолошките мерки


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во своето прво обраќање пред Горниот дом на германскиот Парламент, Бундесрат, ја најави можноста веќе од следната недела да дојде до олеснување на мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот. -Здравствените прогнози ни покажуваат дека врвот на бранот е на повидок. Ова ни овозможува на состанокот на федералните и провинциските власти …

Германскиот канцелар најави олабавување на епидемиолошките мерки Read More »

Им се закануваат на докторите поради вакцините


  Во Австрија има се повеќе закани за лекарите кои се изјаснуваат во корист на вакцинацијата против корона вирусот. „Проблемот е многу голем“, вели потпретседатњлот на Лекарската комора Јоханес Стајнхарт. Тој нагласи дека Комората поради тоа бара доследни мерки, кои би оделе и до полициска заштита за загрозените лекари. Според него, расте бројот на пријави …

Им се закануваат на докторите поради вакцините Read More »

СЗО: Не е крај на пандемијата, следуваат нови варијанти


Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумија Сваминатан, денеска изјави дека светот сè уште не завршил со пандемијата од Ковид-19, бидејќи следуваат нови варијанти. – Видовме како вирусот еволуира и мутира, така што, знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, повеќе варијанти кои предизвикуваат загриженост, што значи, не сме на крајот од пандемијата, појасни …

СЗО: Не е крај на пандемијата, следуваат нови варијанти Read More »

Погледнете ја првата овогодишна ерупција на Етна, лава тече на три страни


  Вулканот Етна на СИцилија, еруптира кусо вчера вечерта, а три потоци лава течеа на неколку стотини метри, но аеродромот во Катанија во подножјето на вулканот работи нормално. Се работи за прва еруција на Етна оваа година. Чадот се издигна на 8.000 метри во височина, наведива Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV). Се вели …

Погледнете ја првата овогодишна ерупција на Етна, лава тече на три страни Read More »