Им се закануваат на докторите поради вакцините


 

Во Австрија има се повеќе закани за лекарите кои се изјаснуваат во корист на вакцинацијата против корона вирусот.

„Проблемот е многу голем“, вели потпретседатњлот на Лекарската комора Јоханес Стајнхарт.

Тој нагласи дека Комората поради тоа бара доследни мерки, кои би оделе и до полициска заштита за загрозените лекари.

Според него, расте бројот на пријави од лекари кои се соочени со закани. Најпогодени се лекарите од општа медицина, кои се во постојан контакт со пациентите.

„Она со што најчесто се соочуваат е пласирање лажни информации, а потоа следат навреди дека лекарот е на погрешна страна, и потоа стигнуваат закани со насилство“, вели Стајнхарт.

Министерството за внатрешни работи укажува дека зајакната е патролата околу болниците поради зголемената опасност.

Дејвив Блум, заменик-директор на Дирекцијата за државна безбедност и разузнавање, вели дека Министерството сериозно го сфаќа делувањето на противниците на корона-мерките и дека е важно полицијата да добива информации за анонимни закани.

Блум додека дека со месеци укажуваат на опасноста која постои поради радикалните личности во врска со корона протестите и кон здравствените работници.