Путин ги повика украинските војници да ја земат власта од „наркоманите и неонацистите“


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го повика воениот персонал на украинските вооружени сили да ја преземат власта во Киев во свои раце.Тој изјавата ја даде на итниот состанок на рускиот Совет за национална безбедност. -Уште еднаш апелирам до воениот персонал на вооружените сили на Украина: не дозволувајте неонацистите да ги користат вашите деца, жени и …

Путин ги повика украинските војници да ја земат власта од „наркоманите и неонацистите“ Read More »

Гучи мокасините на Италија поважни од животите на Украинците


Украинските медиуми пишуваат дека за 36 часа од војната убиле 2.800 руски војници, уништиле 80 тенкови, 516 воени возила и урнале 10 борбени авиони. Иако бројките се земаат со резерва, и да се приближно точни тие се големи, бидејќи САД за две години војна во Ирак загубиле 4.431 војник.  И покрај ваквите напори на Украинците, …

Гучи мокасините на Италија поважни од животите на Украинците Read More »

Германска иронија – петте илјади шлемови тргнаа на пат кон Украина


  Поминаа добри четири недели откако Германија понуди да и испорача 5.000 воени шлемови на Украина – како придонес за можна самоодбрана, која сега стана реалност. Сега очигледно и тие се на пат – со два камиони кон Украина, како што пренесува германската агенција за печат, без да именува извор. Се вели дека тие се …

Германска иронија – петте илјади шлемови тргнаа на пат кон Украина Read More »

Лавров ќе убива Украинци, па ќе лета за Женева да зборува за човекови права


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по масовните убивања во Украина, најслободно ќе лета за Женева на 28 февруари, за да им држи говор на западните лидери за човековите права. Ова тој го најави на неговиот твитер профил.  Тој ќе учествува на седница на  Советот за човекови права на ОН и ќе зборува на …

Лавров ќе убива Украинци, па ќе лета за Женева да зборува за човекови права Read More »

Германија се брани за блокадата на санкциите со SWIFT


„Можам да разберам – се чувствувам на ист начин – дека емоциите се зголемуваат во овие минути и часови, и дека зборовите како договорот за SWIFT звучат многу остро“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по пристигнувањето на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.  „Но, во овие моменти, и покрај …

Германија се брани за блокадата на санкциите со SWIFT Read More »

Економскиот советник на Олаф Шолц го критикува канцеларот околу двоумењето за Свифт


  Моника Шницер, една од најистакнатите германски економисти и членка на германскиот Совет на економски експерти, кој ја советува владата, денеска посочи дека не било во ред канцеларот Олаф Шолц што се двоумел да ја исклучи Русија од платниот систем Свифт. „Неразбирливо е зошто постои двоумење да се користи Свифт како инструмент за санкционирање. Не …

Економскиот советник на Олаф Шолц го критикува канцеларот околу двоумењето за Свифт Read More »

Поранешeн украински амбасадор во Брисел: Засрамете се, лидери на ЕУ!


„Може ова ми се последни зборови. Затоа, да ви кажам како се чувствував кога ги слушав лидерите на ЕУ како ги објавуваат своите санкции: треба да се срамите до крајот на животот што не оставивте сами во овој момент да се соочиме со руската агресија“, рече поранешниот амбасадор на Украина во ЕУ, Костијантин Јелисиев. „Вчера …

Поранешeн украински амбасадор во Брисел: Засрамете се, лидери на ЕУ! Read More »

Стано: Путин се однесува како нацист


Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска во Брисел изјави дека никој не може да ја превиди крајната цел на руската воена инвазија на Украина и ги отфрли објаснувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека се работи за спречување на геноцид и „денацификација“ на Украина. „Тоа е целосно бесмислено, бидејќи тој е оној кој го извршува …

Стано: Путин се однесува како нацист Read More »

Путин нема да запре кај Украина, предупредува Ходорковски


  Путин не е чист прагматичар и неговите следни потези ќе бидат обоени со емоции, предупреди денеска на прес-конференција Михаил Ходорковски, протеран руски олигарх и критичар на Кремљ. Една од тие емоции ќе биде да се казни НАТО и за тоа Путин треба да оди подалеку од Украина, предупреди тој. На рускиот претседател сигурно му …

Путин нема да запре кај Украина, предупредува Ходорковски Read More »

ЕУ се подготвува да го замрзне имотите на Путин и Лавров


  ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата и имотите на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс“. Министрите за надворешни работи планираат да го одобрат пакетот санкции попладнево, заедно со голем број мерки против руските банки и индустријата, цитира …

ЕУ се подготвува да го замрзне имотите на Путин и Лавров Read More »

Украински војници му рекле на руски офицер „оди е.и се“ пред да загинат на остров


  Украинските војници кои загинаа бранејќи остров во Црното Море од бомбардирање од воздух и море, наводно, му рекле на офицер на воен брод на руската морнарица да „оди еби се“ кога побарал да се предадат. Имаше 13 граничари стационирани на Змискиот остров, карпест остров од околу 16 хектари во сопственост на Украина, кој се …

Украински војници му рекле на руски офицер „оди е.и се“ пред да загинат на остров Read More »

Зеленски остро до Марио Драги: „Следниот пат ќе се обидам да ја сменам агендата на војната“


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски му возврати на Марио Драги, откако италијанскиот премиер им кажа на новинарите дека тој и Зеленски имале закажан разговор за петок наутро, но повикот не може да се оствари бидејќи Зеленски „повеќе не бил достапен“. Зеленски возврати, твитувајќи: „Денеска во 10:30 часот на влезовите во Чернихив, Хостомел и Мелитопол имаше …

Зеленски остро до Марио Драги: „Следниот пат ќе се обидам да ја сменам агендата на војната“ Read More »

Зеленски ја критикува Европа за слаб одговор и го повика Путин на преговори


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Европа што не воведе доволно остри санкции против Москва и го повика рускиот колега Владимир Путин да преговара за „да се спречат човечки жртви“, објави „Фајнешал тајмс“. Во обраќањето до нацијата, Зеленски истакна: „Германскиот канцелар вчера зборуваше за инвазијата врз Украина, дека Европа не видела вакво нешто 75 години. …

Зеленски ја критикува Европа за слаб одговор и го повика Путин на преговори Read More »

ОН: Руската инвазија може да резултира со околу четири милиони бегалци


Обединетите нации се подготвуваат за до четири милиони бегалци од Украина доколку војната на Русија против земјата продолжи да ескалира. Илјадници веќе се префрлија преку границите во соседните земји, како што се Полска, Молдавија, Словачка и Русија, изјави денеска во Женева портпаролот на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР. Агенцијата соопшти дека е подготвена да …

ОН: Руската инвазија може да резултира со околу четири милиони бегалци Read More »

ЕУ станува хумористична, најавува уште безначајни санкции за Русија


Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, објави дека се подготвува нов бран санкции, откако Киев побара Европската унија посилно да ја присили Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Дополнителниот пакет санкции е „под итна подготовка“, објави Мишел во твит, само неколку часа откако лидерите на ЕУ ги одобрија мерките за кои украинскиот претседател Володимир …

ЕУ станува хумористична, најавува уште безначајни санкции за Русија Read More »

Нов повик за мобилизација на цивили: „Денес на Украина и требаат сите, не постои старосна граница“


Војската на Украина најави општо регрутирање на населението со цел да се спротивстави на руската агресија. Официјалниот „Твитер“ профил на украинската армија објави покана до сите цивили да се приклучат на војската, без разлика на нивната возраст, со цел да се спротивстават на руската инвазија. Командантот на украинските трупи Јуриј Галушкин најави дека им се …

Нов повик за мобилизација на цивили: „Денес на Украина и требаат сите, не постои старосна граница“ Read More »

Украина е бесна што ЕУ не ја исклучи Русија од системот за плаќање Свифт


  ЕУ се соочи со жестоки негодувања од Киев, откако европските лидери се воздржаа од наметнување на потенцијално најштетните санкции за Русија, дури и кога Кремљ врши инвазија на Украина преку копно, воздух и море. Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, го изрази својот гнев непосредно пред шефовите на држави и влади на …

Украина е бесна што ЕУ не ја исклучи Русија од системот за плаќање Свифт Read More »

Зошто Путин веднаш го зазеде Чернобил? Напуштената нуклеарна електрана е клучна за инвазијата


Ѕвоната на тревога се огласија на Запад кога руските сили ја окупираа нуклеарната централа Чернобил во раните утрински часови по нејзината инвазија на Украина во четвртокот, па прашањето е зошто Русија би го направила радиоактивното уништување една од нејзините први цели во Украина? Додека само највисоките функционери во Москва можеби го знаат целиот одговор, се …

Зошто Путин веднаш го зазеде Чернобил? Напуштената нуклеарна електрана е клучна за инвазијата Read More »