ЕУ очекува „итна“ апликација за членство од Украина


  ЕУ ја очекува „итно“ апликацијата на Украина за приклучување кон Европската унија, а официјални лица во Брисел рекоа дека „ова ќе треба многу брзо да се процени од Советот и да се донесе одлуката дали да се побара итно мислење од Европската комисија“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска имаше видео обраќање во кое …

ЕУ очекува „итна“ апликација за членство од Украина Read More »

Украинската делегација пристигна на мировните разговори


Украинската делегација пристигна во областа на границата меѓу Украина и Белорусија за да учествува во разговори со руски претставници, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Делегацијата е составена од високи политички личности, меѓу кои и министерот за одбрана. „Во делегацијата се шефот на фракцијата Слуга на народот, Давид Арахамиа, министерот за одбрана на …

Украинската делегација пристигна на мировните разговори Read More »

Мапа: Кои земји на кој начин помагаат на Украина


Членките на НАТО ја зголемуваат својата политичка и практична поддршка на Украина, која продолжува да се брани од руската агресија. Во Украина праѓаат илјадници парчиња противтенковско оружје, стотици противвоздушни проектили и илјадници парчиња останато оружје и муниција. Сојузниците, исто така, пружаат и финансиска и хуманитарна помош вредна милиони евра, како и медицинска опрема за украинските …

Мапа: Кои земји на кој начин помагаат на Украина Read More »

Тајмс: Путин испраќа платеници во Киев да го убијат Зеленски


Британски Тајмс објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од околу 400 платеници од т.н. Групата Вагнер да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски. Групата Вагнер е приватна милиција која, според Тајмс, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да …

Тајмс: Путин испраќа платеници во Киев да го убијат Зеленски Read More »

Пријателите и обожавателите на Путин на мака


  РИМ – Со години, глобален хор од десничарски политичари рецитира пофалби за Владимир Путин. Тие гледаа на рускиот моќник како бранител на затворените граници, на христијанскиот конзерватизам и на мачизмот со голи гради во ерата на либералната политика  и западната глобализација. Митот за него беше суштински дел од популистичката книга. Но, дивјаштвото на Путин …

Пријателите и обожавателите на Путин на мака Read More »

Туристичките агенции ја избришаа Русија од понудата


Германските туристички агенции ја избришаа Русија од својата понуда како реакција на воената операција на руската војска во Украина. „Поради актуелната ситуација на неодредено од етички и морални причини не нудиме повеќе патувања во Русија“, стои, на пример, на веб-страницата на туроператори „Berge&Meer”. И ФТИ ги откажа сите термини за патување во Русија. „Што се …

Туристичките агенции ја избришаа Русија од понудата Read More »

ЕФН: Затворањето на РТ и Спутник во ЕУ не е најдобра стратегија против дезинформацијата


Откако Европската Унија вчера најави дека на руските медиуми поддржани од власта ќе им биде забрането да емитуваат на европско тло, Европската федерација на новинари (ЕФН) предупредува дека ова може да биде контрапродуктивно, јави дописничката на МИА од Брисел. Војната во Украина е и информациска војна, посочи шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел. За Европската …

ЕФН: Затворањето на РТ и Спутник во ЕУ не е најдобра стратегија против дезинформацијата Read More »

Атал: Исклучена е можноста Франција да испрати војници во Украина


Франција– Како што руската офанзива се интензивира во Украина, портпаролот на француската Влада, Габриел Атал, во програмата „Политички прашања“ на Франс Инфо и Франс Интер, изјави дека Франција ја исклучува можноста од испраќање француски војници во Украина, јави дописникот на МИА. Тој, меѓутоа, нагласи дека земјата веќе им дава материјална поддршка на Украинците. -Испорачавме оружје, продолжуваме …

Атал: Исклучена е можноста Франција да испрати војници во Украина Read More »

Најмалку осум жртви во поплави во Австралија


Најмалку осум лица загинаа во поплавите што зафатија делови од Бризбен, третиот најнаселен град во Австралија. Поплавите во и околу Бризбејн се најлошите од 2011 година кога градот со 2,6 милиони жители беше погоден од поплава опишана како настан што се случува еднаш во векот. Во поплавата денеска загина 50-годишен маж кој се удавил додека возел автомобил јужно од Бризбен, соопшти полицијата во …

Најмалку осум жртви во поплави во Австралија Read More »

Франција испрати 33 тони хуманитарна помош за Украина


 Франција испрати 33 тони хуманитарна помош во Полска за да им помогне на Украинците, рече министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан, а повеќе од 30 тони материјал, исто така, ќе заминат за Молдавија на почетокот на неделата, јави дописникот на МИА. -Веќе испративме 33 тони помош во Полска, каде што илјадници украински бегалци избегаа по …

Франција испрати 33 тони хуманитарна помош за Украина Read More »

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија врз Украина


САД – Советот за безбедност на ОН за денеска свика „итна, вонредна седница“ на Генералното собрание на ОН со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија врз Украина. Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани. Вето не е можно …

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија врз Украина Read More »

ЕУ ги повика Гугл и ЈуТјуб да ја забранат руската воена пропаганда


Белгија– Alphabet Inc. и YouTube треба да ги забранат корисниците кои поттикнуваат воена пропаганда како дел од мерките за запирање на дезинформациите по руската инвазија на Украина, им порача вчера на извршните директори на двете компании еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Гугл на Алфабет во саботата им забранија на руската државна медиумска куќа RT …

ЕУ ги повика Гугл и ЈуТјуб да ја забранат руската воена пропаганда Read More »

Белорусија дозволи напади од нејзина територија пред почетокот на мировните преговори


Русија употреби ракетни системи Искандер за напад на аеродромот Житомир.Воздушните напади беа извршени од Белорусија, користејќи руски фрлачи на балистички ракети. Претходно, Белорусија рече дека нема да дозволи воздушни напади од нејзина територија поради претстојните мировни преговори на Украина со Русија.

Фон дер Лајен: Ја сакаме Украина во ЕУ


Белгија– Европската унија сака да ја види Украина и тоа ќе се случи со тек на време, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за Еуроњуз. – Имаме процес со Украина кој е, на пример, интегрирање на украинскиот пазар во единствениот пазар. Имаме многу блиска соработка на енергетската мрежа. Толку многу теми каде што работиме …

Фон дер Лајен: Ја сакаме Украина во ЕУ Read More »

Протести низ САД поради руската инвазија на Украина


САД – Илјадници луѓе, Украинци и нивни поддржувачи, се собраа денеска во повеќе градови низ САД во поддршка за Украина и демонстрации против руската инвазија на земјата.  Протестни маршеви и собири се оддржаа во Вашингтон, Чикаго, Бостон и други градови.   Митинзите се оддржаа и во саботата, неколку денови откако рускиот претседател Владимир Путин нареди навлегување на …

Протести низ САД поради руската инвазија на Украина Read More »

На Украина и се заканува најголемата хуманитарна катастрофа во Европа


Белгија– Европската комисија соопшти дека Европа, поради конфликтот во Украина, се соочува со најголемата хуманитарна криза во последно време и процени дека бројот на внатрешно раселените Украинци може да надмине седум милиони. -Сведоци сме на тоа што може да стане најголемата хуманитарна криза на нашиот европски континент по многу, многу години. Потребите на теренот растат …

На Украина и се заканува најголемата хуманитарна катастрофа во Европа Read More »

Аерофлот откажува летови кон европските дестинации


Русија – Руската авиокомпанија Аерофлот соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување. Аерофлот објави соопштение откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина. Европската унија претходно денеска одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони. 

Франција И САД им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Русија „без одлагање“


  Француското Министерство за Европа и надворешни работи „силно им препорача“ на своите државјани во Русија да ја напуштат земјата „без одлагање“, по одлуката на Европската унија да им забрани на руските и белоруските авиокомпании од европскиот воздушен простор. Слично ажурирање на веб-страницатаденеска „формално го обесхрабрува“ какви било патување во Белорусија. Министерството соопшти дека „повеќето европски …

Франција И САД им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Русија „без одлагање“ Read More »

Кличко: Не е можна евакуација од Киев, опколени сме


 Евакуацијата на цивилите од Киев сега не е возможна. Главниот град на Украина е опколен,  изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Не можеме да евакуираме цивили, бидејќи сите патишта се блокирани. Моментално сме опколени. Само што разговарав со претседателот Зеленски. Никој не се чувствува добро, изјави Кличко за американски медиуми. Кличко призна дека властите во …

Кличко: Не е можна евакуација од Киев, опколени сме Read More »

Киев е опколен со руски сили, евакуација е веќе невозможна


  Руските сили го опколија Киев во неделата, рече градоначалникот на градот, но нападите на северозападниот дел на главниот град на Украина и обидот за упад во источниот град Харков беа одбиени. Во јужните крајбрежни региони руската војска се чинеше дека добива на сила и имаше знаци на промена во нејзината тактика бидејќи ракетните напади …

Киев е опколен со руски сили, евакуација е веќе невозможна Read More »