Мапа: Кои земји на кој начин помагаат на Украина


Членките на НАТО ја зголемуваат својата политичка и практична поддршка на Украина, која продолжува да се брани од руската агресија. Во Украина праѓаат илјадници парчиња противтенковско оружје, стотици противвоздушни проектили и илјадници парчиња останато оружје и муниција.

Сојузниците, исто така, пружаат и финансиска и хуманитарна помош вредна милиони евра, како и медицинска опрема за украинските сили.

Од приложената мапа се гледа се Полска, Белгија, Канада, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Литванија, Латвија, Холандија, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Велика Британија и САД, пратија или одобрија значителни залихи воена опрема во Украина.

Полска – муниција, интелигентни ракетни комплети за унништување воздушни цели, како и беспилотни извидувачки системи и минофрлачи;

САД – „Евелин“ ракети, противтенковско оружје, Ми01 7 хеликоптери и други воени средства;

Белгија – 2.000 митралези и 3,8 илјади тони гориво;

Чешка – 30.000 пиштоли, 7 илјади пушки, 3.000 митралези, неколку десетици снајперски пушки, речиси милион куршуми;

Естонија – проектили „Евелин“, противавионска муниција, 25.000 пакувања сува храна, медицинска опрема;

Франција – одбранбено оружје;

Финска – одбранбено оружје, 2.000 панцири, 2.000. кациги;

Германија – 5.000 кациги, 1.000 противтенковско оружје, 500 „Стингер“ проектили земја-воздух;

Грција – одбранбено оружје;

Шведска – 5.000 рачни противтенковски фрлачи на гранати (Pansarskott 86), 5.000 панцири и кациги, 135.000 оброци наменети за употреба на терен;

Велика Британија – повеќе од 2.000 парчиња противтенковско оружје, противвоздушно оружјеж, муниција;

Словачка – муниција и гориво во вредност од 11 милиони евра;

Словенија – кациги, пушки, муниција;

Белгија – 2.000 митралези, 3,8 илјади тони гориво;

Литванија – „Стингер“, останати воени средства во вредност од 1,8 милиони евр;

Латвија – „Стингер“, проектили „Евелин“;

Канада – оружје и униција во вреднсот од 7,8 милијарди канадски долари;

Холандија – 2.000 кациги и панцири, 30 детектори на метал и два робота за откривање мини, седум радари и 100 снајперски пушки со 30.000 парчиња муниција;

Португалија – панцири, кациги, уреди за ноќно набљудување, куршуми, гранати, преносни радија.

Освен поддршка во вид на воена опрема, според информациите од НАТО, Албанија, Бугарија, Хрватска, Данска, Унгарија, Исланд, Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Шпанија, Велика Британија и САД нудат хуманитарна помош или ги отвораат границите за украинските бегалци.