„Предавство“: Евгениј Пригожин пак ги нападна руските генерали


  Расправијата во руската војска почнува да врие. Евгениј Пригожин, основач на приватната групација „Вагнер“, тврди дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валери Герасимов се обидуваат да го „уништат ‘Вагнер’“ – што означува ескалација на непријателствата меѓу влијателниот паравоен шеф. и рускиот воен естаблишмент. „Началникот на Генералштабот и министерот за […]

МНР на Русија дообјаснува околу суспензијата на Нов СТАРТ


Русија ќе продолжи да ги почитува стратешките офанзивни ограничувања и покрај суспензијата на договорот Нов СТАРТ, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. – Со цел да се одржи доволен степен на предвидливост и стабилност во нуклеарната ракетна сфера, Русија има намера строго да се придржува до квантитативните ограничувања на стратешкото офанзивно оружје, кои се […]

Западот е чувар на демократијата во светот, изјави Бајден во Варшава


  Претседателот Џо Бајден, враќајќи се во вторникот во полскиот замок каде што зборуваше кратко по руската инвазија на Украина минатата година, рече дека војната ја зацврстила решеноста на Западот да ја брани демократијата ширум светот. Тој предупреди дека претстојат „тешки и горчливи денови“, но вети дека Соединетите Држави и нивните сојузници „ќе го чуваат […]

ОН реагира на најавата на Путин: Последиците може да бидат катастрофални


  Обединетите Нации изразија загриженост поради одлуката на Русија да се повлече од историскиот договор за контрола на нуклеарното оружје. Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека ќе го прекине учеството на Русија во договорот Нов СТАРТ. – Светот без контрола на нуклеарното оружје е многу поопасен, понестабилен, со потенцијално катастрофални последици, истакна портпаролот на ОН Стефан […]

Договорот „Нов СТАРТ“ ја ограничува количината на вооружувањето и обезбедува меѓусебна контрола


Договорот „Нов СТАРТ“, чие прекинување на учеството од страна на Русија денеска го најави претседателот на таа држава Владимир Путин, се однесува на намалување и контрола на стратешкото нуклеарно вооружување. Договорот ги обврзува Москва и Вашингтон на максимум 1.550 стратешки нуклеарни боеви глави на распоредени интерконтинентални балистички ракети или распоредени балистички ракети на подморниците, максимално […]

Баварскиот министер за транспорт: Со забраната за бензински и дизел мотори нè чека кубанско сценарио!


Знаете како е во Куба. Откако социјалистичкиот режим на Фидел Кастро дојде на власт на тој остров во 1959 година, увозот на нови американски и западноевропски автомобили престана. Земјата е изолирана, па Кубанците мораа да се снаоѓаат. Затоа американските гиганти, старите кадилаци, шевролети…, чии оригинални V8 мотори беа отстранети и во нив беа поставени поекономични […]

Кинескиот претседател можеби ќе ја посети Русија


  Кинескиот претседател Си Џинпинг наскоро може да ја посети Русија, јави денеска Вол Стрит Џурнал. Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во ставањето крај на конфликтот во Украина, а извори запознаени со плановите за патување на кинескиот претседател рекоа дека кинескиот Си планира да се заложи за мултилатерални мировни преговори за време на неговата средба со […]

Белорусија воведува смртна казна за државните функционери за „велепредавство“


Белорусија ќе го прошири својот кривичен закон за да овозможи смртна казна за владини службеници и воен персонал за „велепредавство“. Одредбата ја усвои парламентот во Минск, јави денеска државната новинска агенција Белта. Белорусија, каде на власт е претседателот Александар Лукашенко, е последната земја во Европа која сè уште изрекува смртна казна. Минатата година, земјата беше […]

Г7: Ќе продолжиме да воведуваме економски санкции кон Русија


  Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Групата седум (Г7) соопштија денеска дека нивните земји ќе продолжат да наметнуваат економски санкции кон Русија и ја повикаа меѓународната заедница да го осуди „бруталниот експанзионизам“ на Москва. Во соопштението на Г7 се наведува дека најбогатите земји ќе продолжат да наметнуваат дополнителни економски санкции за поединци и […]

Блинкен ја нарече „несреќна и неодговорна“ изјавата на Путин за договорот „СТАРТ“


Одлуката на Русија да го суспендира членството во договорот за контрола на нуклеарното оружје е неодговорна и САД внимателно ќе следат што прави Москва, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен. -Најавата на Русија за суспендирање на нејзиното членство е длабоко несреќна и неодговорна, изјави Блинкен во Атина. „Внимателно ќе следиме што конкретно прави Русија. […]

Тенковите Леопард 2 се како Мерцедес, вели украински војник на обука во Германија


Германија- Украински војник ги спореди германските тенкови Леопард 2 со Мерцедес додека одеше на обука со нив пред нивното пристигнување на бојното поле, велејќи дека се надева дека тие ќе донесат пробив во војната. Тој е меѓу десетиците украински војници што Германија се обучуваАТ на симулаторите Леопард 2, а потоа и на самите тенкови на […]

Русија протестира кај американскиот амбасадор поради воената помош за Украина


Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало американскиот амбасадор поради „агресивниот курс“ на Вашингтон и ги обвини САД дека го зголемуваат своето учество во конфликтот во Украина. „Во оваа смисла, на амбасадорот му беше кажано дека сегашниот агресивен курс на САД за продлабочување на конфронтацијата со Русија во сите правци е контрапродуктивен“, […]

Мелони пристигна во Киев, попладне средба со Зеленски


Украина – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во Украина, а по посетата на Буча и Ирпиње, места во близина на Киев каде се вршени злосторства врз цивили, таа попладне треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мелони, откако се симна од возот со кој пристигна во Киев од Полска, рече дека и […]

Протече документ што покажува како Русија планира да ја преземе Белорусија


 Протече документ кој покажува како Русија планира да ја преземе Белорусија. Документот, напишан за претседателската администрација на Путин, предвидува целосна инкорпорација на Белорусија во „унитарна држава“ со Русија до 2030 година. Протечениот документ за внатрешна стратегија од извршната канцеларија на Владимир Путин, до кој дојде Yahoo News, прикажува детален план за тоа како Русија планира […]

„Русија е загрозена, а не Украина“: Путин го обвини Западот за инвазијата


  Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот ги обвини западните земји за разгорување и одржување на војната во Украина, отфрлајќи ја секоја вина за Москва речиси една година по неиспровоцираната инвазија на Кремљ врз нејзиниот сосед, во која загинаа десетици илјади луѓе. Во своето долго одложувано обраќање за состојбата на нацијата, Путин ги означи Русија […]

Чекор по чекор руските сили се доближуваат кон Бахмут


  Руските сили постигнаа одреден напредок во источна Украина, сугерира анализата на Институтот за проучување на војната (ИСВ). Тие имаат нови напредувања околу градот Бахмут и притискаат кон важната логистичка цел Купјанск во регионот Харков. Руските сили го зазедоа селото Парасковиевка, северно од Бахмут, соопшти ИСВ, повикувајќи се на геолокацирани снимки објавени на 19 февруари […]

Пригожин обвини високи руски функционери за предавство


Основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин,  изјави дека министерот за одбрана на земјата и началникот на Генералштабот ги лишуваат неговите борци од муниција, обвинувајќи ги дека се обидуваат да го уништат Вагнер, пренесе Ројтерс. Некогаш угостителски претприемач кој претходно ја избегнуваше јавноста, Пригожин презеде повидлива улога од почетокот на војната во Украина […]

Кина е загрижена дека конфликтот во Украина може да излезе од контрола


Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска изјави дека неговата земја сака да игра улога во завршувањето на конфликтот во Украина. Чин Ганг на учесниците на безбедносната конференција во Пекинг им рече дека Кина е загрижена дека војната, која трае речиси една година, може дополнително да ескалира и „да излезе од контрола“. „Пекинг е […]

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во јужен Иран


Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужен Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 112 километри од Бандар Абас. Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Кремљ разви план да ја преземе Белорусија до 2030


  Група новинари доби пристап до внатрешен документ на руските власти наречен „Стратешки цели на Руската Федерација во белоруски правец“, според кој Кремљ планира да преземе целосна контрола врз политиката, економијата и воениот потенцијал на Белорусија до 2030 година, пишува „Јаху њуз“. Планот е развиен во 2021 година. Во документот има само 17 страници, кои […]