Во 2015 година дојде во Германија како бегалец од Сирија, а сега стана и градоначалник


Германскиот град Остелсхајм во неделата избра сириски бегалец за свој градоначалник со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто од гласовите, објави агенцијата ДПА. Дваесет и девет годишниот Рајан Алшебл, кој побегна од Сирија во 2015 година, се кандидираше како непартиски кандидат за градоначалник на Остелсхајм во југозападната сојузна покраина Баден-Виртемберг. Своите искуства во предизборната кампања ги […]

Лукашенко ја „раздвижи“ војската


Започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија, соопшти Министерството за одбрана. „Денеска, по наредба на шефот на државата, започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија. Настанот е комплексен и овозможува утврдување на способноста на командантите да ги водат воените единици и поединците кога ќе се подигнат на […]

Полска и ги даде првите МиГ-29 на Украина


  – Полска и ја предаде првата серија воени авиони МиГ-29 на Украина, но се уште не е познато колку авиони испратила Варшава. Информации за испораката на авионот објави шефот на Канцеларијата за меѓународна политика на претседателот на Полска, Марцин Пшидац. „Според моите информации, тој процес е веќе завршен, односно трансферот на овој прв дел (МиГ-29). […]

Француска поранешна министерка на насловницата на „Плејбој“


Париз – Француската поранешна помошничка-министерка за државјанство и секретарка за родова еднаквост, Марлен Шјапа ќе се појави на насловната страница на априлското издание на списанието „Плејбој“ за Франција. А, сѐ тоа наиде на критики од дел од јавноста. Интервјуто со министерката на претседателот Емануел Макрон ќе опфати 12 страници од изданието и таа ќе говори за […]

Наставниците во Англија ја отфрлија понудата на владата за прекин на штрајкот


Наставниците во Англија со големо мнозинство ја отфрлија понудата на британската Влада да им исплати еднократна парична отштета за прекин на штрајковите, објави денеска синдикатот, најавувајќи нов дводневен штрајк на 27 април и 2 мај. Најголемиот британски образовен синдикат, Националниот образовен синдикат, објави дека 98 отсто од наставниците во Англија кои гласале го следеле советот […]

Која е жената која наводно го уби рускиот блогер? Уапсена е!


Руските истражители денеска соопштија дека привеле осомничена за експлозијата на бомба во кафуле во вториот по големина град во Русија, при што загина воениот блогер и поддржувач на руската кампања во Украина, Владлен Татарски. Дарја Трепова е приведена под сомнение за вмешаност во експлозијата во кафуле во Санкт Петербург, соопшти рускиот Истражен комитет на Телеграм. Според истрагата, […]

Одржувањето на еден од најдолгите автопати во светот се одвива ноќе: „Уникатен свет“


Длабоко под Ла Манш, работници со портокалови јакни и бели шлемови возат горе-долу по еден од најдолгите подземни автопати во светот, работејќи напорно за да го одржат непреченото движење на возовите. Тие го минуваат патот долг педесет километри што ги поврзува Франција и Велика Британија, одржувајќи ги шините во два соседни тунели, кои се наоѓаат […]

Заедничка воена вежба за борба против подморници на Јужна Кореја, САД и Јапонија


Сеул– Морнарицата на Јужна Кореја, САД и Јапонија денеска почнаа дводневна воена вежба против подморници во меѓународни води во близина на јужнокорејскиот остров Џеџу, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана. Во вежбата, чија цел е подобро справување со нуклеарните и ракетните закани од Северна Кореја, учествува и американскиот носач на авиони Нимиц. Вежбите се одржуваат откако Северна Кореја минатата недела претстави нови, помали нуклеарни […]

Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор


Северна Ирска ќе ја одбележи Овој месец 25-годишнината од мировниот договор кој во голема мера стави крај на тридеценискиот верски конфликт. Политичките тензии и безбедносните предизвици, сепак, повторно се зголемуваат. На 10 април 1998 година, Велики петок, проирските националистички и про-британски унионистички лидери склучија мировен договор по маратонските преговори во кои беа вклучени владини претставници […]

Русија ќе го премести нуклеарното оружје во близина на границата на НАТО


Минск – Русија ќе го премести своето тактичко нуклеарно оружје во близина на западната граница на Белорусија, изјави синоќа рускиот амбасадор во Минск, Борис Гризлов. – Оружјето ќе биде преместено на западната граница на нашата сојузна држава и ќе ги зголеми можностите за безбедност. Тоа ќе биде направено и покрај вревата од Европа и од […]

Која е Сторми Даниелс, ѕвездата од филмовите за возрасни која му смести обвинение на Доналд Трамп


Сторми Даниелс е актерка од филмови за возрасни која стана позната за пошироката јавност во САД и ширум светот откако поранешниот претседател на САД,  Доналд Трамп беше обвинет во четвртокот во Њујорк по кривични пријави кои произлегуваат од наводните пари платени на  Даниелс  за нејзиното молчење за да се избегне скандал пред изборите во САД во […]

Дваесет и пет вагони излетале од шини во државата Монтана, нема информации за повредени


Хелена – Околу 25 вагони од товарен воз излетаа од шините вчера во северозападниот дел на државата Монтана, а нема извештаи за повредени или евакуација, соопштија властите. Вагоните, за кои се верува дека не превезувале ништо опасно, излетале од шините во близина на градот Парадајс покрај реката Кларк Форк, изјави Бил Браун, диспечер во канцеларијата […]

Вашингтон пост: Министерството за правда има нови докази дека Трамп ја попречувал истрагата


Вашингтон – Американското Министерство за правда и агенти на ФБИ собраа нови докази кои укажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп можеби ја попречувал истрагата за доверливите документи пронајдени во неговиот имот во Флорида, објави денеска Вашингтон пост. Агентите на ФБИ заплениле неколку илјади владини документи во август минатата година, некои од нив високо доверливи, […]

Сана Марин претрпе пораз на изборите во Финска


  Премиерката на Финска, Сана Марин, ја загуби битката да остане на власт откако нејзината централно-левичарска Социјалдемократска партија (СДП) беше тесно победена и го освои третото место на изборите зад нејзините конзервативни и екстремно десничарски ривали. Резултатите од изборите се неверојатно тесни – со сите пребројани гласови во неделата, десничарската партија Национална коалиција (НЦП) освои […]

Во експлозија во кафуле во Санкт Петербург убиен познат руски воен блогер


Во експлозија во кафуле во вториот по големина руски град Санкт Петербург денеска е убиен познатиот руски воен блогер Владлен Татарски, потврди руското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. -Во инцидентот едно лице загина. Станува збор за воениот блогер Владлен Татарски, а повредени се 16 лица, соопшти руското МВР. Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше повеќе од […]

Седуммината загинати во несреќа во Германија, пет се 19-годишници


Седум лица загинаа во саботата вечерта во судир на обиколницата кај Бад Лангенсалца во централна Германија. Во несреќата учествувале три возила. По верижен судир, два автомобили удриле во ограда и се запалиле. Изгореа шест лица, а загина и едно лице од третиот автомобил. Пожарникарите соопштија дека се повредени три лица. Полицијата денеска соопшти дека меѓу […]

Борел: ЕУ ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од Русија како претседавач со СБ на ОН


Европската унија (ЕУ) ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од руска страна за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во април, изјави денеска во Брисел првиот европски дипломат, Жозеп Борел. -Доаѓањето на Русија за претседавач со Советот за безбедност на ОН вредно е како првоаприлска шега. И покрај тоа што е […]

Руските војници масовно се опиваат: Сè повеќе смртни случаи поради алкохол и неборбени причини


Во последниот извештај на британското Министерство за одбрана се наведува дека Русите имаат големи проблеми со моралот на своите војници, а уште повеќе имаат проблеми со работи кои не се директно поврзани со војната. „Русија претрпе до 200.000 жртви од почетокот на нејзината окупација на Украина, значителен број од нив од неборбени причини“, се вели […]

Млад човек убил девојка во САД: Телото на нивниот син (2) пронајдено во устата на алигатор


Телото на исчезнатиот двегодишен Тајлен Мозли е пронајдено во устата на алигатор. Тој беше пријавен за исчезнат откако неговата 20-годишна мајка Пашун Џефери беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во градот Сент Петербург, Флорида. Полицијата во петокот објави дека 20-годишна жена е избодена со нож. Началникот на полицијата, Ентони Холовеј, потврди дека 21-годишниот татко на […]

Немири во срцето на Европа: 1.000 полицајци повредени, нема крај на хаосот


Повеќе од 1.000 полицајци се повредени во протестите низ Франција, изјави министерот за внатрешни работи Жерал Дарманин за локалните медиуми во неделата. Дерманин за францускиот весник „Журнал ди диманш“ (JDD) изјави дека 1.093 полицајци и пожарникари се повредени од избувнувањето на протестите во март. Покрај тоа, имало 2.579 вооружени инциденти и 316 напади на јавни […]