Сè уште има надеж? При потрагата по исчезнатата подморница детектирано тропање


Канцеларијата на американската крајбрежна стража задолжена за североисточниот дел на земјата во средата наутро објави дека канадски авион P-3 открил подводни звуци во областа каде што се бара исчезнатата подморница Титан, пишува Гардијан.

„Возилата управувани од далечина се пренасочени за да се испита изворот на звуците. Возилата пријавиле негативни резултати по пребарувањето, но тие продолжуваат да работат“, објави американската крајбрежна стража на Твитер.

Американската крајбрежна стража додаде дека податоците собрани од канадскиот авион се проследени до американската морнарица, која подетално ќе ги анализира.

Иако се верува дека подморницата има кислород до петок, сè уште постои надеж дека дотогаш ќе бидат лоцирани и извлечени на безбедно.

Веста за тропањето ја пренесоа речиси сите американски медиуми, повикувајќи се на меморандумот што го составиле американски државни службеници.

Во меморандумот не е наведено кога се слушнало удирањето во вторникот, ниту колку траело. Но, пишува дека се слушнало и дека е регистрирано од сонари четири часа по првото снимање.

Си-Ен-Ен подоцна во вторникот објави дека во новиот меморандум се споменува дека се регистрирани „дополнителни акустични повратни информации“ и дека тоа ќе помогне во „векторирањето на површинските ресурси“.

Сепак, акустичните информации сугерираат дека сè уште постои надеж дека тимовите за пребарување ќе ги лоцираат преживеаните.