Латвија го доби првиот геј претседател


Едгарс Ринкевичс денеска во Рига положи заклетва како претседател на Латвија. Тој од 2011 година ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи. Со тоа Латвија го доби првиот геј претседател. Ринкевичс (49) првпат призна дека е геј во 2014 година и оттогаш се залага за ЛГБТ правата. Хомосексуалните бракови во Летонија се нелегални, иако Уставниот […]

Холандскиот премиер Руте му ја врачи оставката на кралот откако владејачката коалиција се распадна


Холандскиот премиер Марк Руте денеска го посети кралот и му ја врачи оставката на неговата четирипартиска коалиција, што ќе значи дека поделената Холандија ќе оди кон општи избори оваа година, јавија светските агенции. Кралот Вилем-Александар се врати од семеен одмор во Грција за да се сретне со Руте. Проблемот со ограничувањето на миграцијата, кој со […]

Ши: Тајван ќе биде вратен и на сила доколку е потребно


Кина испрати воени бродови и борбени авиони во близина на Тајван за време на посетата на американската министерка за финансии Џенет Јелен на Пекинг во обид да ги олесни односите.  Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека ја следи ситуацијата, во која учествуваат 13 авиони и шест пловни објекти и дека копнените ракетни системи се подготвени […]

Сунак повика да не се користат касетни бомби


Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека Лондон ја „обесхрабрува“ употребата на касетна муниција, посочувајќи дека Велика Британија е една од 123-те потписнички на Конвенцијата со која се забранува нивна употреба. Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден се согласи да испрати касетни бомби во Украина. – Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина против […]

Полицијата во Париз ги забрани протестите против полициското насилство по немирите


Полицијата во Париз го забрани планираниот протест против полициската бруталност што треба да се одржи денеска, една недела откако Франција беше потресена од немири предизвикани од убиството на тинејџер во предградие на Париз. Портпаролот на париската полиција изјави дека планираниот протест на Плоштадот на републиката е забранет поради ризик за јавниот ред, наведувајќи го „контекстот […]

(Видео) Шојгу снимен со војници – ја надгледуваше обуката


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу присуствуваше на обуката на новите борбени единици на 500-тиот ден од руската инвазија на Украина, соопштија официјални лица. „Шефот на руската армија ги разгледа подготовките и спроведувањето на вежбите за возење и гаѓање на тенковските екипажи Т-90“, објави министерството на својот канал на комуникациската платформа Телеграм. Министерот ја изврши […]

Населението во Италија рапидно се намалува – рекорден број постари од 100 години


Бројот на луѓе постари од 100 години во Италија минатата година достигна ново рекордно ниво, објави Државниот завод за статистика (ИСТАТ), додека просечната возраст на населението во земјата расте побрзо отколку во другите членки на ЕУ. Во својот годишен извештај ИСТАТ наведува дека уделот на населението постари од 100 години е тројно зголемен од почетокот […]

Екстремисти нападнаа полициска станица во југоисточен Иран


Група бомбаши-самоубијци денеска нападна полициска станица во југоисточен Иран, при што е убиен е еден полицаец, јави иранската државна телевизија. Вооружена група нападна полициска станица во Захедан, град во иранската провинција Систан и Балучистан, на околу 500 километри југоисточно од главниот град Техеран. Екстремистите на себе носеле експлозивни појаси, а двајца од нив и го […]

Војникот кој се заканувал дека ќе го убие премиерот на Белгија е уапсен


 Поранешен војник кој објави видео во кое се заканува дека ќе го убие белгискиот премиер Александре Де Кроа е приведен во Норвешка. РТБФ ова го објави повикувајќи се на белгиското федерално обвинителство. Сем Х. (29) на видеото, на кое му се гледа лицето, покажува фотографија на која премиерот неколку пати виси на дрво, а потоа […]

Австријците воведуваат драстични мерки – автомобилите на аукција за брзо возење


Доколку ограничувањето на брзината надмине 80 km/h во населено место или 90 km/h надвор од населено место, возилото веднаш се одзема и се продава на аукција, без разлика дали се работи за прв или повторен прекршок. Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата. Австрискиот национален совет во Виена го усвои предлогот […]

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО


 Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. – Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде […]

Сириски бегалец избран за градоначалник на германскиот град Остелсхајм


 Сирискиот бегалец Ријан Алшебл официјално положи заклетва како градоначалник на германскиот град Остелсхајм на синоќешната свечена седница на Општинскиот совет. Алшебл (29) побегна од војната во Сирија пред осум години. Во април 2023 година, граѓаните на германската општина со 2.500 жители го избраа за нов шеф на Градското собрание со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто. […]

Најмалку осуммина загинати при уривање на зграда во Бразил


При вчерашното уривање на станбена зграда во североисточниот бразилски град Ресифе загина најмалку осум лица, од кои две деца на возраст од пет и осум години. Четири лица се извлечени живи од урнатините, а шест сè уште се водат како исчезнати. Причината за уривањето сè уште не е позната, но изминатите денови Ресифе беше погоден […]

Холандската влада падна поради судир за имиграцијата


  Холандската коалициска влада пропадна во петокот вечерта, откако не постигна договор за тоа како да се справи со бројот на баратели на азил кои влегуваат во Холандија, јавуваат локалните медиуми. Министрите со месеци разговараа за нови мерки за ограничување на приливот на баратели на азил во земјата. Но, тензиите дојдоа до врвот оваа недела […]

„Тоа беше тешка одлука“: Пентагон потврди дека САД испраќа касетна муниција во Украина


Пентагон денеска најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, кој меѓу другото ќе вклучува и касетна муниција. Белата куќа одржа прес-конференција за испраќањето касетна муниција во Украина пред соопштението на Пентагон. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека Русија користи такво оружје од почетокот на […]

Деведесет доживотни казни за Патрик Крузиус кој уби 23 луѓе во „Волмарт“ во 2019 година


Самонаречениот бел националист кој уби десетици лица во продавница „Волмарт“ во Тексас планирано стрелајќи во Јужноамериканци доби 90 последователни доживотни затворски казни, јавија дел од американските медиуми. Пресудата беше изречена од федерален судија по дводневни емоционални сведочења пред судот на жртвите и нивните семејства. Патрик Крузиус (24) беше осуден денеска во судот во Ел Пасо […]

Средба Ердоган-Зеленски во Истанбул


урскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул го прими неговиот украински колега Володимир Зеленски, јави агенцијата Анадолија. Ердоган го пречека Зеленски, кој дојде во Истанбул на негова покана, со свечена церемонија во вилата Вахдетин. По пречекот, средбата продолжи зад затворени врати. Двајцата лидери се ракуваа во знак на добредојде, а потоа продолжија на тет-а-тет […]

Германските разузнавачи го прислушувале разговорот меѓу Лукашенко и Пригожин


  Германската разузнавачка служба слушала додека Евгениј Пригожин преговарал со белорускиот лидер Александар Лукашенко, во име на рускиот претседател Владимир Путин, за да го запре маршот на „Вагнер“ групата кон Москва, јавуваат германските медиуми. Заедничката истрага на германските јавни радиодифузни куќи НДР и ВДР тврди дека разузнавачката служба на земјата (БНД) знаела повеќе за разговорите […]

МААЕ бара поголем пристап до нуклеарната централа Запорожје


Шефот на нуклеарната агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси, денеска изјави дека се обидува да добие пристап до покривот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, откако Украина и Русија повторно се обвинија меѓусебно за планирање напади. Русите им дадоа на официјални лица на МААЕ само ограничен пристап до нуклеарната централа што Москва ја окупираше на […]

ОН: Од почетокот на руската инвазија загинале 9.000 цивили


Њујорк – Набљудувачката мисија на Обединети нации за човекови права соопшти дека од почетокот на руската инвазија загинале 9.000 цивили, од кои 500 деца. ОН стравуваат дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем. Денеска одбележуваме уште една страшна пресвртница во војната, која продолжува да нанесува страшни жртви врз украинските цивили, посочи заменик-шефот на […]