Европската комисија добитник на Светската награда за мир и слобода


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе престојува во Њујорк, каде во името на институцијата на ЕУ со која раковиди ќе ја прими Светската награда за мир и слобода. Церемонијата на врачување на наградата, што ја доделува Светската асоцијација на правници, ќе се одржи во седиштето на Економскиот и социјален совет на […]

Нов руски ракетен напад врз Одеса – гаѓани земјоделски комбинати


 Руските сили ноќеска, четврта ноќ по ред, го нападнаа украинскиот пристанишен град Одеса. Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер, наведе дека Русите ноќеска напдите ги префрлиле од пристанишната инфраструктура кон земјоделските комбинати во регионот. „Русите ја нападнаа Одеса со крстосувачки ракети „Калибр“ од Црното Море. Обидувајќи се да ги заобиколат системите за противвоздушна одбрана, непријателот […]

Вагнер ја плаши Полска, распоредува војници на границата


Полскиот безбедносен комитет одлучи да премести воени трупи на истокот на земјата поради присуството на групата Вагнер во Белорусија, изјави денеска секретарот на комитетот Збигњев Хофман, јави државната новинска агенција ПАП. Во видео објавено во средата, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги пречека своите борци во Белорусија. Тој им рекол дека засега нема да учествува […]

Скандалот се проширува – четврти европратеник фатен во мрежата на „Катаргејт“


  И тогаш беа четворица. Белгиската пратеничка Марија Арена стана четвртата актуелна членка на Европскиот парламент оваа недела која беше целосно вмешана во корупцискиот скандал „Катаргејт“, седум месеци откако серијата апсења од висок профил ја потресе ЕУ до нејзините срж. Таа останува неиспрашана, необвинета и белгиските власти не поднеле барање за укинување на нејзиниот пратенички […]

Американка (18) се обидела да изнајми убиец да ѝ го убие синот (3)


Јазмин Паез (18) од Мајами е обвинета дека оваа недела се обидела да изнајми платен убиец да го убие нејзиниот 3-годишен син. Инспекторите рекоа дека во вторникот биле контактирани од маж кој води лажна веб-страница за најмување убијци и соопштил дека една жена контактирала со операторот за да договори убиство на нејзиното дете, пренесува ABC. […]

Полска распоредува војници на исток од земјата поради присуството на Вагнер во Белорусија


 Полскиот безбедносен комитет одлучи да премести воени трупи на истокот на земјата поради присуството на групата Вагнер во Белорусија, изјави денеска секретарот на комитетот Збигњев Хофман, јави државната новинска агенција ПАП. Во видео објавено во средата, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги пречека своите борци во Белорусија. Тој им рекол дека засега нема да учествува […]

Британските конзервативци изгубија две стратешки важни изборни единици


Владејачките британски конзервативци денеска загубија две стратешки важни изборни единици, но неочекувано ја задржаа старата изборна единица на Борис Џонсон, што претставува неуспех за главната опозициска Лабуристичка партија. Вонредните избори беа еден од последните изборни тестови пред парламентарните избори следната година и се сметаат за показател за изгледите на двете главни партии. Конзервативците ја задржаа […]

МААЕ се уште нема пристап до покривот на нуклеарката во Запорожје


Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА. Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ […]

Шефот на ЦИА смета дека Путин му подготвува одмазда на Пригожин


Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф организираа бунт во Русија. – Бунтот на Вагнер откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè […]

„Цунами“ на десницата во Европа


Низ Европа, национал-конзервативните партии победија на неодамнешните избори, додека нивната популарност во анкетите се зголемува. Незадоволните гласачи им приоѓаат во голем број, а некои либерални набљудувачи веќе зборуваат за „цунами на десницата“ во Европа. Со години, естаблишментот се обидуваше да ги спречи десничарските партии да дојдат на власт – работите сега се менуваат, пишува германскиот […]

Макрон ќе прави реконструкција на француската влада


Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги смени министрите за образование и за здравство, како дел од долго очекуваните промени во владата, пренесе ДПА. Клучните министерства во владата, што ги контролираат финансиите, надворешната политика, одбраната и правосудството, не се зафатени со промените, соопштија од кабинетот на Макрон. Макрон уште во вторникот изјави дека премиерката Елизабет Борн […]

Касетната муниција е во украински раце, распоредена на терен


 Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби. „Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, рече Кирби на брифинг со новинарите. Тој додаде дека касетната муниција влијае на руските одбранбени формации и […]

Посебен режим за британските дипломати во Русија


Москва објави дека британските дипломати кои работат во Русија ќе треба однапред да ги известат властите за нивните движења низ земјата. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало британскиот вршител на должноста Том Дод за да го информира за „процедурата за известување за движењето на вработените во британските дипломатски претставништва“. Москва соопшти дека […]

Обвинителите бараат 20 години затвор за Навални


Обвинителите во новиот судски процес против рускиот опозиционер Алексеј Навални бараат 20 години затвор. Судењето се одвива зад затворени врати, а на Навални му се суди за екстремизам. Според соработниците на Навални, пресудата ќе биде изречена на 4 август, според која опозиционерот треба казната да ја отслужи во колонија со специјален режим. Тие исто така […]

2022 година беше најтоплата и најсушната година во Италија


Нов извештај открива дека во 2022 година Италија ја доживеала најтоплата и најсушната година во својата историја, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. Во извештајот на Италијанскиот институт за заштита и истражување на животната средина (ISPRA) и Националниот систем за заштита на животната средина се вели дека просечната температура била за повеќе од еден степен Целзиусов […]

Белгија ќе уништи вакцини против Ковид во вредност од над 80 милиони евра


Белгија ќе уништи 3,5 милиони вакцини против Ковид за 80,2 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Се прецизира дека тоа е неопходно поради истекување на рокот на траење на вакцините. Уништените количества сочинуваат 6,45 отсто од вкупно 54,3 милиони дози обезбедени од властите. Со население од 11,7 милиони луѓе, тоа значи дека белгиските власти платиле […]

Торнадо ја погоди Северна Каролина, оштетена фабрика на „Фајзер“


Роки Маунт – Производителот на лекови „Фајзер“ соопшти дека неговата фабрика во градот Роки Маунт во Северна Каролина, која е една од најголемите капацитети за стерилни инјекциски производи во светот, претрпела сериозна штета при торнадо. Портпаролот на компанијата во соопштение испратено по електронска пошта потврди дека објектот во Роки Маунт е оштетен и дека производителот […]

Најмалку 110 луѓе се повредени во бурата што ја погоди италијанската област Венето


Најмалку 110 лица се повредени во летните бури во италијанската област Венето, изјави регионалниот гувернер Лука Џаја. Жртвите имаат повреди предизвикани од скршено стакло, од паднати дрвја или од силниот град. Италија и понатаму е зафатена од топлотниот бран. За денеска е објавен црвен аларм во 18 италијански градови – Анкона, Бари, Каљари, Кампобасо, Катанија, […]

Франс Тимерманс го напушта Брисел за да учествува на изборите во Холандија


  Шефот на Зелениот договор на ЕУ, Франс Тимерманс, во четвртокот изјави дека ќе ја напушти Европската комисија за да се кандидира за лидерство на заедничката социјалистичко-зелена листа на изборите во Холандија во ноември. Предвремените избори беа распишани откако долгогодишниот премиер Марк Руте го најави своето заминување од политиката претходно овој месец по падот на […]

Трета ноќ по ред Русија ја тероризира Одеса со крстосувачки ракети


  Русија трета ноќ по ред ги нападна јужните градови на Украина, вклучително и пристанишниот град Одеса, со беспилотни летала и ракети во бранот напади што уништи дел од критичната инфраструктура за извоз на жито во земјата. Најмалку две лица во Одеса беа убиени во нападите, кои се случија неколку дена откако претседателот Владимир Путин […]