Мелони го свика Советот за национална безбедност поради напливот на мигранти


Рим – Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека ќе свика Совет за национална безбедност за да го подобри одговорот на нејзината Влада на зголемувањето на бројот на мигранти. Мелони по состанокот на кабинетот изјави дека го активирала Меѓуресорскиот комитет за безбедност на Републиката (ЦИСР), со цел да се справи со ненадејното зголемување на нелегалните влегувања во […]

По горештините, во Швајцарија поплави и снег


Берн,– По големите горештини, Швајцарија во последните неколку дена ја зафатија обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони од кал, а во понеделникот падна и снег на Алпите. „Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Во 11:15 часот беше 0,5 степени. Границата меѓу дождот и снегот […]

Ердоган оди кај Путин за обновување на договорот за жито


Истанбул – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следната недела ќе отпатува за Русија и ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, што може да значи напредок во враќањето на Русија кон клучниот договор за жито во Црното Море, потврди портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија), Омер Челик. -Претседателот Ердоган досега спроведуваше […]

Силен земјотрес во морето кај Бали


Матарам – Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер рано утрово е регистриран длабоко во морето северно од индонезиските острови Бали и Ломбок, принудувајќи ги жителите на островите да ги напуштат зградите, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 203 километри северно од индонезискиот град Матарам и на длабочина од […]

Мнозинство од американските избирачи сметаат дека Трамп треба да оди на суд пред изборите


Вашингтон  – Мнозинство од американските избирачи, или 61 отсто, сметаат дека републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, треба да оди на суд пред изборите.  Од анкета на Ипсос и агенцијата Ројтерс се дознава дека 89 отсто од демократските избирачи сметаат дека Трамп треба да оди на суд пред претседателските избори закажани […]

Трамп да го прилагоди распоредот на својата претседателска кампања со судењата


Вашингтон – Сојузната судијка од Вашингтон Тања Чуткан денеска изјави дека поранешниот претседател Доналд Трамп мора да ја прилагоди својата претседателска кампања во 2024 година со датумите на судењата. Судијката Чуткан допрва треба да го одреди датумот за судење во случајот во кој Трамп е обвинет дека се обидел да ги промени резултатите од изборите во […]

Повредените од експлозиите во Романија се лекуваат во пет европски земји


Брисел – Вкупно 12 лица повредени при двете експлозии на станицата за течен нафтен гас (ТНГ) во местото Креведија, во близина на романскиот главен град Букурешт во саботата, се пренесени на лекување во болници во Белгија, Италија, Австрија, Германија и Норвешка, во рамки на Механизамот за цивилна заштита на ЕУ, соопшти денеска Европската комисија. Како што […]

Париз од 1 септември го укинува изнајмувањето на електрични тротинети


Париз– Оваа недела Париз ќе стане еден од ретките градови во Европа со целосна забрана за изнајмени електрични тротинети, пишува CNN. Досега, три компании со лиценца за управување со електрични тротинети во француската престолнина – Lime, Dot и Tier – потврдија дека ќе ги отстранат до 1 септември. Трите компании имаа комбинирана флота од приближно […]

Млади и богати Американци највеќе се селат на Флорида, па во Тексас


Вашингтон – Младите и богатите Американци повеќе не се врзани за Њујорк и Калифорнија, а нивната нова омилена дестинација за живот е Флорида, покажува најновото истражување на Smart Asset. Како што пренесува CNN, истражувањето следело Американци на возраст меѓу 26 и 35 години, кои според податоците од даночната администрација во 2021 година, заработуваат најмалку 200.000 […]

Силно невреме ги погоди Шпанија и Италија – има големи штети (видео)


Силно невреме во неделата го зафати југот на Европа и предизвика голема материјална штета.   Во Шпанија силен ветер и обилни дождови го погодија пристаништето Палма на островот Мајорка. Невремето, кое избувна во неделата наутро, собори бројни дрвја, предизвика поплави и ја оштети коридата во градот Феланикс. Поради невремето со грмотевици, сообраќајот е во прекин […]

Одрони го прекинаа железничкиот сообраќај меѓу Франција и Италија 


Париз – Поради одрон на неколку големи карпести блокови во долината Морин, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Франција и Италија, а има и проблеми со патниот сообраќај. Официјалните лица најавија дека затворањето ќе трае најмалку до среда, пренесува весникот „Фигаро“. Камените блокови со приближна површина од 700 метри квадратни почнаа да се одронуваат вчера околу […]

Во Кина од 30 август без негативен тест за Ковид-19


Пекинг – Кина од 30 август нема да бара негативен тест за Ковид-19 од патниците кои доаѓаат во земјата, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин. Тоа е пресвртница кон ставање крај на ограничувањата воведени на почетокот на 2020 година поради пандемијата на коронавирус, наведуваат светските агенции. Кина дури во декември […]

Кандидатот за нов холандски еврокомесар утре на „сослушување“ кај Фон дер Лајен


Брисел – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе има разговор со холандскиот кандидат за еврокомесар Вопке Хукстра, кој треба да го наследи досегашниот претставник на Холандија во извршното тело на ЕУ, Франс Тимерманс. Доколку Фон дер Лајен ја одобри номинацијата на Хукстра, тој ќе треба да соочи и со европратниците, од […]

Дипломатијата на ЕУ со Азија, Африка и Јужна Америка треба да ја водат земји без колонијална историја


Брисел- ЕУ треба да им дозволи на земјите членки без историја на колонијални владетели да се справат со клучните, но често тензични дипломатски односи со земјите во Африка, Азија и Јужна Америка, оцени летонскиот премиер во заминување Кришјанис Каринш. – Земјите кои порано биле колони, можеби нема да ги прифатат советите на поранешните колонизатори, изјави […]

Поради невремето и обилните дождови, црвен метео аларм во Ломбардија


Рим – Поради невреме и обилни дождови во Италија, во областа Ломбардија на сила е црвен метео аларм, додека портокалов метео аларм е активиран во провинциите Фурлани-Јулиј, Лигурија, Болцано, како и дел од Пиемонте, Тоскана и Венето. Во Џенова за еден час паднале 80 милиметри дожд на квадратен метар, што предизвикало поплави низ градот, проблеми […]

Макрон ќе ги претстави приоритетите на француската дипломатија


Париз – Емануел Макрон денеска ќе ги презентира приоритетите на надворешната политика на Франција пред француските амбасадори во Париз. Темата на „амбасадорската конференција“, која ќе трае до среда, е „Останување во одбрана на нашите принципи, интереси и солидарност“. Во знак на солидарност со Украина, почесен гостин на овој 29-ти настан е украинскиот министер за надворешни работи […]

Каде летуваат Русите?


Подгорица- Само во првата половина од годината Шпанија ја посетиле повеќе од 150.000 туристи од Русија кои потрошиле 274 милиони евра, односно 1.768 евра по глава, колку што е приходот за кој Црна Гора како туристичка дестинација може да сонува годинава, пишува „Дан“ од Подгорица. Успехот на овогодинешната туристичка сезона во Црна Гора се уште […]

Во Кина со недели врне пороен дожд: Можни се геолошки катастрофи


Пекинг – Кинеските метеоролози денеска предупредија неколку кинески провинции да очекуваат лизгање на земјиштето и поплави во следните два дена, додека обилните врнежи паѓаат со недели. Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани во северозападната провинција Хунан во текот на викендот, бидејќи обилните дождови паднаа во окрузите Сангџи, Шимен и Јонгшун и градот Жанџијаџи, објавија државните […]

Пентагон стравува дека сателитите на Маск станале тајно оружје на Русија


Скандалот околу последното лансирање на американските сателити Старлинк преку ракетата „Фалкон 9“ се шири не само во САД, туку и надвор од нејзините граници. Исчезнувањето на 40 од 49 сателити на овој систем не е само несреќа, тоа е неуспех на геополитички план. Официјално, компанијата „SpaceX“ објави дека електрониката на сателитите се прегреала поради геомагнетната […]

Трамп од четвртокот заработил 7,1 милиони долари од продажба на маици и шолји со затворската слика


 Изборниот штаб за претседателската кампања на Доналд Трамп соопшти од четвртокот до сега се собрани 7,1 милиони долари, односно откако беше фотографиран во затворот во Џорџија. Како што се наведува од неговиот штаб, најголем дел од парите се собрани од продажба на предмети со фотографијата на Трамп, како маици, шолји и термоси. Трамп во четвртокот […]