Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со пласманот во полуфиналето на ИТФ турнирот Порто 50 и новите 20 поени направи скок на денеска објавената ВТА листа. Таа сега со 387 поени се наоѓа на 182.место. Ѓорческа има одиграно 25 турнири, според кои го има овој ранг. Со успешните резултати македонската тенисерка е сè поблиску до својот најдобар […]

Швајцарскиот втор тим до злато во тимската комбинација


Швајцарскиот втор тим стигна до златниот медал во тимската комбинација. Тандемот Фрањо фон Алмен и Танги Неф беа најбрзи со постигнато време 2:44.04 минути, фон Алмен се натпреваруваше на патеката за спуст, додека Неф во слалом, каде што имаше и најдобро време. Сребрениот медал го поделија тимовите на Австрија 1 и Швајцарија 1, кои имаа […]

Македонската репрезентација бележи скок од четири позиции на ЕХФ ранг-листа


Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари. Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка […]

Првиот Хаиќанец во крос-кантри скијање ги освои срцата на публиката


Стивенсон Саварт (25) влезе во историјата на Зимските олимписки игри станувајќи првиот спортист што некогаш го претставувал Хаити во крос-кантри скијање. Младиот спортист го оствари својот олимписки сон во Милано и Кортина д’Ампецо, каде што привлече големо внимание од јавноста уште од самиот почеток. Саварт беше и носител на знамето на Хаити на церемонијата на […]

Еве кога настапуваат македонските спортисти на Зимската олимпијада


Македонскиот олимписки комитет го објави официјалниот календар на натпревари за македонските олимпијци на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо. Во наредните денови, нашите репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на најголемата светска спортска сцена. ❄️ Нордиско скијање (лрос-кантри): ⛷️Ставре Јада 10 февруари во 9:55 ч. (спринт) 13 февруари во 11:40 ч. (10 […]

Релиќ освои бронзен медал во Австрија


Македонската таеквондистка Милијана Релиќ викендот го освои третото место и се закити со бронзен медал на турнирот Австрија Г-1 Опен во Инсбрук. Во категорија – 62 кг Македонката ја покажа својата врвна форма пред десет дена исто така, се закити со бронза на натпреварот во Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. Во првата борба […]

Американец изведе салто на една нога, дури и Ѓоковиќ го гледаше со чудење


Американскиот уметнички лизгач Иља Малинин продолжи да ги поместува границите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, изведувајќи салто на една нога за време на слободната програма. Историскиот настап на Малинин му помогна на американскиот тим да го освои златниот медал, а неговиот настап беше оценет со 200,03 поени. Репрезентацијата на САД го заврши […]

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина досега се поделени 13 комплети медали. Најмногу златни одличја има Норвешка, додека домашните натпреварувачи, Италијаните имаат освено најмногу медали. Вкупно 15 држави имаа свој претставник на победничкиот подиум. Листа на медалисти на ЗОИ 2026: 1. Норвешка   3+1+2 (златни+сребрени+бронзени)  2. САД            2+0+0 3. […]

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026


Екипата на Сиетл го совлада тимот на Њу Ингланд во Супербоулот во американскиот фудбал во 2026 година со 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13). Натпреварот се одржа на стадионот „Левис“ во Санта Клара пред 70 илјади гледачи. Претходно, Њу Ингланд го победи Денвер со 10:7 во финалето на Американската фудбалска конференција. Во решавачкиот натпревар на Националната […]

Бурниот љубовен живот на Линдзи Вон: Од спортски легенди до милионери


Страшниот пад на Линдзи Вон (41) во спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ги шокираше сите, па таа беше итно однесена во болница. Како што беше објавено, Линдзи Вон била подложена на операција за стабилизирање на скршена лева нога, објави италијанската болница каде што беше примена по сериозен пад на Зимските олимписки […]

Болница соопшти дека Линдзи Вон ја скршила левата нога, била оперирана


Американската скијачка Линдзи Вон е оперирана за стабилизирање на фрактурата на левата нога, соопшти италијанска болница. Таа денес доживеала сериозен пад за време на олимписката трка по спуст во Кортина д’Ампецо, Италија. 41-годишната Вон падна од патеката во горниот дел од трката и не можеше да ја заврши трката, а заради тоа се стравува дека […]

Прва дијагноза по ужасниот пад на Линдзи Вон, тренерот објави лоши вести


  Американската скијачка легенда Линдзи Вон (41) доживеала сериозен пад за време на спуст, а според првичните информации, постои сомневање за фрактура на потколеницата. Ова го потврди американскиот тренер по брзо лизгање, Алекс Хедлмозер, во интервју за SRF: „Сè уште имаме многу малку информации. Се чини дека станува збор за фрактура на потколеницата“, рече Австријката, […]

ЗОИ 2026: Норвежанецот Ејтрем постави олимписки рекорд и освои злато на 5.000 метри брзо лизгање


 Норвешкиот лизгач Сандер Ејтрем вечерва победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година. Дваесет и тригодишниот лизгач постигна време од 6:03,95, поставувајќи нов олимписки рекорд. Чехот Методеј Јилеку го освои среброто, завршувајќи 2,53 секунди зад водечкиот.  Италијанецот Рикардо Лорело го освои бронзениот медал (+5,27 секунди). За Норвешка ова е трето злато […]

Убедлив пораз за македонските тенисери на гостувањето во Никозија


Македонската тениска репрезентација е поразена во дуелот со Кипар со 5:0 што се одигра во Никозија во рамки на Втората Светска зона на Дејвис купот. Денешните три мечеви ги добија домашните тенисери, кои остварија прво победа во двојки, а потоа и во двата сингл меча. Во последниот меч младиот македонски тенисер (15 години) Марко Алексовски […]

ЗОИ 2026: Тежок пад на Линдзи Вон која со хеликоптер е транспортирана во болница


Американската алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на почетокот на своето возење во трката во спуст на Олимписките игри во Кортина. Вон по страшниот пад остана да лежи на патеката и да чека помош од медицинскиот тим. Снимката покажа дека левата нога на Вон се извиткала неприродно по падот. Натпреварувањето беше времено прекинато. Американката […]

Адетокунбо станува ко-сопственик на женскиот фудбалски клуб Челзи


 Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, се приклучи на групата косопственици на женскиот фудбалски клуб Челзи. Триесет и едногодишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост и чест за можноста. – Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. […]

Јокиќ се искачи на второто место во историјата на НБА по трипл-дабл


 Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна трипл-дабл ноќеска на натпреварот со Чикаго и му помогна на својот тим да дојде до победа со 136:120. Српскиот кошаркар мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот. Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот Јокиќ. Тој се […]

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“


На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани попладнево Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ . Западната трибина на „Мантов“ беше полна како ретко кога во последните неколку години. Проценките велат дека имало најмалку 1 200 гледачи. „Вардар“ славеше со […]

Мбапе со извршител ќе го наплати долгот од ПСЖ


Извршител ја посети канцеларијата на ПСЖ на барање на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објави „Л’Екип“. Според францускиот весник, парижаните не му исплатиле на Мбапе 5,9 милиони евра за повеќе одмори. Судскиот извршител му достави на клубот барање за исплата. Во декември 2025 година, суд во Париз му наложи на ПСЖ да му исплати […]