Одложен натпревар во Примера поради лошо време
Натпреварот од седмото коло од шпанската Примера е одложен. Причината се лошите временски услови, а дуелот меѓу Валенсија и Овиедо е преместен за утре. Дуелот требаше да се игра вечерва со почеток во 21 часот на стадионот „Местаља“, а новиот термин е утре во 20 часот. Информацијата ја објави клубот домаќин на своите социјални мрежи. …