Киелце пресилен за Вардар


Првпат по пет сезони, полскиот Киелце успеа да триумфира во Скопје, победувајќи го Вардар со 29:33 (13:16), искачувајќи се на првото место во групата А со дури пет победи. Вардарци имаа одлични моменти во средината на второто полувреме, ама ја испуштија шансата да го земат мечот под своја контрола. Тимот настрада од „своите“, поранешните играчи […]

Меси ја отвори душата: Уморен сум од улогата на дежурен виновник во Барселона!


  Аргентинскиот фудбален Линел Меси вели дека е уморен од тоа да биде дежурен виновник за сите лоши работи што ќе се случат во Барселона, а таа изјава ја даде веднаш по враќањето од Јужна Америка каде играше за својата репрезентација. Меси последните денови повторно се најде во центарот на вниманието на шпранската јавност, а […]

Медведев преку Ѓоковиќ до полуфиналето на АТП турнирот во Лондон


Англија– Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Србинот Новак Ѓоковиќ и се пласираше во полуфиналето на АТП-завршниот турнир во Лондон. Во меч што траеше еден час и 22 минути, Русинот ги доби двата сета со по 6:3. Негов ривал во следната рунда ќе биде или Шпанецот Рафаел Надал, или Гркот Стефанос Циципас. Утре Медведев ќе игра […]

Македонија загуби од Ерменија и остана во Ц-дивизијата во Лигата на нации


Македонската фудбалска репрезентација е поразена од Ерменија со 1:0 во последното коло од втората група Ц-дивизија во Лигата на Нации. Дуелот се одигра во Никозија на Кипар поради воената состојба во Ерменија, а го реши поранешниот вардарец, Ховханес Хамбарџумјан со голот во 55. минута. На другиот меч од 6.коло во оваа група Грузија и Естонија […]

Дибиров: Средбите Вардар – Кјелце се ракометна класика


Во пресрет на утрешниот натпревар од ракометната Лига на шампиони меѓу Вардар и Кјелце, своите очекувања за овој дуел ги искажа левото крило на македонскиот и европски првак, Тимур Дибиров. – Натпреварите Вардар – Кјелце се ракометна класика. Секогаш се тензични, интересни, неизвесни. Очекувам така да биде и утрешниот. Полската екипа е една од најсилните […]

Шпанија ја декласира Германија со 6:0


Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Германија со 6:0 во натпревар од Лигата на нации одигран синоќа во Севиља. Со шест гола разлика, репрезентацијата на Германија загуби за прв пат од 1931 година. Феран Торес постигна хет-трик, а другите три погодоци ги дадоа Алваро Мората, Родри и Микел Ојарзабал. Шпанија го освои првото место во групата […]

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги поделија бодовите со Кадетен Шафхаузен 25:25


Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола не успеаја да го совладаат Кадетен Шафхаузен од Швајцарија и ги поделија бодовите, играјќи нерешено 25:25, полувреме (16:10). Битолчани добро го почнаа натпреварот во рамки на 3. коло од групата „Д“ на ракометната Лига Европа, постојано беа во водство, во еден момент имаа […]

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола го пречекуваат Кадетен Шафхаузен


Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, силите ќе ги одмерат со Кадетен Шафхаузен од Швајцарија. Меѓународниот натпревар ќе се игра во рамки на 3. коло од групата „Д“ на ракометната Лига Европа и без присуство на публика. – Кадетен Шафхаузен се цврста дефанзивна екипа, со силен противнапад. Тоа е […]

ПСЖ му нуди на Рамос тригодишен договор


ПСЖ има намера да се засили со дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос, кој сè уште не е во можност да се договори за нов договор со мадридскиот клуб. Парижаните се подготвени на 34-годишниот Шпанец да му дадат 3-годишен договор со плата од 16,8 милиони по сезона. Покрај тоа, Пари Сен-Жермен е подготвен да додаде бонус […]

Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус и ќе се пресели во Манчестер јунајтед


Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала може да стане играч на Манчестер јунајтед, објави „Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, 26-годишниот Аргентинец ова лето ќе се пресели во Англија за да можат Италијанците да заработат барем некоја сума. Тековниот договор на напаѓачот со „старата дама“ истекува во јули 2022 година, по што ќе стане слободен играч. […]

Македонските фудбалери подобри од естонската селекција


Во натпревар од 5. коло Ц-сегмент втора група во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација ја совлада селекцијата на Естонија со 2:1. На средбата одиграна попладнево на „Тодор Проески“ во Скопје, головите за домаќините ги постигнаа Иван Тричковски во 29. и Влатко Стојановски во 68. минута. За Естонците погоди Рауно Сапинен во 52. минута. Селекторот […]

Хамилтон ја одбрани шампионската титула


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е старо-нов шампион во Формула 1. Британецот попладнево победи на трката за Големата награда на Турција и официјално по седми пат стана планетарен шампион. Тој доминира во Ф1 од 2017 и е во серија од четири трофеи, а претходно победуваше и во 2008, 2014 и 2015. Седум титули во кариерата […]

Рамос промаши два пенала во ремито на Шпанија со Швајцарија


Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос промаши два пенала синоќа во Базел на мечот од Лигата на нации со Швајцарија (1:1). Фудбалерот на Реал изведе удари од 11 метри во 57. и 80. минута. И во двата наврата неговите удари ги одби швајцарскиот голман Јан Сомер. Ремо Фрејлер погоди за домаќините, додека Родриго Морено за гостите. […]

Англичаните тврдат: Целото Европско првенство ќе се игра во Велика Британија!?


„Дејли меил“ тврди дека УЕФА и Англиската фудбалска асоцијација (ФА) водат преговори за потенцијално префрлање на целиот турнир во Велика Британија, а натпреварите би се играле во Англија, Шкотска и Велс. Велика Британија би можела да биде домаќин на Европското првенство во фудбал следната година, објави „Дејли меил“, пренесува „Дневник“. Европската фудбалска федерација (УЕФА) продолжува […]

Ангеловски: Истрошени сме, ама одиме на победа и прво место во Лига на нации


На официјалната прес-конференција спроти утрешниот натпревар од Лига на нации против Естонија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа и напад на првото место во групата. -Истакнав и претходно дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први […]

Без Пандев, Адеми и Димитриевски против Естонија и Ерменија


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги ослободи од обврските за средбите со Естонија и Ерменија, капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски. Прекоманда од селекцијата до 21 година во А-тимот, добија Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и Ристе Јанков. Сепак, Јанков ќе биде на располагање на младинската репрезентација за дуелот со Црна […]

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е позитивен на Ковид-19


Фудбалскиот сојуз на Египет денеска соопшти дека фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, е заразен со новиот корона вирус. Според соопштението, 28-годишниот фудбалер бил позитивен на тестот, но и нема никакви симптоми. Другите играчи од репрезентацијата се негативни за Ковид-19. Египет ќе одигра два натпревара против селекцијата на Того в сабота и во вторник, во квалификациите […]

Грчки медиуми: Северна Македонија испиша историја


Синоќешниот успех на македонската фудбалска репрезентација и пласманот на Европското првенство не поминаа незабележани од грчките онлајн изданија на медиумите, како информативните, така и спортските, кои коментираат дека станува збор за „историска победа“ и „испишана историја“, јави дописничката на МИА од Атина. „Историски пласман на Северна Македонија на Европско првенство“; „Пандев ја испрати Северна Македонија […]

Комплетирани сите групи за Европското фудбалско првенство


Со одигрување на четирите баражи синоќа се комплетираа шесте групи за ЕУРО 2020 коешто ќе се игра следната година поради пандемијата на коронавирус. Покрај македонската репрезентација, синоќа учество на континенталниот собир обезбедија уште и Шкотска, Словачка и Унгарија. Состав на групите за ЕУРО 2020: Група А: Турција, Италија, Велс, Швајцарија. Група Б: Данска, Финска, Белгија, […]

Густата магла во Скопје го пренасочи авионот со фудбалските репрезентативци во Приштина


Авионот со кој Македонската фудбаалска репрезентациј требаше да пристигне во Скопје, поради густата магла е пренасочен на аеродромот во Приштина. Пристигнувањето на аеродромот во Скопје беше најавено за 2:15 часот, но официјалните лица потврдија дека поради лошите временски услови, авионот од Тбилиси е пренасочен кон Приштина. Македонската репрезентација вчера ја совлада Грузија во Тбилиси со […]