Систем за автоматско наводнување на теренот на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид


Фудбалскиот терен на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде оспособен со систем за автоматско наводнување на тревата. Станува збор за современа инсталација на систем што ќе врши автоматско наводнување на теренот и одржување на тревата во идеални услови за игра. Преку проект што го реализира Фудбалската федерација на Македонија, на фудбалскиот терен почна инсталирањето […]

Гвардиола го помина Мурињо во победите во ЛШ, пред него се Венгер, Анчелоти и Фергусон


Англија– Манчестер сити синоќа ја победи Борусија Менхенгладбах во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите со 2:0. За тренерот на „граѓаните“ Хосеп Гвардиола, оваа победа беше 82. во елитното фудбалско натпреварување. Во оваа статистичка категорија Гвардиола се искачи на четвртото место, престигнувајќи го сегашниот кормилар на Тотенхем, Жозе Мурињо. Само три тренери извојуваа повеќе победи од […]

Надал се откажа од настап и во Мајами


Шпанија- Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на првиот овогодишен турнир од серијата Мастерс 1000 што е на распоредот во Мајами, од 24 март до 4 април, најавувајќи оти сака целосно да се подготви за претстојната европска сезона на земјени терени. – Жал ми е што морам да објавам дека нема да играм во Мајами, градот кој го […]

Мечот Холандија – Литванија пред публика за да се тестира преносливоста на коронавирусот


До 5.000 навивачи ќе присуствуваат на домашниот натпревар на Холандија против Литванија на крајот на овој месец во рамки на квалификациите за Мундијалот во 2022 година. Присуството на гледачи на натпреварот што ќе се игра на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам ќе послужи за проучување на ефикасноста на различни анти-ковид мерки, вклучувајќи брзи тестови на коронавирус и користење […]

Ибрахимовиќ повторно повикан во шведската репрезентација


Напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, повторно ќе игра за репрезентацијата на Шведска, откако се најде на списокот фудбалери што селекторот Јане Андерсон го објави за претстојните мундијалски квалификации. -Тој е многу добар фудбалер, најдоброто што го имаме во Шведска и ќе биде навистина интересно да го гледаме неговото враќање, изјави денеска Андерсон. Ибрахимовиќ се повлече од репрезентацијата […]

Извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија


Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија попладнево беа извлечени двојките за полуфиналето во националниот куп. Двојките се: Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев и Струга Трим Љум – Силекс. Ќе се игра само еден натпревар, без реванши. Натпреварите се закажани за 7 април со почеток во 15 часот.

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Зоран Мамиќ


Тренерот на загрепски Динамо, Зоран Мамиќ, мора да отслужи затворска казна во траење од четири години и осум месеци, одлучи Врховниот суд во Загреб на три дена пред реванш осминафиналниот натпревар што хрватскиот првак треба да го игра против Тотенхем во Лига Европа. Највисоката судска инстанца во Хрватска денеска ја потврди одлуката на Жупанискиот суд во Осиек […]

Главна цел на Федерер е пласман на Олимпијадата во Токио


САД– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во интервју за „Tennis World USA“ зборуваше за неговата главна цел во кариерата. – Сега имам една цел – да дојдам до Олимпијадата во Токио и да настапам таму најдобро што можам. Ова е важно за мене, бидејќи не можев да се натпреварувам во Рио 2016 година поради повреда на коленото. […]

УЕФА бара најдоцна до 20 април да се знае дали ЕП во фудбал ќе се игра пред публика


Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин објави краен рок за донесување одлука за прием на навивачи на натпреварите на натпреварите од Европското првенство 2020. – Крајниот рок е утврден на 20 април. Идеален исход би бил турнирот да се одржи во 12 градови, но доколку тој не успее, тогаш турнирот ќе се одржи […]

Ангеловски го објави списокот на фудбалери за почетокот на квалификациите за СП 2022


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денес го објави списокот на фудбалери за претстојните три натпревари: против Романија (25 март, Букурешт), Лихтенштајн (28 март, Скопје) и Германија (31 март, Дуизбург) од квалификациите за Светското првенство 2022. На списокот на Ангеловски се наоѓаат 26 фудбалери. Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), […]

Пеле му го честита на Роналдо апсолутниот рекорд за најмногу постигнати голови


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле го изрази своето воодушевување од напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо. Поранешниот фудбалер му го честиташе на 36-годишниот играч апсолутниот рекорд по бројот на голови. Откако постигна хет-трик на натпреварот од италијанскиот шампионат против Каљари, Роналдо во кариерата стигна до 770 погодоци, додека Пеле погоди 767 пати. „Ти се восхитувам. […]

Македонската ракометна репрезентација без Лазаров, Миркуловски и Стоилов поразена во Данска


Данска – Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз со резултат 37:21 попладнево на гостувањето во Алборг кај актуелниот светски и олимписки првак Данска. Во дуел од 4. коло во квалификациите за Европското првенство 2022, Данците во целост се реваншираа за поразот во Скопје од пред четири дена. Треба да се напомни дека во македонскиот состав за оваа […]

Сејдини доби нов четиригодишен мандат на чело на ФФМ


Муамед Сејдини и следните четири години ќе ја извршува претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија. Сејдини на денешното Изборно собрание ја доби поддршката на сите 52 присутни делегати. Во текот на Собранието на ФФМ, претседателот на Светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино, преку видео-обраќање му искажа поддршка на Сејдини и предвреме му го честиташе новиот […]

Македонија против Данска без Лазаров и Миркуловски


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи големи промени во составот за реванш мечот со Данска, што треба да се одигра попладнево во 16 часот во Алборг. Нашиот најдобар ракометар одлучи заедно со Филип Миркуловски да го пресконат овој натпревар и да им даде шанса на помладите. Претходно поради повреда во Скопје остана Стојанче […]

Инфантино со поддршка за Сејдини


Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денес преку видео-порака му искажа поддршка на актуелниот претседател и единствен кандидат на Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. – Не можам да бидам со вас, бидејќи сум во Мароко, но со срцето сум таму со вас. Муамед е номиниран како единствен кандидат на […]

АМС: Утрешното Изборно собрание на ФФМ е незаконско


Агенцијата за млади и спорт (АМС) спроти утрешното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), го повтори попладнево ставот дека истото е незаконско и нема да ги признание одлуките што ќе бидат донесени. Најавувајќи дека нема да има свој претставник на Изборното собрание закажано за в недела, АМС нагласи дека ФФМ подолг период ги […]

Завршницата на Премиер лигата со публика на стадионите


Последните две кола во англискиот шампионат ќе се играат во присуство на публика, со ограничен капацитет на исполнетост на стадионите до максимум 10.000, најави денеска раководството на Премиер лигата. Доколку нема продолжување на рестрикциите поврзани со коронавирусот, кои се во сила во Велика Британија, клубовите ќе можат да ги отворат стадионите за навивачи од 17 […]

Македонците без Стоилов, Данците без Милер


Актуелниот светски првак Данска ќе биде без услугите на левиот бек на Фленсбург; Ласе Милер, за реванш натпреварот против македонската ракометна репрезентација в недела во Алборг, во рамки на четвртото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Како што соопшти вечерва Данската ракометна федерација, 24-годишниот Милер ќе го пропушти мечот поради повреда на коленото. […]

Мареј нема да настапи во Дубаи поради принова во семејството


Англија– Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа настапот на претстојниот турнир во Дубаи, откако денеска стана татко по четврти пат. Мареј е шест години во брак со сопругата Ким, а брачната двојка веќе има две ќерки, Софија (5) и Еди (3), какои едногодишниот син Теди. Поранешниот светски тенисер број 1, по минатонеделниот настап во Ротердам требаше да ја продолжи сезоната во Дубаи, каде […]

Јапонија не сака кинески вакцини за своите олимпијци


Јапонија – Јапонските власти не се согласуваат со одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја прифати понудата Кина да обезбеди вакцини против Ковид-19 за учесниците на Летните и Зимските олимписки игри во Токио и во Пекинг, јавија денеска светските агенции. Министерката во Владата на Јапонија задолжена за организација на Игрите, Тамајо Марукава, посочи дека МОК не ја […]