Првата Иранка со олимписки медал доби статус на бегалец во Германија


Германија– Првата иранска носителка на олимписки медал, „бронзената“ во таеквондо од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, Кимиа Ализаде, доби статус на бегалец во Германија и најави настап на летната Олимпијада во Токио под знамето со бела боја, кое го симболизира Олимпискиот тим составен од бегалци. Ализаде пребегна во Германија минатата година, а имаше понуди да настапува […]

Олимпија сака да се игра со моите чевли: Серена Вилијамс во прва заедничка модна кампања со ќерка сѝ


САД– Серена Вилијамс и Стујарт Вајцман повторно се здружија во рекламна кампања, но овојпат Вилијамс го дели центарот на вниманието со мал помошник. Тениската ѕвезда позира за колекцијата на брендот за пролет 2021 година заедно со нејзината ќерка Алексис „Олимпија“ Оханиан Jуниор (3), која носи некои од новите стилови на брендот, кои иако се преголеми, […]

Почина фудбалската хрватска легенда Златко Крањчар


Хрватска– Легендарниот фудбалер на Динамо и поранешен хрватски тренер, почина денес во Загреб на 65-годишна возраст. Тој бил примен во болницата во Задар на 18 февруари поради проблеми со црниот дроб. По десетдневно лекување, Крањчар беше пренесен во Загреб поради влошената состојба, но лекарите не успеаја да му го спасат животот. Крањчар е роден во Загреб […]

Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу


Поранешниот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу беше уапсен утрово на 1 март во неговиот дом. Ова го објави на Твитер новинарката на „Каденасер“, Ана Панкси. Денес, канцеларијата во Барселона беше претресена во врска со случајот корупција на Бартомеу. Според истрагата, екс-шефот вршел трансакции во име на клубот со цел да добие личен профит. Бартомеу […]

Несторовски донесе победа за Удинезе


Екипата на Удинезе со голот на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски триумфираше попладнево на домашен терен над Фиорентина со 1:0 во рамки на 24 коло во Серија А. Несторовски, кој го одигра целиот натпревар, му донесе победа на својот тим со прецизен удар со глава во 86 минута. За Несторовски ова е втор гол сезонава во […]

Првиот човек на српскиот фудбал одби полиграф за вмешаност во планирање атентат врз Вучиќ


Србија– Претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) Славиша Кокеза, кој денеска е приведен во рамки на истрагата против криминалната група на Вељко Беливук, одбил во текот на денот да биде подложен на полиграфско тестирање. Агенцијата Танјуг, повикувајќи се на белградскиот весник „Вечерње новости“ пренесе дека Кокеза одбил да одговори на прашање дали учествувал во […]

Мистериозна болест го нападна Рафаел Надал?


  Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во 2021 година не успева да се прикаже во вистинско светло на терен, а во Австралија го мачеше повредата на грбот. Но, шпанските медиуми ја пренесуваат изјавата на тамошните лекари кои сметаат дека Надал има проблем под стручен назив Милер-Вајсова болест. Таа ги напаѓа коските на стапалото, а со време […]

Хрватски фудбалер постигна победнички гол за Бирмингем и го посвети на Ѓорѓе Балашевиќ


Хрватскиот фудбалски репрезентативец Ален Халиловиќ го посвети победничкиот гол на Бирмингем викендов во англиската Чемпионшип лига на неодамна починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Халиловиќ влезе во игра во второто полувреме и во 85. минута беше стрелец на вториот гол во триумфот на неговата екипа над Квинс Парк Ренџерс од 2:1, во рамки на 33. коло во второто по […]

Кинескиот фудбалски шампион Џиангсу Сунинг згасна поради финансиски проблеми


Кинескиот фудбал е во шок, откако сопствениците на актуелниот првак Џиангсу Сунинг објавија денеска дека клубот престанува да постои поради финансиски проблеми. Во соопштението се наведува дека сите фудбалски екипи на кинеска територија во сопственост на групацијата „Сунинг“, трговска компанија со седиште во Нанџинг, во чија сопственост е и милански Интер, „од денеска ќе престанат со работа“. Компанијата посочи […]

Роденденска победа на Дончиќ со Далас


Кошаркарите на Далас ставија крај на победничката серија од осум натпревари на Бруклин, триумфирајќи на гостувањето кај „Нетси“ со 115:98. Најефикасен во победничкиот тим беше Словенецот Лука Дончиќ, кој на својот 22 роденден, постигна 27 поени, додавајќи шест скокови и седум асистенции. – Вечерва игравме тимски. Сите бевме инволвирани и сите  придонесувавме во одбраната и […]

Загубите на Формула 1 во 2020 година изнесуваат речиси 400 милиони долари


Формула 1 обезбеди финансиски извештај за 2020 година, според кој тркачката серија претрпе загуби во износ од 386 милиони долари, објави „Моторспорт“. „Кралските трки“ заработија 1,1 милијарда долари минатата година, за разлика од 2 милијарди во 2019 година. Наградниот фонд се намали од 1 милијарда на 711 милиони долари од 2019 година. Загубите на Формула […]

Лазаров го скрати списокот ракометари за квалификацискиот двомеч со Данска


Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска скратениот список со 23 ракометари, кои се повикани на подготовките за претстојните два натпревара против светскиот првак Данска во квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонските ракометари ќе ги започнат подготовките на 6 март за кога е закажан првиот собир во Скопје. Според […]

САД: Се самоуби тренерот обвинет за сексуална злоупотреба на гимнастичарки


Џон Гедерт, тренер на американскиот тим за гимнастика што освои злато на Олимписките игри 2012 година, изврши самоубиство откако беше обвинет за сексуална злоупотреба на гимнастичарки во Мичиген. Неговото тело е најдено вчера крај автопат близу Лансинг, Мичиген, САД, соопшти полицијата. Против Џон Гедерт е поднесена тужба за физичко, вербално и сексуално злоставување на 20-тина […]

Почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе 9 дан


На 74 години вчера почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе од Бразил. Тажната вест ја објави Интернационалната традиционална карате федерација каде Сенсеи Ватанабе беше претседател на Шихан-Каи комитетот на ИТКФ. Ватанабе во 1972 година на првиот светски шампионат во Париз, Франција стана светски шампион во кумите-борби. По завршување на неговата натпреварувачка […]

За прв пат по седум години, ниту еден германски клуб не се пласираше во осминафиналето од ЛЕ


Ниту еден германски клуб не избори учество во осминафиналето во Лигата на Европа, за прв пат од 2014 година. Баер Леверкузен два пати загуби од Јанг Бојс во 1/16финалната пресметка (3:4, 0:2), додека Хофенхајм беше послаб од Молде (3:3, 0:2). Така, ниту еден клуб од Бундеслигата не се пласираше во 1/8 финалето на турнирот по […]

Наполи елиминиран од Лига Европа


Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи доживеа вечерва елиминација во осминафиналето во Лига Европа, откако триумфот од 2:1 над Гранада беше недоволен да ја анулира негативата од првиот натпревар. Наполи, во чиј почетен состав се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, поведе веќе во третата минута со голот на Пјотр Зелински, но шпанскиот тим на средина од полувремето израмни преку Анхел […]

Вудс ќе мине  со прекршочна пријава за сообраќајната несреќа


САД – Американскиот голф играч Тајгер Вудс нема да се соочи со кривична одговорност по сообраќајната несреќа во која претрпе сериозни повреди на десната нога, соопшти денеска локалната полиција. -Има елементи за тужба за несовесно возење. Ова е класичен пример на несреќа, а несреќите, за жал, се случуваат.Тој не бил под дејство на алкохол и дрога, тоа можеме […]

Надал го откажа настапот на турнирот во Ротердам поради повреда


Холандија– Вториот светски тенисер, Шпанецот Рафаел Надал. е принуден поради болки во грбот да го откаже учеството на АТП турнирот од серијата 500. во Ротердам, што ќе се игра од 1 до 7 март, соопштија денеска организаторите. -Болките во грбот почнав да ги чувствувам уште на турнирот во Аделаид а продолжија на Австралија Опен. Најдовме некое привремено […]

Реал е првиот клуб со 100 натпревари во плејофот од Лигата на шампионите


Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид синоќа ја победи (1:0) Аталанта во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. За тимот од Мадрид, овој натпревар беше јубилеен, 100-ти во плејофот од главното европско натпреварување. Како што е наведено од прес-службата на УЕФА, Реал прв стигна до границата од 100 натпревари во плејофот. Покрај тоа, мадридскиот […]

УЕФА во април ќе одлучи за форматот на прием на гледачите на натпреварите од ЕП


Европската фудбалска федерација на 7 април ќе одлучи за форматот на прием на гледачите на натпреварите од Европското првенство. Ова го објави членот на Извршниот комитет на УЕФА, Алексеј Сорокин. – Јасноста со конфигурацијата на турнирот ќе се знае на 7 април“, изјави Сорокин за „ТАСС“. Во јануари, УЕФА објави дека на почетокот на април […]