Лазаров го објави поширокиот список за квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија


Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за пласман на Европското првенство 2022. На списокот на Лазаров се наоѓаат: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Васил Гогов, Андреј Петков, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски, Иван Димитровски, Гоце …

Лазаров го објави поширокиот список за квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија Read More »

Бајиќ нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација


Српскиот кошаркарски стручњак Драган Бајиќ е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Бајиќ доаѓа на местото на Александар Тодоров кој не доби понуда за продолжување на соработката со Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Македонските кошаркари предводени од Тодоров не успеаја да изборат пласман на европското првенство. Четириесет и седумгодишниот Бајиќ кој е актуелен тренер на …

Бајиќ нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација Read More »

Клубовите од Супер лигата ги тужат ФИФА и УЕФА


Дванаесетте клубови од Супер лигата почнаа судска постапка против ФИФА и УЕФА доколку глобалните фудбалски организации продолжат да се мешаат во ова натпреварување. Според „Газета дело Спорт“, УЕФА може да поднесе барање за 50-60 милијарди евра против екипите кои сакаат да учествуваат на новиот турнир поради рушење на натпреварувачкиот систем. Покрај тоа, УЕФА се заканува …

Клубовите од Супер лигата ги тужат ФИФА и УЕФА Read More »

Мурињо доби отказ од Тотенхем


Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо повеќе нема да биде тренер на Тотенхем објавија „Телеграф“ и уште неколку други британски медиуми. Според нив, управата на лондонскиот клуб одлучила да го отпушти 58-годишниот Мурињо. „Специјалниот“ ја презеде тренерската функција на Спарс во ноември 2019 година. Неговиот договор беше важечки до летото 2023 година. По 32 одиграни кола …

Мурињо доби отказ од Тотенхем Read More »

Како ќе изгледа Суперлигата? Во игра се многу пари


Европската супер лига станува реална опција и желба на најголемите клубови. Како би изгледало новото натпреварување? Супер лигата стана главна тема во светот на фудбалот, но и надвор од него. Откако се појавија информации дека 12 великани официјално ќе го објават натпреварот во недела, УЕФА реагираше веднаш, заканувајќи се со строги казни за оние кои …

Како ќе изгледа Суперлигата? Во игра се многу пари Read More »

Перез: Супер лигата ќе го однесе фудбалот на заслуженото место во светот


Флорентино Перез, претседател на Реал Мадрид и претседател на новоформираната Супер лига, искажа големи очекувања од создавањето на натпреварувањето. – Ќе му помогнеме на фудбалот на секое ниво и ќе го однесеме на заслуженото место во светот. Фудбалот е единствениот глобален спорт со фанови од четири милијарди луѓе. Наша одговорност, одговорност на големите клубови е …

Перез: Супер лигата ќе го однесе фудбалот на заслуженото место во светот Read More »

Макрон и Џонсон против формирањето на Супер лигата


Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон не се согласуваат со одлуката за формирање европска Супер лига, надвор од ингеренциите на УЕФА. Ниту еден француски клуб не го поддржа создавањето на Суперлигата, додека Англија ќе има свои претставници. – Претседателот Макрон ја поздравува позицијата на француските клубови да одбијат да учествуваат во Супер …

Макрон и Џонсон против формирањето на Супер лигата Read More »

Се чека одлуката на УЕФА: Лигата на шампионите и Лигата на Европа годинава без завршница?


Европската фудбалска асоцијација наскоро ќе објави дали ќе имаат завршница Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона. По официјалната потврда за создавањето на Супер лига, на социјалните мрежи се прошири информација дека преостанатите натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа можат да бидат одложени или целосно откажани. Се очекува за брзо …

Се чека одлуката на УЕФА: Лигата на шампионите и Лигата на Европа годинава без завршница? Read More »

Официјално е објавено формирање на Супер лигата, УЕФА се закани со санкции


Организаторите на Супер лигата најавија официјално формирање на новиот турнир. Во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус. Уште осум клуба треба да им се придружат подоцна. За претседател на Супер лигата е избран првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино …

Официјално е објавено формирање на Супер лигата, УЕФА се закани со санкции Read More »

Верстапен ја освои Големата награда на Емилија-Ромања


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на втората трка во шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Гран при на Емилија-Ромања во Имола. Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Трет беше Ландо Норис од Мекларен. Бодови уште освоија: Шарл Леклер и Карлос Саинц  од Ферари, Даниел Рикардо од Мекларен, Ленс …

Верстапен ја освои Големата награда на Емилија-Ромања Read More »

Циципас го освои првиот Мастерс во кариерата


Петтиот рекет на светот Стефанос Циципас, попладнево го победи Андреј Рубљов со 2-0 во финалето на турнирот во Монте Карло и ја освои шестата титула во кариерата и првата од серијата Мастерс. Двата сета Циципас ги доби со 6:3 во меч што траеше 1 час и 12 минути. Билансот на Гркот во финалињата е шест …

Циципас го освои првиот Мастерс во кариерата Read More »

Една победа ја дели Шкендија од шампионскиот трофеј


Фудбалерите на Шкендија се наоѓаат пред освојување на шампионскиот трофеј во Првата македонска лига, откако попладнево ја совладаа Беласица на гостински терен и ја задржаа предноста од 13 бода во однос на Шкупи. На тетовци им е потребна само една победа во преостанатите пет кола за да ја обезбедат титулата. Бодовите на гостински терен попладнево …

Една победа ја дели Шкендија од шампионскиот трофеј Read More »

Кумановката Матеја Ефремовска не се штеди себе си и вложува во атлетиката


Атлетиката е врвен приоритет за младата кумановка Матеја Ефремовска. Таа е државен шампион во повеќе дисциплини, македонска репрезентативка и вљубеничка во спорот. Атлетика тренира веќе 13 години. Дневно на атлетскиот полигон во близина на Соколана, Куманово, поминува од три до четири часа, некогаш и два пати дневно во зависност од временските услови. Не се штеди …

Кумановката Матеја Ефремовска не се штеди себе си и вложува во атлетиката Read More »

Надал елиминиран во четвртфиналето на мастерсот во Монте Карло


Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата „мастерс 1000“ во Монте Карло совладувајќи го вечерва 11. кратниот освојувач на турнирот Рафаел Надал со 6:2, 4:6, 6:2. Откако на претходните два меча во Монте Карло загуби само пет гемa, Надал во четвртфиналето во целост беше надигран од осмиот светски рекет на АТП листата. Рубљов …

Надал елиминиран во четвртфиналето на мастерсот во Монте Карло Read More »

Македонските кошаркари од идната недела со нов селектор


Смена на селекторското место најави денеска Македонската кошаркарска федерација, закажувајќи прес – конференција за почетокот на идната недела на која ќе се обелодени името на новиот предводник на националниот тим. -На прес-конференција на 19 април на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација, се наведува во краткото соопштение …

Македонските кошаркари од идната недела со нов селектор Read More »

Во Охрид и на езерото се снимаат кадри за спотот „Одиме на Европско“


На повеќе атрактивни локации низ Охрид се снимаа кадри за промотивниот спот за историскиот прв пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Навивачката химна „Одиме на Европско“ се снима на локации низ градот и на пловни објекти на езерото. Организаторот и продуцент на снимањето вели дека за разлика од други проекти, овојпат воопшто немало …

Во Охрид и на езерото се снимаат кадри за спотот „Одиме на Европско“ Read More »

Оружен грабеж во домот на Смолинг во Рим  


Италија– Тројца вооружени мажи упаднале изминатата ноќ во домот на фудбалерот на италијанскиот фудбалски прволигаш Рома, Крис Смолинг, во Рим, јавија попладнево италијанските медиуми. Крадците под закана со оружје го принудиле Смолинг да им го отвори личниот сеф од каде украле часовник „Ролекс“, накит и други вредни предмети. Весникот „Газета дело Спорт“ објави дека Смолинг, неговата сопруга и двегодишниот син спиеле кога крадците упаднале во нивниот дом. Грабежот …

Оружен грабеж во домот на Смолинг во Рим   Read More »

Американските спортисти во „Ралф Лорен“ за Олимпијадата во Токио


САД – Со свеж бел графички изглед и пространи џебови, униформите што ќе ги носи тимот на САД на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Токио беа промовирани од официјалниот аутфитер Ралф Лорен. Униформите, заедно со облеката дизајнирана од Ралф Лорен за Олимписко село за американските спортисти, беа подготвени уште лани кога Игрите беа …

Американските спортисти во „Ралф Лорен“ за Олимпијадата во Токио Read More »

Ибрахимовиќ се соочува со казна од 100 милиони евра


Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се најде во непријатна ситуација, бидејќи компанија во која тој е еден од инвеститорите поседува 10 отсто акции во една обложувалница, а правилата на ФИФА и УЕФА им забрануваат на фудбалерите да имаат финансиска корист од обложувалници, објави шведскиот весник „Aftonbladet“. Како што пренесуваат италијанските медиуми, комапнијата „Unknown AB“ со …

Ибрахимовиќ се соочува со казна од 100 милиони евра Read More »

Сензација во Монте Карло: Ѓоковиќ загуби од Дан Еванс


Британецот го оствари својот најголем успех во кариерата победувајќи го во два сета светскиот рекет број 1 со 6:4 и 7:5. Надал го „издува“ од теренот Григор Димитров со 6:1 и 6:1   Дан Еванс ја оствари најдобрата победа во кариерата откако го шокираше Новак Ѓоковиќ во третото коло на Мастерсот во Монте Карло. Британецот …

Сензација во Монте Карло: Ѓоковиќ загуби од Дан Еванс Read More »