Премиер лига ги продаде телевизиските права за 5,5 милијарди евра


Англиската фудбалска Премиер лига објави денеска дека постигнала договор околу продажба на правата за телевизиски преноси од натпреварите со Скај спортс, БТ Спорт, Амазон Прајм Видео и Би-Би-Си Спорт, вреден околу 5,5 милијарди евра за период од 2022 до 2025 година. Износот е приближно еднаков како и претходниот тригодишен договор, за 1,83 милијарди евра по …

Премиер лига ги продаде телевизиските права за 5,5 милијарди евра Read More »

Чеферин: Не можевме на навивачите да им ја одземеме можноста да го гледаат во живо финалето на ЛШ


Претседателот на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин зборуваше за преместувањето на финалето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Челзи од Истанбул во Порто. – Мислам дека сите ќе се согласат дека се надеваме дека никогаш повеќе нема да имаме година како минатата. Повеќе од 12 месеци, навивачите страдаа од фактот дека не можат …

Чеферин: Не можевме на навивачите да им ја одземеме можноста да го гледаат во живо финалето на ЛШ Read More »

За Манчестер сити и Челзи по шест илјади билети за финалето во Лигата на шампионите


Манчестер сити и Челзи ќе добијат квота од по 6.000 билети за финалниот натпревар во Лигата на шампионите, информира веб-страницата на УФЕА. Денес, 13 мај, и официјално стана познато дека натпреварот е преместен од Истанбул (Турција) во Порто (Португалија). Оваа одлука е донесена поради тешката епидемиолошка состојба во Турција. Првично, средбата требаше да се одржи …

За Манчестер сити и Челзи по шест илјади билети за финалето во Лигата на шампионите Read More »

Конор Мек Грегор лани заработил повеќе и од Меси и од Роналдо


Ирската ѕвезда во боречки вештини Конор Мек Грегор беше најплатениот спортист во 2020 година со заработка од 180 милиони долари, објави американскиот магазин Форбс. Интересно, 32-годишниот Ирец се бореше само еднаш минатата година. Во јануари, по само 40 секунди, го нокаутираше Доналд Керорон во главната борба на УФЦ 246 настанот во Лас Вегас. За таа …

Конор Мек Грегор лани заработил повеќе и од Меси и од Роналдо Read More »

УЕФА отвори истрага против Реал, Барселона и Јувентус


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) започна дисциплинска постапка против шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона, како и најтрофејниот италијански клуб Јувентус поради плановите да играат во ново натпреварување од затворен тип. – Етичките и дисциплински инспектори на УЕФА денеска се задолжени да спроведат дисциплинска истрага поради можно кршење на законските рамки на УЕФА од страна …

УЕФА отвори истрага против Реал, Барселона и Јувентус Read More »

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во наредните три години


Во следните три години Комерцијална банка АД Скопје ќе биде спонзор на Фудбалската репрезентација на Македонија, со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и на идните генерации фудбалери. – Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Комерцијална банка станува горд поддржувач на македонската фудбалска …

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во наредните три години Read More »

„Треба да се срамиме од она што ќе му го покажеме на светот“: Дали на Јапонија (и на светот) воопшто и се потребни вакви Олимписки игри?


Од првиот момент кога Јапонија посака да биде домаќин на Олимписките игри во 2020 година, организаторите ги претставија како симбол на закрепнување: од децениските економски катастрофи, од разорниот земјотрес, цунами и нуклеарна катастрофа, од страшната пандемија. Сега кога скоро е сосема извесно дека Олимписките игри во Токио ќе почнат на 23 јули, самиот настан полека станува еден вид …

„Треба да се срамиме од она што ќе му го покажеме на светот“: Дали на Јапонија (и на светот) воопшто и се потребни вакви Олимписки игри? Read More »

Потврден боксерскиот спектакл Фјури – Џошуа, мечот во август во Саудиска Арабија


Долгоочекуваниот меч за обединување на титулите во тешка категорија меѓу британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе се одржи во август во Саудиска Арабија. – Не можеме повеќе да криеме. Мечот ќе се одржи помеѓу 7. и 14 август, најави денеска промоторот на боксерскиот спектакл Еди Хем. – Мечот ќе се одржи во Саудиска Арабија, земјата која организациски беспрекорно го одработи мечот меѓу Џошуа и Енди …

Потврден боксерскиот спектакл Фјури – Џошуа, мечот во август во Саудиска Арабија Read More »

Хамилтон сака нов договор со Мерцедес пред летната пауза


 Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон најави денеска дека би сакал да го продолжи договорот со екипата на Мерцедес пред почетокот на летната пауза. Седумкратниот светски шампион на 8 февруари потпиша едногодишен договор со Мерцедес што истекува на крајот од актуелната сезона во Формула 1. -Не сакаме да брзаме, но мислам дека мораме …

Хамилтон сака нов договор со Мерцедес пред летната пауза Read More »

Ултиматум за Јувентус: ако не се откаже од Супер лига ќе биде исфрлен од Серија А


Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А доколку не се откаже од учество во европската Супер лига, најави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина. Јувентус, заедно со Реал Мадрид и Барселона, се единствените три екипи што останаа доследни на новото натпреварување од кое експресно се откажаа другите девет основачи – Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, …

Ултиматум за Јувентус: ако не се откаже од Супер лига ќе биде исфрлен од Серија А Read More »

Вардар испадна од Првата лига


 Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Првата лига, откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга во претпоследното коло од сезоната 2020/21 Во струмичкото дерби бодовите ги освои тимот на Академија Пандев, додека во Ѓорче Петров, Македонија ЃП загуби важен меч кој може да ги чини пласман во евро-куповите. …

Вардар испадна од Првата лига Read More »

Финалето на ЛШ од Истанбул се сели во Лондон?


Англија– Во тек се тешки преговори меѓу британската влада, УЕФА и други страни за тоа каде треба да се одржи финалето во Лигата на шампионите, изјави денес британскиот политичар Мајкл Гоув. Во финалето, кое е закажано за 29 мај, ќе учествуваат Манчестер сити и Челзи. Натпреварот треба да се игра во Истанбул, но местото е под …

Финалето на ЛШ од Истанбул се сели во Лондон? Read More »

Тухел за финалето во ЛШ: Фудбалерите се уверија дека можат да го победат Сити


Тренерот Челзи, Томас Тухел се огласи по натпреварот од 35. коло во Премиер лига против Манчестер сити (2:1). – Победата ни дава самодоверба, но овој резултат нема да влијае на финалето на Лигата на шампионите. Финалето е уникатен натпревар, не можете да предвидите што ќе се случи. Треба добро да се подготвите. Ќе имаме шанси, …

Тухел за финалето во ЛШ: Фудбалерите се уверија дека можат да го победат Сити Read More »

(Видео, фото) Одиме на Европско: СКОПСКО со поддршка за македонската фудбалска репрезентација


Пивара Скопје и СКОПСКО постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство, што ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули оваа година. СКОПСКО, како докажан пријател на спортот и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, пред и …

(Видео, фото) Одиме на Европско: СКОПСКО со поддршка за македонската фудбалска репрезентација Read More »

Историски успех за македонското таеквондо, Георгиевски обезбеди настап на ОИ во Токио


Таеквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако денеска триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија. Георгиевски ја обезбеди олимписката норма, прва во историјата за македонското таекводно, на денот кога го прославува својот 22. роденден со максимален ефект, совладувајќи го, притоа, во …

Историски успех за македонското таеквондо, Георгиевски обезбеди настап на ОИ во Токио Read More »

Забрана за настап во ЛШ им се заканува на Реал, Барселона и Јувентус


Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона, како и најтрофејниот италијански клуб Јувентус се соочуваат со можна забрана за настап во Лигата на шампиони (ЛШ), откако трите екипи основачи на пропадната Супер лига одбија да потпишат „договор за реинтеграција“ со Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Постапката против трите екипи ќе ги водат дисциплинските тека на УЕФА, кои ќе донесат одлука …

Забрана за настап во ЛШ им се заканува на Реал, Барселона и Јувентус Read More »

Дончиќ четврт најмлад кошаркар во историјата на НБА со постигнати 5.000 кошеви


Словенецот Лука Дончиќ со 22 години и 67 денови стана четвртиот најмлад кошаркар во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 5.000 кошеви. Словенечкиот кошаркар во синоќешниот триумф на Далас над Кливленд (110:90) имаше ефект од 24 поени и осум скокови со што ја мина границата од 5.000 кошеви во настапите во НБА. Само Кармело …

Дончиќ четврт најмлад кошаркар во историјата на НБА со постигнати 5.000 кошеви Read More »

НБА: Меч на кариерата за Богдановиќ, 48 поени на Хрватот за нов триумф на Јута


Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Богдановиќ го одигра најдобриот натпревар во својата НБА кариера, предводејќи го синоќа тимот на Јута до триумф на домашен терен над Денвер со 127:120. Богдановиќ уфрли 48 поени, реализирајќи притоа осум тројки од 11 обиди, а додаде и осум скокови и две асистенции. Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот …

НБА: Меч на кариерата за Богдановиќ, 48 поени на Хрватот за нов триумф на Јута Read More »

Форбс: Далас Каубојс останува највреден клуб во светот


Финансискиот магазин „Форбс“ ја објави денеска своја годишна листа на највредни спортски клубови во светот, на која петта година по ред на чело е американскиот рагби клуб од НФЛ лигата Далас Каубојс. Според проценката на „Форбс“, вредноста на Далас Каубојс изнесува 5.7 милијарди долари, што е за 3.6 отсто повисока вредност во споредба со минатата …

Форбс: Далас Каубојс останува највреден клуб во светот Read More »

Боксерски спектакл викендов во САД пред рекордни 70.000 гледачи


Мексиканскиот боксер Саул „Канело“ Алварез, носител на појасотт во верзиите WBA и WBC и првакот во WBO, Англичанецот Били Џо Саундерс ќе ги вкрстат ракавиците в сабота за обединување на титулите во супер средна категорија пред 70.000 гледачи на стадионот во Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас. Тоа ќе биде рекорден број гледачи на спортски …

Боксерски спектакл викендов во САД пред рекордни 70.000 гледачи Read More »