Лига Европа: Барселона против Ајнтрахт


Фудбалерите на шпанска Барселона ќе играат против бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето во Лига Европа, одлучи попладнево жрепката во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион. Во преостанатите натпревари, Лајпциг ќе игра против Аталанта, Вест Хем за противник го доби Лион, додека Брага за пласман во полуфиналето ќе мора да го елиминира Глазгов Ренџерс. Четвртфиналните натпревари во второто по ранг […]

Челси против Реал Мадрид во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони


Актуелниот европски првак Челси против Реал Мадрид е една од четирите четвртфинални двојки во фудбалската Лига на шампиони, кои денеска беа извлечени со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Бенфика ќе игра против Ливерпул, Виљареал ќе ги одмери силите со Баерн Минхен, додека Манчестер сити за противник го одби Атлетико Мадрид. Првите четвртфинални натпревари […]

Лазаров: Треба да бидеме внимателни во Букурешт


Македонската машка ракометна репрезентација попладнево заминува за Букурешт каде утре ја очекува реванш натпреварот против Романија во рамки на полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2023. Македонските ракометари во романската престолнина ќе бранат предност од осум голови разлика (30-22), која со поддршка од 5.000 навивачи и одлична игра во завршните 15 минути ја остварија во четвртокот […]

Рекордно 76. АТП полуфинале за Надал


Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Индијан Велс, откако денеска го совлада Австралиецот Ник Кириос со 2-1 во сетови (7-6, 5-7, 6-4). Надал со тоа се избори за рекордно 76 полуфинале на „Мастерс 1000“ во кариерата, најмногу од сите други тенисери. Шпанецот воедно ја продолжи и импресивната серија […]

„Ролан Гарос“ извесен за Ѓоковиќ и руските тенисери


Франција- На Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволено да игра на Отвореното првенство на Франција дури и ако не е вакциниран против Ковид-19 се додека ситуацијата со коронавирусот во Франција остане стабилна, соопштија организаторите во средата. Руските тенисери, вклучувајќи го и Даниил Медведев, исто така ќе им биде дозволено да играат на турнирот, но како […]

Квалификации за СП: Македонските ракометари обезбедија плус осум за реваншот со Ромaнија


Македонската машка ракометна репрезентација ќе брани предност од осум голови разлика на реваншот од полуфиналниот мундијалски бараж во Букурешт, откако вечерва со фуриозна игра во завршните 15 минути триумфираше во Скопје над Романија со 30-22 (16-13). Македонските ракометари добро го отворија натпреварот и по девет минути игра имаа предност од четири голови разлика (7-3). Уследи […]

Болоња, Глазгов, Хамбург и Малага домаќини на Дејвис купот


Англија – Меѓународната тениска федерација (ИТФ) соопшти денеска дека Болоња, Хамбург, Малага и Глазгов ќе бидат домаќини на групната фаза од Дејвис купот, кој е на програмата од 14 до 18 септември. Како што е соопштено, секој град ќе биде домаќин на една група со по четири репрезентации, а составот на групите ќе биде одреден со […]

Шифрин го освои големиот кристален глобус


Франција– Американката Микаела Шифрин е победничка во светскиот скијачки куп сезона 2021/22. Ова е епилогот по денешниот супервелеслалом возен во француски Куршевел. Шифрин трката ја заврши на 2. место, доволно за конечен триумф. Победи Рагнхил Мовинкел од Норвешка со време 1:13.68 минута, односно пет стоти делови од секунда побрзо од Шифрин. Трета беше Мишел Гисин […]

Реал Мадрид им помага на украинските бегалци


Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Мадрид ќе донира еден милион евра (1,1 милиони долари) за помош на бегалците од Украина, која е погодена од руската инвазија, објави денеска раководството на Ла Лига. Реал соопшти дека средствата ќе бидат донирани на Црвениот крст, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и други хуманитарни организации, кои се активни на теренот во Украина. […]

На Грен слемовите воведено единствено правило за одлучувачки тај-брејк до 10 поени


Од оваа сезона на сите мечеви на Грен слем турнирите при резултат 6:6 во решавачкиот сет ќе се игра тај-брејк до 10 поени. Ова беше објавено во заедничката изјава на сите Грен слемови. Новото правило ќе стапи на сила со „Ролан Гарос“, кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни. Се истакнува дека […]

Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за баражите за СП 2022


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Италија (24 март) и евентуално Португалија / Турција (29 март) од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар 2022. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 27 фудбалери. Давид Бабунски од унгарски Дебрецин е повратник во најдобрата репрезентација. […]

Нема Вимблдон за Медведев ако не го осуди Путин


Англија– Даниил Медведев и другите руски и белоруски тенисери се соочуваат со забрана за настап на Вимблдон доколку јавно не ја осудат инвазијата во Украина, потврдија британските власти. Министерот за спорт Најџел Хадлстон откри дека се воделе „дискусии“ со Ол Ингланд клубот за спречување на „приврзаниците на Владимир Путин“ да влезат на најголемиот турнир во […]

„CAS“ ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски тимови на турнирите на организацијата


Швајцарија – Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски клубови на турнири под покровителство на организацијата. Иако ова е привремена пресуда, целосното рочиште треба да се одржи во наредните недели. Рускиот фудбалски сојуз (РФС) реагираше на одлуката на CAS да ја потврди забраната на УЕФА за отстранување на руските […]

„Олд Трафорд“ може да биде урнат


Манчестер јунајтед може да го урне „Олд Трафорд“ и да изгради нов стадион. Ова е една од опциите што сопствениците на клубот ја разгледуваат како дел од реконструкцијата на арената. Според „Телеграф“, Јунајтед наскоро може да ги избере компаниите кои ќе бидат одговорни за реконструкцијата. Една од опциите што се разгледува е целосно уривање на […]

Ѓоковиќ се враќа на врвот на АТП листата, еве зошто


САД- Неочекуваното излегување на Даниил Медведев од Индијан Велс ќе има две значајни последици. Еден, тоа значи дека Новак Ѓоковиќ ќе го врати првото место во светот во понеделник. И второ, шансите рускиот играч повторно да се врати на првата позиција станаа многу подалечни. Гаел Монфис, 35-годишниот Французин кој го победи Медведев во понеделникот со […]

Надал прв со 400 победи на Мастерс турнирите


Поранешниот светски рекет број еден Рафаел Надал синоќа го победи Ден Еванс во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс со 7:5 и 6:3. Сега билансот на Шпанецот од почетокот на сезоната 2022 е 17:0. Надал ја забележа 400-та победа на Мастерс турнирите. Тој стана првиот во историјата кој ја надмина оваа граница. Од другите активни […]

Прес-службата на британскиот премиер ги повика навивачите на Челзи да престанат да го скандираат името на Абрамович


Прес-службата на британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека навивачите на Челзи треба да престанат да го скандираат името на рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Во неделата (13 март), навивачите на Челзи за време на натпреварот од Премиер лигата со Њукасл му дадоа поддршка на Абрамович, кој падна под санкциите на земјата. – Ја препознаваме силата на […]

Мареј за работата со Лендл: Да не веруваше дека сум способен за големи резултати, ќе го кажеше тоа директно


Британскиот тенисер Енди Мареј се произнесе околу продолжувањето на работата со Иван Лендл. Поранешниот прв рекет на светот по трет пат влезе во стручниот штаб на Британецот. – Не знам колку долго ќе работиме, но во блиска иднина соработката ќе биде многу тесна. Навистина ценам што сé уште е подготвен да ми помогне и верува […]

Хамилтон сака да го смени презимето


Во новата Ф1 сезона возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе настапува под друго име, информира „The Telegraph“. Како точно ќе звучи неговото полно име сè уште не е познато, но британскиот пилот веќе го започнал процесот на документација за официјално да го додаде моминското презиме на неговата мајка. – За моето семејство, мојата следна победа […]

„Макпетрол“ со 14 медали најуспешен на Државното сениорско првенство во карате


Со 14 медали, од кои по пет златни и сребрени, како и четири бронзи, каратистите на „Макпетрол“ освоија најмногу одличја на Државното сениорско првенство во машка и женска конкуренција во борби и кати. „Макпетрол“, којшто по подолг временски период повторно е најуспешна карате екипа, ја освои титулата во екипна конкуренција кај мажите со два максимални […]