Четврто финале на Мастерс турнирите за Циципас и прво АТП финале за Давидович-Фокина


Монако – Петтиот светски рекет Стефанос Циципас и 46-от светски рекет  Алехандро Давидович-Фокина ќе играат во финалето на Мастерсот во Монте Карло. Мечот е закажан за попладне со почеток во 14:30 часот.

Циципас кој во полуфиналето вчера го победи третиот светски рекет Александар Зверев, ќе ја брани титулата во Монте Карло освоена минатата година. За Гркот ова ќе биде 18. АТП финале во кариерата и четврто на Мастерс турнирите. Тој ќе с ебори за својот осми трофеј во кариерата.

Шпанскиот тенисер Давидович-Фокина за првпат стигна до финале на еден АТП турнир откако во полуфиналето вчера го победи Григор Димитров. Тој првпат во кариерата стигна до финалето на АТП – пред тоа трипати загуби во полуфиналната фаза.

По успешниот настап во Монте Карло, 22-годишниот Шпанец од утре за прв пат ќе се најде помеѓу 30 најдобри тенисери на светската ранг-листа.