Бромел истрча најбрзо време сезонава на 100 метри (видео)


Американскиот спринтер Трејвон Бромел постигна најдобар резултат годинава на 100 метри, истрчувајќи ја патеката на митингот во кениската престолнина Најроби со време од 9,76 секунди. Бромел сега е шести најбрз атлетичар во светот на сите времиња. Американскиот атлетичар важеше за најголем фаворит за освојување на златниот медал на Летните Олимписки игри во Токио, но не успеа да се пласира …

Бромел истрча најбрзо време сезонава на 100 метри (видео) Read More »

ЕП во одбојка: Словенија и Италија во денешното финале


Во финалето на Европското првенство во одбојка, што заеднички го организираа Полска, Чешка, Естонија и Финска, вечерва од 20:30 часот во Катовице ќе играат Словенија и Италија. Во првото саботно полуфинале, Словенија во драматичен натпревар пред 10.000 гледачи во Катовице ја совлада Полска со 3:1 (17-25, 32-30, 25-16, 37-35) и втор пат едноподруго, а вкупно трет пат во историјата, обезбеди европско финале. На завршниот турнир …

ЕП во одбојка: Словенија и Италија во денешното финале Read More »

ШК Алкалоид подготвен за Европскиот Клупски Куп во Струга


Најсилното екипно шаховско натпреварување, Европскиот Клупски Куп, по едногодишна пауза, оваа година се одржува од 17 до 24 септември, при тоа, повторно после 2015 ќе бидена “наш терен” во Струга. Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион!Европското клупско злато беше освоено во годината кога клубот одбележа …

ШК Алкалоид подготвен за Европскиот Клупски Куп во Струга Read More »

Вардар 1961 ги пушти во продажба билетите за дуелот со Мешков Брест


Билетите за првиот овосезонски натпревар на Вардар 1961 на домашен терен во Лигата на шампиони против белорускиот првак Мешков Брест од денеска се пуштени во продажба. Како што соопшти македонскиот првак, за натпреварот закажан за в среда со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во продажба се пуштени 1.800 влезници по цена од …

Вардар 1961 ги пушти во продажба билетите за дуелот со Мешков Брест Read More »

Меси од трансферот во ПСЖ ќе заработи 110 милиони евра


Франција– Вредноста на трансферот во ПСЖ на Лионел Меси, кој летово по две децении ги напушти редовите на Барселона, изнесува фантастични 110 милиони евра, објави денеска францускиот весник „Л Екип“. Изнесувајќи ги финансиските детали од тригодишниот договор, весникот наведе дека Меси ќе заработува 30 милиони евра по сезона, плус дополнителни 10 милиони евра за лојалност …

Меси од трансферот во ПСЖ ќе заработи 110 милиони евра Read More »

Михајловиќ: Пехарот од Бари „прошета“ насекаде, Панчев го носеше на свадби во Македонија


Србија– Членот на шампионската генерација на Црвена ѕвезда која го освои Купот на европските шампиони 1991 година, Синиша Михајловиќ, обелодени дека победничкиот пехар што е изложен на белградскиот стадион „Маракана“ е реплика на оригиналот од Бари. – Пехарот што го донесовме (во Белград) беше насекаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својот …

Михајловиќ: Пехарот од Бари „прошета“ насекаде, Панчев го носеше на свадби во Македонија Read More »

Пеле во стабилна состојба по респираторни проблеми


Бразил – Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (80) е во стабилна состојба, откако поради респираторни проблеми вчера беше вратен на одделот за интензивна нега, соопшти денеска болницата во Сао Паоло, каде претходно му беше извршена операција за отстранување тумор од дебелото црево. Пеле беше опериран претходно овој месец и до вторникот беше на одделот за интензивна нега. …

Пеле во стабилна состојба по респираторни проблеми Read More »

Манчестер јунајтед и Јувентус објавија големи загуби во работењето


Англискиот Манчестер Јунајтед и италијанскиот Јувентус, сегашниот и донеодамнешниот клуб на португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо, објавија денеска значителни финансиски загуби за минатата 2020/21 сезона. Англискиот фудбалски гигант соопшти дека минатата сезона работел со загуба од 92.2 милиони фунти, што е речиси четири пати повеќе од минусот во сезоната 2019/20, кој изнесуваше 23.2 милиони фунти. …

Манчестер јунајтед и Јувентус објавија големи загуби во работењето Read More »

Олимпијадата во Лос Анџелес ќе чини 6,9 милијарди долари


Организацијата на Летните олимписки и параолимписки игри, чии домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе чини 6,9 милијарди долари, најави денеска извршната директорка на Организацискиот комитет Кети Картер. -ОИ и ПОИ ќе бидат финансиски здрави и ќе остават трајно влијание на градот домаќин, -изјави Картер. -Пред сè, ние ќе бидеме домаќини на Игри, кои ќе се …

Олимпијадата во Лос Анџелес ќе чини 6,9 милијарди долари Read More »

Пелегрини ќе потпише нов договор со Рома


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по 1. коло од групната фаза на Конференциската лига против ЦСКА Софија објави дека играчот од средниот ред Лоренцо Пелегрини ќе потпише нов договор. Моменталниот договор на 25-годишниот капитен на тимот со клубот е со важност до крајот на тековната сезона. Фудбалерот игра за Рома од 2017 година. Во исто …

Пелегрини ќе потпише нов договор со Рома Read More »

Пеле опериран од тумор на дебелото црево


Бразил – Бразилската фудбалска легенда Пеле изјави оти е подготвен за „90 минути плус продолженија“, откако го напушти одделот за интензивна нега во болница во Сао Паоло по операцијата со која му беше отстранет тумор. Осумдесетгодишниот трикратен светски првак со Бразил беше хоспитализиран во болницата „Алберто Ајнштајн“, откако при рутински преглед му беше дијагностициран тумор на …

Пеле опериран од тумор на дебелото црево Read More »

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА


Македонската репрезентација назадуваше две места на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација, објавена денес. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 74. место (две места послабо од август), откако септемврискиот циклус од Мундијалските квалификации го завршија без пораз, но не забележаа ниту победа на средбите со Ерменија, Исланд и со Романија. Од ривалите на „рисовите“ во квалификациите за …

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА Read More »

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ


Денес, 16 септември, на 77-годишна возраст, почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ. Ова го соопшти претседателот на клубот Раднички, Горан Калиниќ. – Денес во 6.50 часот Душан почина во болница во Белград, го цитира Калиниќ „Спорт клуб“. Ивковиќ работеше со клубови од Србија, Грција, Русија и Турција, а исто така ја водеше репрезентацијата на …

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ Read More »

ПСЖ со Меси, Мбапе и со Нејмар не победи, Сити постигна дури шест гола


Во средата беше комплетирано 1.коло од новата сезона во Лигата на шампионите со одлични натпревари на „Енфилд“ и „Етихад“   Имаше многу голови во првото коло од Лигата на шампионите. Така, во едден од најзанимливите натпревари од групата Б, во кој Милан гостуваше на Енфилд против Ливерпул беа посстигнати пет гола, а на крајот Ливерпул …

ПСЖ со Меси, Мбапе и со Нејмар не победи, Сити постигна дури шест гола Read More »

Академија Пандев ги продаде ТВ-правата на регионалниот канал „Спорт клуб“


Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев, ги продаде телевизиските права за своите натпревари од домашното првенство на регионалниот спортски канал „Спорт клуб“. Академија Пандев е првиот македонски фудбалски клуб, кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. – Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенствени натпревари за …

Академија Пандев ги продаде ТВ-правата на регионалниот канал „Спорт клуб“ Read More »

Турскиот моден бренд „Кигили“ нов спонзор на македонските кошаркари


Ден откако стана моден спонзор на македонските олимпијци, турската компанија „Кигили“ попладнево потпиша договор за соработка и со Македонската кошаркарска федерација и во следните години ќе се грижи за имиџот на националните селекции. Договорот за соработка во Скопје го потпишаа претседателот на Федерацијата Перо Антиќ и извршниот директор на турскиот моден бренд Хилал Суредем. – …

Турскиот моден бренд „Кигили“ нов спонзор на македонските кошаркари Read More »

Нагелсман по триумфот над Барселона: Баерн имаше проблеми во првите 7-8 минути, потоа се адаптиравме


Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман даде свое видување за победата од 3:0 над Барселона, синоќа во првото коло во Лигата на шампионите. -Мислам дека тимот одигра многу добро, ова е клучниот момент. Имавме проблеми во првите 7-8 минути кога не одигравме доволно храбро, но потоа направивме некои приспособувања. Секогаш е одлично да не примите гол. …

Нагелсман по триумфот над Барселона: Баерн имаше проблеми во првите 7-8 минути, потоа се адаптиравме Read More »

Кокошков веќе не е селектор на Србија


Српскиот кошаркарски тренер Игор Кокошков, кој со Словенија ја освои титулата европски првак во 2017 година, веќе не е селектор на Србија. Како што попладнево е официјално соопштено во Белград, Кошаркарската федерација на Србија и Кокошков спогодбено ја прекинале соработката. Кокошков седна на клупата на Србија во ноември 2019 година, но не ги исполни очекувања …

Кокошков веќе не е селектор на Србија Read More »

Бонучи: Во Јувентус мора да се навикнеш на притисок


Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, зборуваше за голманот на тимот Војчех Шчесни и претстојниот натпревар од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Малме. – Тој треба да биде мирен и да не придава значење на критиките. Секој треба да биде фокусиран на теренот. Во Јувентус треба да се навикнеш на притисок. …

Бонучи: Во Јувентус мора да се навикнеш на притисок Read More »

Барселона остана без главниот спонзор „Ракутен“


Јапонската компанија за интернет трговија „Ракутен“ ја прекина соработката со шпанскиот фудбалски гигант Барселона и со тоа уште повеќе ги зголеми грижите на клупскиот претседател Жоан Лапорта, јавија денеска шпанските медиуми. „Ракутен“ и Барселона соработуваа од 2017 година, кога потпишаа тригодишен договор вреден 55 милиони евра по сезона за спонзорскиот натпис на дресот на каталонскиот …

Барселона остана без главниот спонзор „Ракутен“ Read More »