Почнува Вимблдон: Синер прв фаворит, пред Ѓоковиќ и Алкараз


Почетокот на месец јули го носи и стартот на еден од најпознатите светски турнири, Вимблдон. Новак Ѓоковиќ за разлика од минатите години сега не го започнува турнирот како главен фаворит. Букмејкерите го рангираат српскиот ас на третото место, а причина за тоа е неговата променлива форма. Се уште Ѓоковиќ нема трофеј во 2024 година, додека дополнително […]

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места


Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „Макпетрол“ ги остварија на Светската младинска карате-лига. На турнирот што од 27 до 30 јуни се одржа во хрватскиот град Пореч, Стефан Стојановиќ заврши на втората позиција (+84 кг.). Седми во своите категории беа Данило Божовиќ и Витомир Трајковски.   – За […]

ЕП 2024: Шпанија убедлива против Грузија, следна пречка Германија


Келн – Шпанија ја победи Грузија со 4:1 во Келн и си закажа натпревар со Германија во четвртфиналето на ЕП 2024. Грузијците изненадувачки поведоа по автоголот на Робин Ле Норманд во 18. минута, но тоа само ги налути Шпанците, кои израмнија пред паузата преку Родриго Ернандез, а во вториот дел додадоа три гола преку Фабијан […]

Магичниот гол на Белингем ја спаси Англија од шокантна елиминација на ЕП


Гелзенкирхен – Англија го одржа својот сон жив бидејќи по неверојатни напори и многу среќа успеа да направи пресврт и да победи со 2:1 против Словачка во осминафиналето на ЕП 2024.  Како и на претходните натпревари на германско тло, тимот на Герет Саутгејт никако не ги оправда големите амбиции со своите настапи на теренот. Англичаните […]

Ѓоковиќ се бори да го спаси наследството од златната генерација на Вимблдон


Новак Ѓоковиќ е подготвен да води битка за еден човек за да го зачува наследството на златната генерација на Вимблдон наспроти се поуспешниот нов бран предводен од Карлос Алкараз и Јаник Синер. Сепак, шансите ќе бидат наредени против седумкратниот шампион и носителот на 24 Грен слем титули кога турнирот ќе започне во понеделник. Пристигнувајќи во […]

Четворица фудбалери и официјално ја напуштија Барселона


Барселона – Барселона на последниот ден од јуни се прости од четворица фудбалери кои од утре веќе не се на платниот список на клубот. На Маркос Алонсо му истече договорот, Серхио Дест беше префрлен во ПСВ Ајндховен бесплатно, додека на Жоао Кансело и Жоао Феликс им истече позајмицата. Каталонците се уште имаат финансиски проблеми и за […]

Спалети ќе продолжи да ја води Италија и покрај лошиот настап на ЕП 2024


Рим– Селекторот на Италија, Лучано Спалети ќе продолжи да ја води селекцијата на Светското првенство во 2026. Ова го изјави првиот човек на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина на прес-конференција. „Азурите“ синоќа загубија од Швајцарија со 0:2 во осминафиналето на Европското првенство во Германија и не успеаја да ја одбранат шампионската титула. -Не можам да […]

Германија се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024


Дортмунд – Германија стана втората селекција која се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024. Домаќините ја победија Данска со 2:0 во осминафиналето меѓу двете селекции по прилично бурната ноќ во Дортмунд. Таа беше таква, буквално и фигуративно. Буквално, затоа што на средината на првото полувреме, големо невреме го преврте стадионот, поради што натпреварот беше прекинат близу […]

Верстапен на пол-позиција за прв пат од Имола


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се врати на пол-позицијата по три трки откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Австрија, 11-та трка во сезоната во Формула 1. Трикратниот светски шампион порано во текот на денот славеше во спринтот на „Ред Бул Ринг“, а нешто повеќе од три часа подоцна ја освои својата […]

Донарума за Швајцарија: Агресивни се, мораме да правиме што помалку грешки


Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума зборува за тоа што очекува од осминфиналниот натпревар на Европското првенство со селекцијата на Швајцарија. -Швајцарија е физички силна репрезентација, тоа се чувствува на теренот. Мора да бидете спремни да се прилагодите додека играта напредува. Одењето во напад со додавање или долга топка напред може да биде различно. Тие дејствуваат […]

Алкараз: Дојдов да го освојам Вимблдон


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со најголеми амбиции го пречекува Вимблдон. Алкараз минатата сезона ја освои титулата во Лондон, а истата цел ја има и годинава. „Тука сум да го добијам истиот резултат како минатата година“, рече Алкараз, додавајќи: „Посебно е чувството да се вратиш на Вимблдон, малку поспецијално како бранител на титулата, но се трудам […]

Српските спортисти ќе добијат огромна сума пари за медалите освоени на ЛОИ во Париз


Спортистите од соседна Србија добија голем дополнителен мотив да дадат се од себе на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз (26 јули-11 август), откако Владата на оваа држава усвои регулатива за парични награди за спортистите кои ќе ја претставуваат земјата во француската престолнина. Освојување на златниот медал на српските спортисти ќе им донесе премија […]

Не се знае дали Кејт Мидлтон ќе доделува трофеи на Вимблдон


Лондон – Принцезата од Велс, Кетрин (Кејт) Мидлтон редовно го посетува Тенискиот турнир Вимблдон и учествува во доделувањето трофеи на победниците. Вимблдон почнува на 1 јули, а иако Кејт се држи подалеку од очите на јавноста по нејзината дијагноза на рак, организаторите на турнирот се надеваат дека принцезата и оваа година ќе ја продолжи традицијата на […]

Јоаким Лев нема да биде селектор на Србија: Познатиот стручњак ги демантираше гласините


Иако во претходниот период во српските медиуми се појавија информации дека славниот Јоаким Лев би можел да го преземе кормилото на српската фудбалска репрезентација, која се најде во центарот на вниманието по елиминацијата веќе во групната фаза на ЕУРО, веста не е точна и поранешниот селектор на Германија нема да го наследи Пикси на клупата […]

Ждрепка за Вимблдон: Дуел Ѓоковиќ – Алкараз е можен само во финалето


Денеска е одржана ждрепката за тенискиот Грен Слем Вимблдон, а дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз би можел да се случи дури во финалето. Србинот за прв ривал од носителите би требало да го има Томас Ечевери од Аргентина, а во осминафиналетоби го чекај Холгер Руне. Во евентуалното 1/4 финале би се сретнал со […]

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч


аратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, освои сребрен медал на турнирот од Светската младинска карате-лига (У21) што моментно се одржува во Пореч, Хрватска. Во финалето во категоријата над 84 килограми тој се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан. Конечниот резултат беше без бодови, 0-0, но членот на скопскиот клуб не го освои првото место […]

ЕВРО2024: Грузијците наградени со 10.7 милиони долари од поранешниот премиер Иванишвили


Тбилиси – Основачот на грузиската владејачка партија, милијардерот и поранешен премиер Бидзина Иванишвили, најави дека ќе донира 10,7 милиони долари за националниот фудбалски тим како награда за победата над Португалија и пласманот во осминафиналето на ЕВРО2024. Во соопштението за печатот, неговата грузиска партија соопшти дека Иванишвили му честитал на националниот тим и ветил пари од […]

ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт


 Дваесет и петгодишен маж е приведен откако нападнал со нож навивачи во фан зоната во Штутгарт за време на натпреварот од Европското фудбалско првенство меѓу Чешка и Турција, јави денеска агенцијата ДПА. Три лица се повредени во инцидентот што се случил во средата вечер додека навивачите на голем екран во фан зоната го следеле натпреварот […]

Лев на местото на Пикси на чело на српската репрезентација?


Шефовите на Српската фудбалска федерација веќе одржаа неколку разговори за назначување на странец на кормилото на „орлите“. Речиси е сигурно дека Драган Стојковиќ нема да продолжи да ги води Србите по нивниот настап на УЕФА ЕУРО 2024, бидејќи не успеаја да напредуваат од групата Ц, во која беа уште Англија, Данска и Словенија. Шефовите на […]

Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон


Прекрасни вести за сите навивачи на Новак Ѓоковиќ. Српскиот ас им соопшти на англиските медиуми дека сепак решил да настапи на Вимблдон и повторно ќе биде меѓу главните фаворити за освојување на престижниот трофеј.  Српскиот тенисер одработи еден тренинг со Италијанецот Јаник Синер, а потоа кратко поразговара со насобраните медиуми кои ги интересираше само едно […]