Дваесет факти кои можеби не ги знаете за Виз Ер Скопски маратон


Сигурно не постои маратонец, вљубеник во трчањето, кој не учествувал, или барем не слушнал за Виз Ер Скопски маратон, но сигурно и не секој од нив ги знае десетиците факти, кои на оваа манифестација заслужено ѝ го даваат епитетот за најдобро и најмасовно организиран маратон во регионот, па и пошироко. Интересен факт, кој е врзан […]

Потврдена борбата Усик – Фјури на 21 декември


 Претседателот на Генералниот директорат за забава на Саудиска Арабија, Турки Ал ал-Шеик, потврди денеска преку социјалните мрежи дека реваншот меѓу украинскиот боксер Олександр Усик и Британецот Тајсон Фјури ќе се одржи на 21 декември во Ријад. Првата борба меѓу двајцата боксери се одржа на 18 мај и заврши со победа на Усик со одлука на […]

Новата НБА сезона почнува на 22 октомври


Новата сезона во НБА лигата ќе стартува на 22 октомври, објави денеска северноамериканската професионална кошаркарска лига. Секој тим ќе одигра 82 натпревари во регуларниот дел од сезоната, а актуелниот шампион Бостон Селтикс одбраната на титулата ќе ја почне на гостински терен против Њујорк. За Леброн Џејмс ова ќе биде 22 сезона во НБА лигата, со […]

Лудница во Амстердам: Ајакс го совлада Панатинаикос по рекордни 34 пенали (видео)


Холандски Ајакс и грчки Панатинаикос поставија нов рекорд во меѓународниот фудбал откако изведоа 34 пенали синоќа во реваншот во Амстердам во рамки на 3. квалификациско коло во Лига Европа. Откако Ајакс победи со 1-0 на првиот натпревар во Атина, грчкиот тим возврати на реваншот, победувајќи со истиот резултат, а решавачкиот гол го постигна Тете во […]

Реал ги зголеми цените на билетите на рекордно ниво. Еве колку чинат


Реал Мадрид ги зголеми цените на билетите на рекордно ниво откако минатиот месец ја донесе француската ѕвезда Килијан Мбапе. За десет дена Реал ќе му гостува на Ваљадолид во првиот домашен натпревар оваа сезона, а за да го гледате 25-годишниот напаѓач и останатите играчи на мадридскиот тим треба да потрошите меѓу 95 и 210 евра. […]

Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција


Македонската машка кошаркарска репрезентација напредуваше една позиција на најновата светска ранг-листа на ФИБА и се наоѓа на 57 место. Македонската репрезентација на јулското рангирање има 198.2 поени и во европски рамки е на 30 место. На челното место на ФИБА рангирањето се САД со 838,8 бодови, а Србија (758,9) изби на второто место со освојувањето […]

Првиот човек на ИОК, Томас Бах, најави посета на Македонскиот олимписки комитет


Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски доби позитивен одговор од првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, на пролет 2025 година да дојде во работна посета на Скопје. Како што соопшти попладнево МОК; приоритет на оваа средба ќе биде зголемената финансиска поддршка на Олимпискиот план и програмата на МОК за периодот […]

Покетино нов селектор на САД


Поранешниот тренер на Челзи, Маурисио Покетино, ќе ја води репрезентацијата на САД, објави новинарот на Атлетик, Дејвид Орнштајн. Според изворот, 52-годишниот Аргентинец ја прифатил поканата на Америкаците. Последното место на работа на Покетино беше Челзи. Пред тоа беше на чело на Пари Сен-Жермен, Тотенхем, Саутемптон и Еспањол. Во јули, Грег Берхалтер беше отпуштен од репрезентацијата […]

Модриќ стана најтрофеен играч во историјата на Реал Мадрид


 По победата на Реал Мадрид од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на УЕФА, играчот од средниот ред Лука Модриќ стана најтрофеен играч во историјата на мадридскиот клуб.  За Хрватот овој трофеј е 27-ми во дресот на „Кралскиот клуб“. Втори на оваа листа се Даниел Карвахал и Начо, кои имаат по 26 трофеи со Реал Мадрид. […]

Таткото на Ламин Јамал избоден со нож


Шпанските медиуми јавуваат дека вечерва бил избоден со нож Мунир Насрауи (32), татко на Ламин Јамал (17), ѕвездата на Барселона и победник на актуелното Европско првенство со Шпанија. Насрауи бил избоден со нож на паркинг во шпанскиот град Матаро. Набрзо бил префрлен во болница, но според првичните информации брзо бил испратен дома да закрепне. Полицијата […]

Рекорден шести Суперкуп за Реал Мадрид, дебитантски гол на Мбапе за новиот клуб


Фудбалерите на Реал Мадрид триумфираа во европскиот Суперкуп, откако вечерва во Варшава пред 56.402 гледачи ја совладаа Аталанта со 2-0 (0-0), освојувајќи го ова натпреварување на УЕФА по рекорден шести пат. Реал до својот прв трофеј во новата сезона дојде со головите на Федерик Валверде во 59 минута и Килијан Мбапе, кој во 68 минута […]

Пакистанецот Надим ќе биде награден со речиси 900.000 долари за олимпиското злато


Пакистанскиот атлетичар во фрлање копје Аршад Надим ќе биде награден со 250 милиони рупии или 897.000 американски долари за освојување на златниот медал на Олимписките игри во Париз. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека Надим ќе биде награден со 150 милиони рупии (538.000 долари), додека премиерот на провинцијата Пенџаб, Мерјам Наваз, претходно објави награда од […]

Параолимпискиот факел ќе биде запален на 24 август


Париз – Параолимпискиот пламен ќе биде запален на 24 август, четири дена пред почетокот на Параолимписките игри во Париз, објавија денеска француските организатори За разлика од олимпискиот оган кој својот пат го почнува од Грција, почетната станица на параолимпискиот факел традиционално е во Англија. Параолимпискиот пламен ќе биде запален во Стоук Мендвил, меѓу Лондон и Оксфорд, […]

Бугарската Влада ќе ги награди златните олимпијци со по 125.000 евра


Владата во Софија на денешната седница донесе одлука парично да го награди бугарските олимпијците кои освоија медали на Игрите во Париз. Освојувачите на златен медал ќе бидат наградени со по 125.000 евра, на сребрен медал со по 100.000 евра, додека паричната награда за освоениот бронзен медал изнесува 50.000 евра, објави бугарскиот премиер Димитар Главчев. Игрите […]

Оливера Наковска-Бикова единствена македонска спортистка на Параолимписките игри во Париз


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, од 28 август до 8 септември, во Париз. На средбата со Наковска Бикова, која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова беше запозната со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во […]

Постолимписката депресија е вистинска, дебитантите се најпогодени


Постолимписката депресија останува табу тема и има многу непријавени случаи на депресија по натпреварувањето, велат експертите. „Тоа е добро познат модел на санта мраз. Гледате дека неколку луѓе зборуваат за тоа, но не го гледате мнозинството“, изјави психологот Марион Суприцио за Дпа. Според експертите од германскиот спортски универзитет во Келн, постојат многу опции кои можат […]

Мбапе е подготвен за настап во Суперкупот на УЕФА против Аталанта


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Аталанта изјави дека напаѓачот Килијан Мбапе е подготвен за игра. – Немавме многу време да се подготвиме, но сме во одлична форма, а исто така и Килијан Мбапе. Тој пристигна во Мадрид во добра состојба и веднаш се адаптираше. Килијан е подготвен […]

Реал против Аталанта во Суперкупот на УЕФА


На Националниот стадион во Варшава (Полска), вечер за Суперкупот на УЕФА ќе се борат Реал Мадрид и Аталанта. Ова ќе биде натпревар меѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2023/24, победувајќи ја Борусија Дортмунд во финалето (2:0). Аталанта ја освои Лигата на Европа, […]

Почнува 52. Струшки ракометен турнир


 Екипите на домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“. Свеченото отворање е закажано по завршување на мечот, односно за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата […]

Ристовски: Отсега ќе финансираме талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам


 Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски. […]