Андрес Иниеста става крај на кариерата со „Ел Класико“


Андрес Иниеста ќе го одигра својот последен настпревар во кариерата на 15 декември во Токио, а овој момент за паметење ќе биде со „Ел Класико“. На него ќе учествуваат легендите на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Натпреварот го доби името „Последниот танц на Иниеста“. Учеството на спектакуларниот настан го потврдија Роберто Карлос, Чави Ернандез, […]

Синер го доби трофејот за број еден во светот на крајот од сезоната


Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа во Торино го доби трофејот за број еден во светот на крајот од сезоната. Свечената церемонија се одржа пред натпреварот помеѓу Андреј Рубљев и Александар Зверев на завршниот АТП турнир. Синер се искачи на првата позиција на светската АТП ранг-листа за прв пат во јуни оваа година и оттогаш не […]

Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел


Националната единица за борба против хулиганизмот на француската влада гледа потенцијал за големи немири околу натпреварот од Лигата на нации меѓу Франција и Израел и мечот го прогласи од најголем ризик. Повеќе од четири илјади полицајци и безбедносни лица се повикани да го одржуваат редот и законот во Париз, а особено во областа „Стад де […]

Прва победа на Руд над Алкараз


Торино – Норвешкиот тенисер Каспер Руд во петтиот обид успеа да ја оствари првата победа над Шпанецот Карлос Алкараз, совладувајќи го денеска со 6-1, 7-5 во дуел од 1. коло од групата „Џон Њукомб“ на АТП финалето во Торино. Алкараз триумфираше над Руд прв пат во 2021 година во четвртфиналето на турнирот Мастерс 1000 во Мадрид […]

Пет бронзи за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат во Сараево


Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 викендов се одржа во Сараево, а каратистите на „Макпетрол“ освоија пет бронзени медали. Стефан Стојановиќ и Данило Божовиќ се закитија со по две одличја, додека Јована Мицовска оствари еден пласман на третата позиција. На шампионатот што се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина учество земаа 1,234 […]

Дејан Недев одликуван во Перу


Претседателот на Македонската традиционална карате федерација, Дејан Недев денес е одликуван со посебно признание од страна на организаторот на Светскиот ИТКФ шампионат и претседател на Перуанската федерација за традиционално карате, г-Дин Џилермо Де Витори, за придонес и развој на традиционалното карате во Перу и Јужна Америка.  – Тој исто така се заблагодари за учеството на […]

Македонските ракометари поразени во Литванија


Вилнус – Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гости од Литванија со 29:27 во 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров не успеаја да одговорат на агресивната, на моменти и груба игра од домаќините. Во неколку наврати словачките судии не ги санкционираа прекршоците на Литванците и им овозможија […]

Скандал во ракометниот Куп на Македонија


Натпреварот Скопје – Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат. Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија […]

Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон


 Професионалната фудбалска дисциплинска комисија на Турската фудбалска федерација (ТФФ) го суспендираше тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо на еден натпревар. Тој е казнет и со приближно 2.600 евра. Мурињо во изјава за телевизијата „Беин спортс“ ги критикуваше судијата Огужан Чакир и ВАР судијата – Атила Караоглан. -Ги обвинувам луѓето од Фенербахче кои ме доведоа овде. Ми […]

Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони


Тел Авив– Пропалестински напаѓачи повредиле 10 израелски фудбалски навивачи во Амстердам, по што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди испраќање спасувачки авиони за израелските граѓани во Холандија, пишува „Тајмс оф Израел“. Напаѓачи кои извикувале „Ослободете ја Палестина“ вчера ги нападнале навивачите на Макаби од Тел Авив во Амстердам, од кои двајца се исчезнати, а 10 се […]

Македонските кошаркарки немоќни против Украина во евроквалификациите


Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025. За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г. Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени, Во […]

Врвна хрватска таеквондистка почина на 22 годишна возраст


Загреб – Една од најуспешните хрватски таеквондистки Хана Влашиќ почина ненадејно на возраст од 22 години, објави денеска Таеквондо федерацијата на Хрватска. Покрај големиот број државни златни медали, Влашиќ во кариерата ги освои титулите европски кадетски шампион (2017) и европски јуниорски шампион (2019 година). „Таа беше пример и пример за вистински спортист, посветена и бескомпромисна во […]

Мбапе не доби повик за дуелите со Италија и Израел


Капитенот Килијан Мбапе нема да настапи за Франција на претстојните натпревари од Лигата на нации против Италија и Израел. „Имав разговори со Килијан и ја донесов својата одлука. Така е подобро. Мбапе сакаше да оди со нас, не е поради некој друг проблем“, изјави францускиот селектор Дидие Дешамп. Француската репрезентација на 14 ноември ќе го […]

Ждреб за Торино: Синер и Алкараз во различна група


Торино – Ждрепката за завршниот АТП турнир во Торино се одржа денеска, а задоволен од неа може да биде светскиот рекет број 1 – Италијанецот Јаник Синер. Група на Илија Настасе: Јаник Синер, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор Група Џон Њукомб: Александар Зверев, Карлос Алкараз, Каспер Руд, Андреј Рублев Пред ждрепката главното прашање беше дали Синер […]

Естонија прв противник на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026


Македонската ракометна репрезентација денес ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2026 година. Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Естонија. Селекторот Кирил Лазаров ја прифаќа фаворитската улога.  -Пред нас се натпревари со Естонија и со Литванија. Не бегаме од фаворитската улога, но исто така и ги респектираме противниците. Секој нов почеток е тежок, […]

НБА го суспендира Ембид на три натпревари поради пресметка со новинар


Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид е суспендиран од НБА на три натпревари поради конфронтација со новинар по натпреварот против Мемфис (107:124), објави „ESPN“. Триесетгодишниот Американец вербално го нападна колумнистот на „ Philadelphia Inquirer“ Маркус Хејс по саботниот пораз, а потоа го турна.  Кошаркарот беше налутен од написот во кој се споменува починатиот брат на кошаркарот […]

Михајловски и Илиоски обезбедија најмалку бронза на Европското кикбокс првенство во Атина


По Бобан Илиоски и Стефан Михајловски успеа да се пласира во полуфиналето на Европското сениорско кикбокс првенство што се одржува во Атина, со што двајцата македонски репрезентативци обезбедија најмалку бронзени медали, јави дописничката на МИА од Атина. Михајловски попладнево беше подобар од Германецот Стефан Тикс со 3:0, а во полуфиналето ќе се бори со украинскиот […]

Леброн Џејмс и Меџик Џонсон ја поддржаа Камала, што е со Мајкл Џордан?


Во случај да има некаква конфузија за тоа каде стои славниот кошаркар Леброн Џејмс на претседателските избори во 2024 година, тој многу јасно ги кажа своите ставови . Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс објави видео на социјалните мрежи во кое официјално ја поддржува потпретседателката Камала Харис  Јасно кажано, не е изненадување што Леброн Џејмс го […]

Ѓоковиќ се откажа од Торино: Ова е прв пат од 2001 ниту еден играч од големата тројка да не учествува на завршниот мастерс


  Новак Ѓоковиќ објави дека се повлекува од финалниот АТП мастерс поради неодредена повреда, со што е означен крајот на неговата сезона во 2024 година. Повлекувањето на Ѓоковиќ значи дека за прв пат од 2001 година нема да има член од „големата тројка“ присутен на АТП финалето. Додека Роџер Федерер е во пензија од 2022 […]

Гоце Седлоски нов тренер на Вардар


Вардар  од почетокот на сезоната во неполни три месеци го добива и четвртиот предводник, откако вчера управата на клубот реши да се раздели со Срѓан Захариевски, а на негово место го назначи Гоце Седлоски. Популарниот Срле беше трет избор по заминувањата на Горазд Михаилов и Горан Петрески, но бидејќи резултатите не одеа во прилог на […]