Се огласија од ФФМ по веста дека Дени Масев е приведен


 Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење. „Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека ФФМ нема информации […]

Шкупи: Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров во целост ќе му биде исплатен на семејството


Македонскиот прволигаш Шкупи објави денеска трајно го повлекува дресот со бројот 77 со кој сезонава настапуваше Андреј Лазаров, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ноќта на 16 март. Воедно, Шкупи соопшти дека договорот за 29-годишниот Лазаров во целост ќе му биде исплатен на неговото семејство. Лазаров минатата година му се […]

Ѓоковиќ има најмногу победи во историјата на Мастерс турнирите од серијата 1.000


Новак Ѓоковиќ со 2:0 славеше над Камило Уго Карабели од Аргентина и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами, САД. Српскиот тенисер урна нов рекорд, откако го оствари својот 411 триумф во кариерата на мастерс турнирите од серијата 1.000, оставајќи го зад себе Рафаел Надал. – Искрено, не сум размислувал премногу за тоа. Секако, чест […]

Тежок удар за „Ферари“: Леклер и Хамилтон дисквалификувани по трката во Шангај


  Возачите на „Ферари“, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кои завршија на петтото и шестото место на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај, останаа без бодови откако судиите ги дисквалификуваа поради неправилности забележани на нивните болиди. Тежината на „ферарито“ управувано од Леклер беше под пропишаната вредност на мерењето по трката, што резултира […]

Без многу радување и рутински: Македонија во Лихтенштајн победи за Кочани


Македонија со рутински 3-0 го победи Лихтенштајн на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 година, во можеби еден од најтажните мечеви во историјата на македонскиот фудбал. Натпреварот доаѓа само пет дена по смртта на 59 наши сограѓани во кочанската дискотека. Во натпревар со многу емоции, но без преголемо радување на головите, стрелци беа Александар […]

Верстапен: Можам да победам во Кина само ако испаднат болидите пред мене


 Макс Верстапен го сподели своето прилично мрачно предвидување за неговите шанси за успех на утрешната трка за Големата награда на Кина, на која ќе стартува од четвртата позиција на гридот. Четирикратниот светски шампион рече дека неговата единствена шанса за втор последователен триумф во Шангај е возачите пред него да се откажат, бидејќи тркачкото темпо на […]

Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000


Новак Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал за најмногу победи на ниво на Мастерс 1000, откако шесткратниот шампион победи со 6:0, 7:6(1) против Ринки Хиџиката во мечот од второто коло на турнирот во Мајами и ја прекина серијата од три порази. Србинот, кој ги држи рекордите за најмногу титули (40), финалиња (59) и полуфиналиња (78) […]

Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња


Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст, потврди неговото семејство. Легендарниот боксер во тешка категорија имаше една од најдолгите кариери во спортот, која кулминираше со олимпиското злато во 1968 година. Исто така, Форман двапати беше светски шампион во тешка категорија со разлика од 21 година помеѓу двете титули. Потоа со својата втора титула стана најстариот шампион […]

Милевски: Би било добро да почнеме со победа против Лихтенштајн


Македонската фудбалска репрезентација утре против Лихтенштајн во Вадуц го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2026. На официјалната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски изјави дека максимално се подготвуваат за натпреварот. -Би било добро да почнеме со победа и да ја продолжиме серијата позитивни резултати, но до бодови можеме само со нашето најдобро издание, изјави […]

Македонските фудбалери против Лихтенштајн со темни дресови за жртвите во Кочани


Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуц во рамки на мундијалските квалификации. Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуц […]

Единаесет потенцијални дестинации за проширување на НБА во Европа


Белград – Вкупно 11 градови се истакнати како опции за идни дестинации за потенцијално проширување на кошаркарската НБА лига во Европа, јавија српските медиуми. Според Меридијан спорт, 11 градови се Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина. Проектот дополнително ќе биде разгледан на претстојниот лидерски состанок на НБА со учество на […]

Ковентри подготвена да работи со Трамп за успешна Олимпијада во 2028 година


Атина – Новата претседателка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Кирсти Ковентри, најави подготвеност за дијалог со Доналд Трамп, кој повторно ќе ги води САД по изборите во ноември. Целта на преговорите е да се обезбеди успешно одржување на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес. – Од 20-годишна возраст, комуницирам со лидери на различни нивоа. […]

Македонските ракометарки ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2026


Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство за жени кое ќе се одржи во 2026 година.  Нашите репрезентативки ќе играат во третата група заедно со селекциите на Германија, Словенија и Белгија. Пласман на ЕП по автоматизам имаат обезбедено земјите кодомаќини Романија, Полска, Словачка, Чешка и Турција, како и Норвешка, Данска и […]

НБА-шампионот Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордн 6,1 милијарди долари


Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордна сума во историјата на лигата – 6,1 милијарди долари.  Купувач ќе биде компанија предводена од Вилијам Чишолм, која дејствува со поддршка на приватниот инвестициски фонд „Sixth Street“, објави „Sportico“. Претходно, „Fadeaway World“ објави дека одлуката на семејството Граусбек да го продаде клубот би можела да биде […]

Пливачката Кристи Ковентри именувана за нов претседател на МОК


Атина – Двократниот олимписки шампион и член на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Кристи Ковентри стана нов претседател на организацијата. Ова попладнево го соопшти актуелниот претседател Томас Бах на 144-та седница на МОК. Преносот на овластувањата ќе се случи на 24 јуни. Четириесет и едногодишната жителка на Зимбабве стана првата жена претседател во […]

Јапонија прва успешно ги мина квалификациите за СП2026


Јапонската фудбалска репрезентација прва официјално обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година преку квалификациите, приклучувајќи им се на кодомаќините САД, Мексико и Канада кои директно се квалификуваа. Јапонија попладнево го совлада Бахреин со 2-0 (0-0) во 7. коло од групата Ц од главната фаза на натпреварувањето во азиската квалификациска зона како домаќин во Саитама, […]

Почина Еди Џордан, легендата на Формула 1


Легендата на Формула 1, Еди Џордан, почина на 76-годишна возраст, откако ја загуби битката со ракот. Минатата година му беше дијагностициран рак на мочниот меур и на простатата, а во четвртокот наутро неговото семејство потврди дека починал, пишува Дејли мејл. Минатиот месец и самиот Џордан зборуваше за неговата состојба. „Извинете момци, само малку, ви благодарам. […]

Тиквеш го повлече дресот кој го носеше фудбалерот Андреј Лазаров


Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш го повлече дресот со бројот 16 со кој настапуваше за кавадаречкиот клуб 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров кој го загуби живот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Лазаров, кој беше роден во Кочани, настапуваше за Тиквеш од 2019 до 2023 година, пред да ја продолжи кариерата во хрватските екипи Рудеш и […]

Вокер нов рекордер според постигнати поени во ФИБА Лигата на шампиони


Кошаркарот на грчкиот клуб Промитеас, Џордан Вокер, постави нов рекорд според бројот на постигнати поени во натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА. Американскиот кошаркар реализираше 54 поени, заедно со седум скокови, седум асистенции и индекс на корисност 58 на натпреварот против германскиот тим Вирцбург, кој неговиот тим го доби со 119:115 по две продолженија. […]

Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија


Реномираната велосипедска трка Тур де Франс ќе стартува во Единбург во 2027 година со три почетни етапи во Шкотска, Англија и Велс пред велосипедистите да се упатат кон Франција. Ова ќе биде трет пат Тур де Франс да стартува од Велика Британија, по Лондон во 2007 година и Јоркшир во 2014 година, а последната етапа […]