Ноер се прости од репрезентацијата
Голманот и поранешен капитен на германската фудбалска репрезентација, 38-годишниот Мануел Ноер во средата објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера по 124 настапи за Маншафт. „По долги и интензивни разговори со моето семејство и пријателите, решив да ја завршам кариерата во репрезентацијата. Секој што ме познава знае дека тоа не беше лесна одлука“, објасни Ноер. …