Ѓоко Танески стана магистер по туризам
Поп-пејачот Ѓоко Танески стана магистер по туризам. Магистратура ја одбрани во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Темата на магистерскиот труд беше „Културното наследство и културните манифестации во функција на туризмот“. -Моите професионални амбиции се активно да се вклучам во креирањето на стратегијата за подобрување на условите во мојот роден град, ни изјави Танески. …