Регионалната естрада во Белград: Кој сè ќе пее на првите MAC?


Масимо Савиќ, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, „Вива Вокс“, „Лолобриџида“, „Плави оркестар“ Наста и Аца Лукас, настапуваат на MAC, потврди Скајмјузик, кој го организира и продуцира првото регионално доделување на признанијата Music Awards Ceremony (MAC).

Своите настапи на спектаклот на 29 јануари во арената „Штарк“ претходно ги потврдија и Петар Грашо, Жељко Јоксимовиќ, „Ван Гог“, Стјепан Хаусер, Марија Шерифовиќ, Тони Цетински, Бајага, Сергеј Ќетковиќ, Каролина Гочева и Јелена Карлеуша.

Ниеден настан во регионот никогаш досега не собрал толку ѕвезди на едно место, што MAC го прави единствена манифестација на која, освен специјално осмислените живи настапи, ќе бидат доделени и повеќе од 25 признанија. Тричасовната церемонија ќе биде организирана по највисоки светски продукциски стандарди со присуство на повеќе од 200 ВИП-личности, кои ќе прошетаат по црвениот килим.

Славните гости од регионот во Белград ќе бидат сместени во хотелот „Краун плаза“, во кој ќе биде организиран и коктел по повод одржувањето на првите MAC.