Го сметаа за наследник на Бред Пит, а потоа исчезна: Како изгледа Џош Хартнет денес (Фото)


Актерот Џош Хартнет се прослави со улогата во филмот „Перл Харбор“, а поради неговиот талент и шарм јавноста веруваше дека тој ќе биде наследник на холивудскиот актер Бред Пит. По неколкуте успешни улоги во филмовите како што се: „40 дена и 40 ноќи“, „Холивудски детективи“, „Black Hawk Down“ и многу други, актерот реши да го […]

На 96 години почина Тони Бенет, еден од великаните на џезот


Лос Анџелес- Големото име на џез музиката, Тони Бенет почина на 96 години. Познат е по настапите со џез великаните, почнувајќи од Френк Синатра, а сними и дует со Лејди Гага. Неговата кариера траеше 60 години, добитник е на 19 Греми награди, снимил повеќе од 70 албуми, од кои најпродаван е “I left my heart […]

„Торнадо“- Тамара со нови песна и спот


Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Торнадо“. Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски. Спотот за песната го работеше продукцијата “Division”, а истиот, во текот на јуни се снимаше на неколку локации […]

Збирка фотографии на Мадона ја слави 40-годишнината од нејзиниот деби албум


За да ја прослави 40-годишнината од истоимениот деби албум на Мадона, Sonic Editions објави колекција од ретки и досега невидени фотографии од поп легендата. Фото колекцијата од 15 парчиња содржи мешавина од живи и искрени снимки на Мадона, кои се достапни во мали димензии (14 инчи x 11 инчи) до XXL (37 инчи x 26 […]

Брендот Skims на Ким Кардашијан сега вреди 4 милијарди долари


Според Форбс, Ким Кардашијан и официјално е милијардерка! Бизнис магазинот ги наведе бизнисите на Ким, KKW Beauty и Skims, како големи придонесувачи за нејзиното богатство, како и нејзиното реално шоу, договори за одобрување и разни други мали инвестиции. Таа, исто така, соработуваше со Џеј Самонс за да отвори своја сопствена компанија за приватен капитал, SKKY […]

Вергара или Манџаниело- кој е побогат?


  Лос Анџелес – Разводот на Софија Вергара (51) и Џо Манџаниело (46) сега предизвикува интерес за нивните финансии и кој што ќе добие сега кога кога секој оди по својот пат. Вергара му откри на Хауард Стерн дека Манџаниело потпишал железен предбрачен договор пред нивната венчавка во 2015 година, но секогаш постои можност тој […]

„Барби“ против „Опенхајмер“: Кој филм доби подобри критики


Лос Анџелес – Кој ќе заработи летово повеќе на кино- благајните: „Опенхајмер“ или „Барби“? И двата нови филма добиваат позитивни критики. Според Rotten Tomatoes, Барбиката на Грета Гервиг во која Марго Роби ја глуми легендарната кукла, а Рајан Голсинг, нејзиното момче Кен,  има 89 проценти позитивна оценка, додека шокантната приказна за творецот на атомската бомба […]

КАНТОН6 и Глигор Кондовски со концерти в петок во „Буква“


Во рамки на проектот „Џез во Центарот“ овој петок (21.07) во кафе книжарницата „Буква“, концерти ќе одржат домашните изведувачи, бендот КАНТОН6 и Глигор Кондовски. Проектот „Џез во Центарот“ е насочен кон музичко оплеменување на градските-центарски катчиња. Глигор Кондовски е дипломиран виолинист и магистер по филмско и ТВ сценарио, кој работи како професор по виолина.  Во […]

Манекенката Барбара Палвин се омажи тајно во Будимпешта (фото)


Будимпешта- Унгарската манекенка со светска кариера и ангел на „Викторијас сикрет“, Барбара Палвин и актерот Дилан Спроус се венчаа тајно во Будимпешта за време на викендот. Барбара  (29) и Дилан (30) се заедно пет години. Двојката се сврши во септември 2022 година и планираа венчавка во Унгарија, каде што е родена Палвин. Сепак, деталите за […]

Кендал Џенер стана глобален амбасадор на „Лореал“


Париз – Кендал Џенер е именувана за нов глобален амбасадор на L’Oréal Paris, преземајќи ја водечката улога во нејзините кампањи за шминка што започнуваат во септември. „L’Oréal Paris е иконски бренд онолку долго колку што се сеќавам“, изјави Џенер за WWD. „Толку сум возбудена што станав дел од тим кој има таква страст и цел […]

Тејлор Свифт има повеќе бр. 1 албуми од која било поп-ѕвезда во историјата


Тејлор Свифт е првата жена изведувачка со најмногу бр. 1 албуми на топ-10 листата на списанието „Билборд“ во историјата. Музичката ѕвезда тоа го постигна со својот 12. албум на оваа листа – „Speak Now (Taylor’s Version)“ (инаку 13-ти албум воопшто). Со тоа новата „поп-кралица“ го надмина рекордот на Барбара Стрејсенд кај пејачките. Говорејќи за машките […]

Линдзи Лохан роди син во Дубаи: Луаи е нашата среќа


Дубаи – Линдзи Лохан стана мајка. Актерката, 37, која на почетокот од март ја објави веста дека е бремена, роди син. Таа и нејзиниот сопруг ,инвеститорот Бадер Шамас се пресреќни, велат од нејзината ПР служба. Момчето има необично име Сон Луаи што на арапски во превод значи штит, односно заштитник. Бебето е родено во Дубаи, […]

На холивудските актери им бил понуден договор од милијарда долари


Лос Анџелес– Големите американски филмски и телевизиски студија им понудија на холивудските актери повеќе од 1 милијарда долари повисоки плати и подобри услови пред синдикатот SAG-AFTRA да објави штрајк минатата недела, соопшти Алијансата на филмски и телевизиски продуценти (AMPTP). Здружението на актерите на екранот и Американската федерација на радио и телевизиски уметници (SAG-AFTRA) бараат од […]

Род Стјуарт позираше со седум од осумте деца на ретка фотографија во Шпанија


Легендарната поп-ѕвезда Род Стјуарт, кој е среде светска турнеја, уживаше со своето семејство во Шпанија. На неодамнешната слика, која сопругата на Стјуарт, Пени Ланкастер ја сподели на Инстаграм, 78-годишниот пејач позира со седум од неговите осум деца и три од неговите внуци. „Го славиме тоа што сме заедно“, ја напишала својата објава Ланкастер (52). Стјуарт […]

Софија Вергара и Џо Манџаниело се разведуваат по седум години брак


Лос Анџелес– Ѕвездата на ТВ-серијата „Модерно семејство“ и најплатена ТВ актерка во светот, Софија Вергара и актерот Џо Манџаниело се разделиле. Двојката важеше за една од најстабилните и најубавите во Холивуд.   „Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, ние учтиво бараме почитување на […]

Серж Генсбур и Џејн Биркин: „Je T’aime… Moi Non Plus“ е повеќе од воздишки


Најеротичната песна на сите времиња останува француската балада „Je T’aime… Moi Non Plus“, која ја отпеа Џејн Биркин, со  нејзиниот поранешен партнер Серж Генсбур во 1968 година. На 77-годишна возраст, во својот дом во Франција, почина познатата британско-француска актерка, пејачка и модна икона Џејн Биркин, 32 години по смртта на Генсбур кој почина во 1991 […]

Добра ноќ, добар ден: Мијата со нов сингл


„Добра ноќ, добар ден“  е новиот сингл на Мијата од новиот албум насловен Вида која беше изведена премиерно на концертот во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето.  Официјалниот видео запис ја визуелизира  атмосферата од концертот кој се одржа на 28 јуни а всушност беше концертна промоција на албумот.      Линк […]

Клуни вели дека штрајкот на САГ е „точка на пресврт во нашата индустрија“


Лос Анџелес -„Ова е точка на пресврт во нашата индустрија“, рече денеска Џорџ Клуни, станувајќи еден од актерите со највисок профил кој зборуваше за поддршка на штрајкувачките членови на Синдикатот на американските глумци. Двократниот добитник на Оскар рече дека „актерите и сценаристите во голем број ја изгубиле способноста да заработат за живот“, со оглед на […]

Ин мемориам: Џејн Биркин како модна икона (галерија)


Таа е родена во Лондон, но таа е врвната икона на парискиот стил – Џејн Биркин. Од врвот на кариерата во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, откако стана стилска икона и една од најпосакуваните актерки, па до денес, Биркин остана и ќе остане врвна модна икона. Од едноставна причина – тој лежерен, безгрижен […]

Концерт на „Леб и сол“ на 5 август на Антички во Охрид


Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните Леб и Сол, на 5 Август во Античкиот Театар во Охрид, ќе оддржат целовечерен концерт што дефинитивно покрај фестивалот Охридско Лето, претставува најголем културен  настан ова лето во Охрид.   После фантастичната балканска турнеја, Леб и Сол пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната […]