Еди Рама прошета низ Старата чаршија, ја враќа ДУИ од „мртвите“


  Албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на самитот за Планот за раст за Западен Балкан, денес заедно со Бујар Османи и други преставници на ДУИ прошета низ Старата чаршија во Скопје. Тој беше пречекан со интузијазам од граѓаните, кои правеа со него селфи.  Индиректно рама им направи пи-ар кампања на ДУИ, а наедно и …

Еди Рама прошета низ Старата чаршија, ја враќа ДУИ од „мртвите“ Read More »

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати


Во врска со барањeто на независните кандидати од десет општини Уставниот суд  да реагира на новиот Предлог-закон за измени на Изборниот законик, претседателот  Дарко Костадиновски испрати писмен допис во кој нагласи дека како институција можат да ја ценат уставноста на законите, но не и на предлог-законите.   -Со оглед дека вашето барање се однесува на оценување …

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати Read More »

Филипче повика на внатрешен консензус по средбата со Марта Кос


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска повика на внатрешен консензус меѓу сите политички чинители во државата со цел да се дефинира начинот на кој ќе се соработува за земјава да го продолжи евроинтегративниот процес.  По средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, лидерот на опозициската СДСМ рече дека како партија остануваат целосно посветени на …

Филипче повика на внатрешен консензус по средбата со Марта Кос Read More »

Кос: Идентитетот никогаш не е предмет на политичко одлучување


  Премиерот Христијан Мицкоски денес на прес-конференција со еврокомесарката Марта Кос на исто рамниште со идентитетот ги стави и историските прашања, проширувајќи ги на тој начин темите за кои спори Македонија со Бугарија, иако амандманите за историската комисија останаа неизгласани во ЕП. Додека Кос уверуваше дека идентитетот е нешто што го носиме во себе и …

Кос: Идентитетот никогаш не е предмет на политичко одлучување Read More »

Обраќања на премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос (во живо)


Обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката за проширување Марта Кос на Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан.  На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат  еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции.   

Арсовска бара заштита од Рокас и од Кос во битката со дивоградбите


  Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска, со отворено писмо до еврокомесарот Михалис Рокас, бара да ѝ пренесе на еврокомесарката Марка Кос, која е во посета на Скопје, дека државните институции не ја заштитуваат неа и покрај пријавите за закани, откако почна јавно да ги објавува дивоградбите кои се граделе во Чаир со амин на …

Арсовска бара заштита од Рокас и од Кос во битката со дивоградбите Read More »

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст


Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.  На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат  еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, …

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст Read More »

Кос се сретна со Мицкоски, премиерот побара достоинствена интеграција во ЕУ


  Еврокомесарката за проширување Марта Кос имаше средба зад затворена врата со премиерот Христијан Мицкоски за чии детали тој испрати соопштение до медиумите.  „На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции. …

Кос се сретна со Мицкоски, премиерот побара достоинствена интеграција во ЕУ Read More »

СДСМ поддржува отворени листи за парламентарните избори


Поддржуваме отворени листи, конечно граѓаните да ги изберат најдобрите кандидати, изјави денес лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „За една изборна единица ние го кажавме нашиот став, ние сме, да седнеме и да разговараме да се смени тој изборен модел, да разговараме за опцијата да има една изборна единица, со тоа што таа одлука се носи …

СДСМ поддржува отворени листи за парламентарните избори Read More »

Марта Кос дојде во Скопје


Еврокомесарката Марта Кос пристигна во Скопје и имаше средба со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.  „Топло добредојде за еврокомесарката за проширување, Марта Кос, по нејзиното пристигнување во Скопјe. Интеграцијата во ЕУ не е само декларативна обврска – тоа е јасен стратешки приоритет на нашата влада. Утрешниот самит ќе се фокусира на Планот за раст, …

Марта Кос дојде во Скопје Read More »

Македонија станува заложник на туѓи агенди, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави денеска денеска дека во извештајот на Европскиот парламент „јасно стои дека Северна Македонија е тешко погодена од странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридни закани, стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики – особено со потекло од Русија и Кина“. Оценувајќи го извештајот на ЕУ кој …

Македонија станува заложник на туѓи агенди, вели Филипче Read More »

Кој ја стави Македонија во „српскиот свет“ во извештајот на ЕП?


  Откако Европскиот парламент го објави предлог извештајот на Томас Вајц заедно со усвоените амандмани, не престануваат изненадувањата што сѐ успеало да влезе внатре и колку соседството си бркало свои агенди, место да ги анализира реформите во нашата држава. Колку европарламентарците при првото гласање на извештајот успеаја да му ја сменат содржината се гледа дури …

Кој ја стави Македонија во „српскиот свет“ во извештајот на ЕП? Read More »

Муртезани уверува дека процесот кон ЕУ не е блокиран, бил жив


  Централна тема на денешната билатерална средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе биде Планот за раст, меѓутоа на секој состанок со високите претставници од Брисел секако дека разговараме и за изнаоѓање на можни решенија, притоа за зачувување на нашите позиции и обезбедување на процесот на евроинтеграции до крај, така што очекуваме дека и …

Муртезани уверува дека процесот кон ЕУ не е блокиран, бил жив Read More »

Предупредување на Антонио Гутереш од Севиља: „Планетата станува сè потопла и поопасна“


  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, од Севиља „од прва рака“ ја доживува „новата нормалност“ во која влезе значителен дел од планетата поради климатските промени предизвикани од емисиите на стакленички гасови генерирани од луѓето, главно преку согорување на фосилни горива. „Екстремната топлина повеќе не е редок феномен: таа стана нова нормалност“, предупреди шефот на …

Предупредување на Антонио Гутереш од Севиља: „Планетата станува сè потопла и поопасна“ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го осуди Костадинов за „повик за убиство“ на Латас


  ВМРО-ДПМНЕ го осуди, како што оценуваат, повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов повикувајќи го МВР да реагира и да го повика на распит.  „ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ – Латас и бараме итна разрешница. Ова е доказ …

ВМРО-ДПМНЕ го осуди Костадинов за „повик за убиство“ на Латас Read More »

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан


Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан која во следните два дена ќе се одржува во Скопје, а на која ќе се разговара за Планот за раст.  За денеска …

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан Read More »

Данска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“


Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.  – ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и …

Данска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“ Read More »

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949


Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи собјави дека на суд ја добил тужбата преотив пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Пратеничката  Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште. „Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу …

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949 Read More »

СДСМ: Најдобриот виц годинава е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта


Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски, оцени СДСМ реагирајќи на пораките од конгресот на ЗНАМ, каде Димитриевски доби мандат и натаму да ја води партијата. -Максим Димитриевски за една година си ги погази сите изборни ветувања и целосно се потчини на Мицкоски. Без …

СДСМ: Најдобриот виц годинава е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта Read More »