Обвинителството го демантираше Тошковски, Данела е таа што била нападната


  За помалку од 20 часа Основното јавно обвинителство Скопје  ги демантираше шпекулациите на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој синоќа преку националните телевизии сугерираше дека можеби градоначалничката на Скопје го предизвикала сериозниот инцидент во Чаир. Според соопштението на обвинителството, за сѐ се виновни двајца напаѓачи на Арсовска, а за едниот се бара притвор. …

Обвинителството го демантираше Тошковски, Данела е таа што била нападната Read More »

Не е важно дали била тепана Арсовска, за власта е важно кој ја поддржувал


  Големата приказна за инцидентот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, веќе почна да се префрла од полето за истрага за нападот врз неа во партиски обвинувања. Самиот факт дека еден функционер е нападнат, а при тоа е жена и мајка од поголема група луѓе во скопски Чаир се претвора во мизогониска политичка пресметка. Владејачката …

Не е важно дали била тепана Арсовска, за власта е важно кој ја поддржувал Read More »

Мицкоски со ново обвинување: Бугарија ни врши притисок како Русија врз Украина


Целта на Бугарија е до европартнерите и до НАТО да испратат порака преку која ќе нѐ обвинуваат нас дека ние сме виновниците, вели премиерот Христијан Мицкоски по барањата од Бугарија за извинување и острата реторика кон Македонија. Според Мицкоски, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија. „Целта не се разликува во ништо од …

Мицкоски со ново обвинување: Бугарија ни врши притисок како Русија врз Украина Read More »

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат


Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска. -Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам, одгвоори кусо Мицкоски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на …

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат Read More »

Данела со ново обраќање: Смислиле ново сценарио, да ме обвинат за пожарите


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, реагираше утрово на обидите од власта неа да ја посочат како виновна за нападот што го доживеа вчера додека покажуваше на терен како се толерира градење дивоградби во Чаир. Повод беше интервјуто на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој сугерираше дека треба да се почека со заклучоци- за да …

Данела со ново обраќање: Смислиле ново сценарио, да ме обвинат за пожарите Read More »

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во посета на Македонија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска vо Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој ќе престојува во работна посета на земјава. Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, каде е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе …

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во посета на Македонија Read More »

Панче Тошковски се прашува: Да не е ова со Данела смислено сценарио за политички циркус?


  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, но во исто време се запраша да не е целиот инцидент смислено сценарио за политички циркус. Тој рече дека таа била повикана во полициска станица, но не …

Панче Тошковски се прашува: Да не е ова со Данела смислено сценарио за политички циркус? Read More »

Остри реакции за нападот врз Арсовска: Зошто постои МВР?


  Јавноста е шокирана од денешниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска од многубројна група луѓе кога таа на терен ги посочуваше дивоградба во општина Чаир и од реакцијата на полицијата во времето на настанот, а и после тоа. Трите збора од реакцијата на Зелен хуман град – Зошто постои МВР? – можеби најсликовите …

Остри реакции за нападот врз Арсовска: Зошто постои МВР? Read More »

Алијанса на Таравари го прашува ВЛЕН: Се откажавте ли од ЕУ?


  По конфузијата околу Извештајот на Европскиот парламент за Македонија, Алијансата за Албанците на Арбен Таравари бара одговори од владините партнери, претставниците на коалицијата ВЛЕН (Вреди). „Заменик-министерката за европски прашања и заменик-шеф во преговорите со ЕУ, Викторија Трајков – политичкиот асистент на марионетскиот министер Орхан Муртезани – јасно изјави во телевизиска дебата дека: ‘За нас, …

Алијанса на Таравари го прашува ВЛЕН: Се откажавте ли од ЕУ? Read More »

Жељасков: Мицкоски треба да најде начин да се извини


  Напнатоста меѓу Софија и Скопје не попушта туку изгледа дека се зголемува. По острата реакција на бугарското министерство за надворешни работи за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу аналогијата за глушецот и лавот, денеска се јави со оценка и премиерот Росен Жељасков. „Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе им бидат оставени на …

Жељасков: Мицкоски треба да најде начин да се извини Read More »

Радовишкиот градоначалник Ацо Ристов не сака втор мандат


  „Сакам да отстранам една дилема околу мојата евентуална кандидатура за нов градоначалнички мандат, зашто луѓето во Радовиш кои ме знаат ме прашуваат за тоа дали пак ќе се кандидирам за градоначалник, и јавно сакам да обелоденам дека немам намера да се кандидирам за нов мандат бидејќи имам други планови во животот“! Ова, за регионалната …

Радовишкиот градоначалник Ацо Ристов не сака втор мандат Read More »

Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград


Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи …

Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград Read More »

Голем дебакл на Македонија во Европскиот парламент, оцени Бујар Османи


  Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи вели дека граѓаните со право се гневни по усвоениот Извештај за Македонија во Европскиот парламент, но без термините македонски јазик и идентитет. Смета дека бевме понижени, „сите граѓани, Македонците, државата беше поништена…“. „Државата нема претрпено таков дебакл во својата историја на европска перспектива. 461 пратеник наспроти 121 веруваа на …

Голем дебакл на Македонија во Европскиот парламент, оцени Бујар Османи Read More »

ВМРО против ДПМНЕ: Не сакаат да ги гласаат своите закони од програмата


  СДСМ денес јавно го разобличи, како што велат, лицемерието и измамата на Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои одбија да ги поддржат дури и законите што самите ги ветија пред граѓаните, со својата предизборна програма.   „СДСМ поднесе пакет од 12 закони, буквално преземени од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, со цел тие да не останат …

ВМРО против ДПМНЕ: Не сакаат да ги гласаат своите закони од програмата Read More »

Бугарија се налути на Мицкоски, го обвини за „непријателство“


  Бугарското Министрество за надворешни работи реагираше на серијалот обвинувања од македонските политичари за обид за „геноцид“ на нашата нација, за обезличување, за уништување и слично, оценувајќи ги како крајно навредливи и непријателски кон нивната држава. Повод беше повикувањето на бугарскиот амбасадор во македонското МНР за да му се изрази протест поради именувањето на нашиот …

Бугарија се налути на Мицкоски, го обвини за „непријателство“ Read More »

МНР со осуда на изјавите на Георгиев, повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ. Како што соопшти МНРиНТ, …

МНР со осуда на изјавите на Георгиев, повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков Read More »

Која е „вистинската Македонка“ Латинопулу – сојузничката на Орбан и следбеничка на Трамп?


 Афродити Латинопулу, грчката политичарка чие име преку ноќ стана топ тема во нашата држава, го сврте фокусот од Софија повторно на Атина, односно од блокадата на Бугарија кон Преспанскиот договор на Македонија. Откако во Европскиот парламент како на митинг страстно порача дека „има само една Македонија и дека таа е грчка“, како и дека таа …

Која е „вистинската Македонка“ Латинопулу – сојузничката на Орбан и следбеничка на Трамп? Read More »

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот


Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) го поздравува вчерашното усвојување на извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија. Овој извештај претставува значајно охрабрување за македонскиот народ и за сите граѓани на државата, без разлика на етничката припадност, да продолжат посветено кон создавање на либерална, демократска, функционална, праведна и просперитетна европска држава. Нивната посветеност на …

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот Read More »

Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за македонскиот премиер


  Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, кој го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството. „Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е …

Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за македонскиот премиер Read More »

Сефер Селими: Кому му објавува војна ЗНАМ?


Аналитичарот Сефер Селими реагираше на денешната, што би рекол лидерот на СДСМ, патетична прес конференција на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој политиката на ЕУ кон Македонија, под влијание на Бугарија, ја спореди со геноцидот во Треблинка. Според Селими, највисоките функционери во Македонија го промовираат евроскептицизмот се поотворено и подиректно и вртат грб на „Европска …

Сефер Селими: Кому му објавува војна ЗНАМ? Read More »