ЛДП: Измените на Кривичниот законик се нови експерименти, „крпење“ на системот


  Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред пратениците во Собранието на почетокот на неделата. Иако навидум изгледа дека се предлагаат решенија за заострување на казните и санирање на штетите направени во минатото, сметаме дека ова е само уште едно од многуте […]

Нови скандалозни измени на Кривичниот закон


  Новите измени на Кривичниот законик, кои се поднесени од девет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, веќе предизвикуваат сериозни ракции и загриженост кај стручната јавност. Првата оценка е дека има подобрување во однос на заострување на казните поврзани со кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување”, но сепак казнената политика е поблага во однос на законското […]

Филипче од Брисел повика на единствен граѓански фронт за правда


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Брисел, каде учествуваше на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) пред самитот на Европскиот совет, повика на создавање единствен граѓански фронт за правда по усвојувањето на резолуцијата на власта за мигрантите. Во изјавата од Брисел, Филипче вели дека се обраќа од Брисел „затоа што борбата за […]

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го одбра Шилегов за да му наштети на СДСМ


  Председателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска преку статус на Фејсбук му одговори на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ преку него се обидело да 1 нанесе штета на партијата. Шилегов вчера, еден ден по екипирањето на новото раководство на СДСМ, го повика Филипче да си поднесе оставка нарекувајќи го „тезгарош“. Според […]

Македонија, Србија и БиХ најголеми губитници во проширувањето на ЕУ


Годишните состаноци на ЕУ со Западен Балкан во Брисел станаа рутина – насмевки на „семејната фотографија“, пораки што ја поддржуваат европската перспектива и важноста на соработката, додека суштинските одлуки се донесуваат на друго место. Српскиот претседател Александар Вучиќ, сепак, се погрижи овој состанок да не го следи вообичаеното сценарио. Незадоволен од одбивањето на земјите-членки да […]

Атина гледа систематско реторичко поткопување на Преспанскиот договор


  Нова ескалација во односите меѓу Атина и Македонија е предизвикана од систематското реторичко поткопување на Преспанскиот договор од страна на членовите на владата на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија, при што премиерот Христијан Мицкоски отворено изјави дека „во пракса името Македонија е вратено“, што предизвика реакција од грчкото Министерство за надворешни работи. Сепак, интервенцијата на […]

Филипче во Брисел, бара поддршка за одбрана на демократијата


И лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес е во Брисел каде што според фотографиите присуствува на состанок на групата на социјалистичките партии. Од таму тој порача дека ги користи средбите за да бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија, по донесувањето на првата резолуција во историјата на земјата против опозицијата. Во Брисел од завчера […]

Антонио Кошта: Властите во Македонија знаат што треба да направат


  Во изјавата по самитот ЕУ-Западан Балкан претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта се осврна на пет земји од регионот, без Србија, која го бојкотираше состанокот. За Македонија Кошта рече: „Во однос на Северна Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност. И се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нивните власти знаат […]

Кошта: ЕУ мора да ги исполни очекувањата што ги создава


Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. […]

„Декларација од Брисел“: Треба да ги забрзате реформите


Руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува во „Декларацијата од Брисел“ усвоена на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. – Ние, лидерите на Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји членки, во консултација со нашите […]

Петре Шилегов побара оставка на Венко Филипче


  Еден ден по изборот на новото раководство на СДСМ поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, побара оставка од лидерот Венко Филипче. Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку фејсбук-објава побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со […]

Мицкоски со нереални очекувања во Брисел, Бугарија да не поддржува место да блокира


  Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Западниот Балкан, посочи премиерот, географски припаѓа на Европа и […]

Власта ја изгласа сопствената резолуција за мигрантите во која се обвинува опозицијата


Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ попладнево ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.  Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Потенцира дека Владата […]

Грчкото МНР се изнервира од изјавите на Мицкоски дека „го вратил името“


  Грчкото Министерство за надворешни рабвоти реагираше денес на изјавите на премиерот христијан Мицкоски кој за внатрешнополитички цели тврдеше дека го „вратил името“ на Македонија бидејќи и лидерот на СДСМ почнал да ја нарекува така земјата место Северна Македонија. „Потсетуваме дека уставното име на соседната држава е ‘Северна Македонија’, како што е јасно дефинирано во […]

Лидерот на социјалдемократите во Битола си поднесе оставка


  БИТОЛА – Методија Куновски поднесе оставка од претседател на ОО на СДСМ Битола, еден ден по изборот на Драган Крајовски во Извршниот одбор како дел од новиот тим на лидерот Венко Филипче. Куновски, кој дојде на чело на ОО на СДСМ Битола во ноември лани, попладнево на Фејсбук објави дека оставката ја доставил лично […]

Проширувањето на ЕУ никогаш поблиску: Црна Гора и Албанија се пред целта


  Брисел ја забрзува политиката на проширување на Европската унија под притисок на сè посложените геополитички околности. Црна Гора и Албанија го користат моменталниот моментум, додека Србија овој пат не е на масата, пишува Дојче веле. Лидерите на Европската унија и земјите од Западен Балкан се среќаваат оваа среда, 17 декември, во Брисел, во време […]

Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ


  Опозициската СДСМ денеска соопшти дека фирма со само тројца вработени за два месеци добила тендери од Владата од 74 милиони денари или 1,2 милиони евра. „Овие факти отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми како во досегашните објавени бомби“, рече портпаролката на партијата Богданка Кузеска. Според податоците на партијата, фирмата […]

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел


 Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, попладнево ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе претставува можност за демонстрирање и потврда на силата на стратешкиот однос меѓу Унијата и регионот и придобивките што тој ги носи за граѓаните. На Самитот, со кој ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, покрај […]

Ниедна држава во регионот не треба да биде изолирана од полноправно членство во ЕУ, вели Муцунски


Генералната порака што верувам дека треба да ја испратиме е дека ние на Западниот Балкан треба да работиме заедно, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на настанот „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“ одржан синоќа во Брисел под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос. […]

Уставни измени, па одење понатаму: Данска ги објави заклучоците за проширувањето на ЕУ


  Советот на ЕУ го поздравува одржувањето на интеграцијата во Европската унија како стратешка цел на Северна Македонија и ја повикува земјата да ги интензивира напорите за унапредување на реформите поврзани со пристапувањето кон Унијата. Ова се наведува во делот посветен на земјава во Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, кои откако не беа […]