Левица: Министерката Кочоска ги укина надоместоците за плата до избори


Деновиве во сите државни институции било истакннато соопштение дека на работниците нема да им се исплатуваат додатоци и надоместоци од плата, поради изборниот процес за локалните избори!, соопшти Левица. Ова значи дека работниците во јавниот сектор нема да добијат додатоци и надоместоци за плата, кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во …

Левица: Министерката Кочоска ги укина надоместоците за плата до избори Read More »

ОДИХР почнува со следење на локалните избори


Во пресрет на локалните избори 2025, денеска официјално започнува набљудувањето од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги усвои барањата за акредитација на 14 меѓународни набљудувачи.  Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на вчерашната седница информираше дека денеска ќе се одржи првата официјална средба со претставниците на Набљудувачката мисија, со …

ОДИХР почнува со следење на локалните избори Read More »

И Меџити работел за „српскиот свет“ , ДУИ тврди дека имал средба со Вулин


Дали во февруари 2025 година во кабинетот на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а во присуство на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, се одржала средба меѓу првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и поранешниот српски вицепремиер Александар Вулин, прашуваат денеска од Демократската унија за …

И Меџити работел за „српскиот свет“ , ДУИ тврди дека имал средба со Вулин Read More »

Пратениците закажаа седница, ќе бараат да влезат во АНБ


Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) утре претпладне ќе одржи седница. Седницата ја свика претседателот на Собранието Африм Гаши откако Агенцијата за национална безбедност и премиерот Христијан Мицкоски обвинија дека тој за време на претходната власт бил прислушуван и следен, а бившото раководство …

Пратениците закажаа седница, ќе бараат да влезат во АНБ Read More »

Иницијативата Сите за Палестина организира протест пред Генералното собрание на ОН


Во пресрет на Денот на независноста на Македонија и почетокот на 80-то Генерално собрание на ОН, од иницијативата Сите за Палестина ја повикуваат јавноста да се собере и да покаже солидарност со палестинскиот народ и „стоп“ за македонскиот молк пред геноцидот во Газа. -На 8-ми септември во 18 часот иницијативата ја повикува јавноста на солидарна …

Иницијативата Сите за Палестина организира протест пред Генералното собрание на ОН Read More »

ЕУ ги објави остварувањата за Планот за раст – Албанија и Србија добија чиста „нула“


  Европската комисија ја објави табелата со резултати од Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан. Таа го прикажува напредокот на Македонија и другите земји кандидати за членство во спроведувањето на реформите, вклучувајќи ги исполнетите чекори и исплатените износи. Од она што може да се види, ЕУ не им прогледува низ прсти на земјите, …

ЕУ ги објави остварувањата за Планот за раст – Албанија и Србија добија чиста „нула“ Read More »

Петровска: Законот јасно кажува дека АНБ ги декласифицира документите


Секој еден од нас кога е избран на било која јавна функција, презема одговорност да го застапува интересот на државата и граѓаните. Сите ние, без оглед на тоа дали сме дел од опозицијата или власта имаме одговорност и должност да поставуваме прашања, но и да даваме одговори, точни и прецизни, се вели во соопштението од …

Петровска: Законот јасно кажува дека АНБ ги декласифицира документите Read More »

СДСМ: Не е точно дека судот декласифицира тајни документи


СДСМ повторно ја повика власта да „не бега од вистината“ и АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој  го преставува како наводна афера за прислушкување. -Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицирата документите, тоа е само алиби, параван зад кој се крие вистинската намера на власта. …

СДСМ: Не е точно дека судот декласифицира тајни документи Read More »

Македонија конечно има амбасадор во Париз


  Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Париз, Игор Николов, ги предаде  акредитивните писма на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Со ова официјално започна неговиот дипломатски мандат во Париз, со цел унапредување на билатералните односи, зајакнување на соработката и продлабочување на партнерството меѓу двете земји, објавија од француската амбасада во Скопје.  Македонија од поодамна немаше …

Македонија конечно има амбасадор во Париз Read More »

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија


Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со студенти. На средбата Филипче нагласи дека немањето стратегија за унапредување на пазарот на труд, растечката сиромаштија, се само дел од причините поради кои младите својата иднина ја гледаат надвор од …

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија Read More »

Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во неколкудневна работна посета на Швајцарија, синоќа во Женева имаше средба со претставници на македонската дијаспора. – Посебна чест ми беше, на првиот ден од работната посета на Женева, заедно со бројната македонска дијаспора, да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември. Во …

Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ЗНАМ во Куманово и Центар


  Извршниот комитет на ВМРО-ДПМЕН, донел одлука за Куманово и Центар да се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалициската партија ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Извршниот комитет утврди 16 нови кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври.   Сопиште – Јане Мицевски Кичево – Александар Јовановски Крива Паланка – Оливер Алексовски Маврово …

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ЗНАМ во Куманово и Центар Read More »

Како „класифицираните документи“ на АНБ стигнаа во рацете на прислушуваните?


  Кога ќе се тргне настрана фолклорот, од типот „невиден скандал“ и слични оценки, останува пораката дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги декласифицира документите врз основа на кои партискиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, тврди дека АНБ спроведувала специјални мерки против лидерот на опозицијата и новинари, бизнисмени и други политичари. Иако од …

Како „класифицираните документи“ на АНБ стигнаа во рацете на прислушуваните? Read More »

И авиoнот на Бујар Османи имал проблем со ГПС сигналот кога летал во 2023 над Бугарија


  Инцидентот со ГПС уредот на авионот на Урсула фон дер Лајен над Бугарија не е изолиран случај. И претходно имало такви инциденти, но биле прикриени. Еден таков инцидент се случил и со авионот на тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој се враќал од Молдавија, каде што беше во улога на претседавач со …

И авиoнот на Бујар Османи имал проблем со ГПС сигналот кога летал во 2023 над Бугарија Read More »

„Имаше бели, па сега црвени линии. Тоа е апсурдно“: Сиљановска за предлогот на СДСМ


  Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите што најголемата македонска опозициска партија СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид им порача на сите политички партии да седнат во парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата.  …

„Имаше бели, па сега црвени линии. Тоа е апсурдно“: Сиљановска за предлогот на СДСМ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го спореди Филипче со Менгеле


  Очигледно дека денешната оценка на лидерот на СДСМ за владејачките структури дека се „инфантилни политичари и популистички партии“ поврзано со наводната афера во АНБ ги погодило многу во ВМРО-ДПМНЕ, па тие возвратија со повикување на еден од најголемите нацистички злосторници – Јозеф Менгеле. „Кога Венко Филипче зборува за ‘инфантилност’, тоа е исто како доктор …

ВМРО-ДПМНЕ го спореди Филипче со Менгеле Read More »

„Еурактив“: Ветата на Бугарија и Унгарија ја фрустрираат ЕУ, десет земји бараат мнозинско гласање


Околу десетина земји сакаат да ги променат правилата на гласање во ЕУ, така што само  мнозинство гласање – не на целиот состав од 27 држави – ќе биде потребно за да се отвори нов кластер во преговорите за пристапување, токму  фазата во која Унгарија ги блокира Киев и Кишињев. Едногласноста би останала неопходна на почетокот …

„Еурактив“: Ветата на Бугарија и Унгарија ја фрустрираат ЕУ, десет земји бараат мнозинско гласање Read More »

СДСМ бара итна декласификација на документите за наводното прислушување


  СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушување, напиша во средата изутрина лидерот на партијата Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Тој вели дека за декласификација има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да …

СДСМ бара итна декласификација на документите за наводното прислушување Read More »

Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да продолжи со работа по 67.та седница на чиј дневен ред се останати уште четири неразгледани законски решенија.  Пратениците ќе треба да се изјаснат по Предлог-измените на Законот за исплата на плати, Законот за решавање банки и Законот за финансиски инструменти. На дневен ред на седницата е и …

Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница Read More »

Министерот Игор Филков ќе магистрира на тема како се води Министерство за правда


  Дали се нафатил со сите сили и знаење да го води министерскиот ресор што му е доделен или раководењето со него го искористил за да го унапреди своето академоско знаење? Не знаеме дали кај министерот за правда, Игор Филков, постоела таква дилема, но настаните покажуваат дека тој во овој момент како да се определил …

Министерот Игор Филков ќе магистрира на тема како се води Министерство за правда Read More »