Шекеринска и Маричиќ застанаа зад ставовите на Заев


По генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, со поддршка на ставовите на лидерот Зоран Заев и како одговор на повикот на екс лидерот Бранко Црвенковски, излегоа и Радмила Шекеринска и Бојан Маричиќ. -Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата …

Шекеринска и Маричиќ застанаа зад ставовите на Заев Read More »

Реакција на СДСМ: Ставовите на Заев се ставови на партијата, Црвенковски е историја


Социјалдемократскиот сојуз попладнево официјално реагираше на обраќањето на поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, велејќи дека ставовите на Зоран Заев биле ставови и на партијата. Но во реакцијата, нема остра критика на барањето на Црвенковски итно да се свика Централниот одбор и се нагласува дека партијата „и натаму ги почитува и ќе ги почитува сите …

Реакција на СДСМ: Ставовите на Заев се ставови на партијата, Црвенковски е историја Read More »

ВМРО-Народна ја смета за храбра позицијата на Заев


Во врска со вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција (БГНЕС), ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја, наведено е во соопштението. Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, …

ВМРО-Народна ја смета за храбра позицијата на Заев Read More »

Софија Куновска бара оставка од Заев


Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од СДСМ и од фунцијата премиер, смета актерката и поранешна пратеничка и претседателка на Форумот на жени на СДСМ, Софија Куновска. Во нејзината реакција на социјалните мрежи, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, Куновска вели дека тие треба веднаш да …

Софија Куновска бара оставка од Заев Read More »

Ахмети очекува конструктивни разговори со Бугарија


Претседателот на ДУИ Али Ахмети е убеден дека преку конструктивни разговори со Бугарија, сите отворени прашања ќе се надминат пријателски и Бугарија ќе остане силен поддржувач на Република Северна Македонија како дел од Европската Унија. Ахмети ова го истакнал на денешната средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која …

Ахмети очекува конструктивни разговори со Бугарија Read More »

Шекеринска го брани премиерот


Она што премиерот Зоран Заев го кажа во интервју за БГНЕС не е негација ниту на фашистичката опасност, ниту на нашата антифашистичка борба, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. – Планот, политиката е да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да ни биде единственото нешто за што дискутираме во 21 век – …

Шекеринска го брани премиерот Read More »

Бранко Црвенковски бара СДСМ да се огради од Заев за ставовите во интервјуто


Во еден драматичен отклон од својот наследник во партијата, Бранко Црвенковски денеска со јавно обраќање до членовите на СДСМ побара од нив да се оградат од ставовите на Зоран Заев изнесени во интервјуто за бугарскиот медиум, затоа што тие ќе предизвикале „тешки и долгорочни последици за македонскиот народ  и македонската држава“. Тој, исто така, објави …

Бранко Црвенковски бара СДСМ да се огради од Заев за ставовите во интервјуто Read More »

Каракачанов: Заев направи чекор во вистинската насока


Интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, претставува мал чекор во вистинската насока, изјави денеска во Велико Трново бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов. „За ова му честитам на Заев. Тој собра храброст, поради што некои од неговите противници го критикуваат. Ако се продоложи вака, мислам дека следната година можеме да зборуваме …

Каракачанов: Заев направи чекор во вистинската насока Read More »

Твоја партија прашува во чие име зборува Заев


ТВОЈА партија со огромно разочарување го проследи последното интервју на актуелниот премиер Зоран Заев и со загриженост прашуваме во чие име тој зборува?, велат од партијата. -Дали ставовите кои Заев ги изнесува, се официјален став на Владата, на СДСМ или на парламентарното мнозинство?Од сето изнесено во интервјуто, не може а да не се забележи нитка …

Твоја партија прашува во чие име зборува Заев Read More »

Сојузот на борците изненаден од „неодмерените квалификации“ на Заев


Контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС предизвика реакција и од Сојузорт на борците од НОВ. Во реакцијата се вели: „Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и членовите продолжувачи е изненаден од неодмерените квалификации на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто дадено на бугарски медиум. Како учесници во најсветлиот …

Сојузот на борците изненаден од „неодмерените квалификации“ на Заев Read More »

Јовановиќ: Ако окупацијата е „администрација“, холокаустот е „владеење“


Бранимир Јовановиќ го нарече штетно и понизно интервјуто на премиерот Зоран Заев што ја вознемири јавноста.Според него, најстрашно е што поддржувачите на Заев, а можеби и тој самиот, не сфаќаат што беше погрешно во него. -Прво, фашистичка окупација не смее да се нарекува „администрација“. Тоа е негирање на фашизмот. Тоа е како холокаустот да го …

Јовановиќ: Ако окупацијата е „администрација“, холокаустот е „владеење“ Read More »

Мицкоски: Ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе не нема


Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и повика на протест. – Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти – партизаните кои се вистинските ослободители, Заев ги прави окупатори, а бидејќи …

Мицкоски: Ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе не нема Read More »

Џафери смета дека има мнозинство за онлајн гласање


Собранискиот спикер, Талат Џафери на брифинг со новинарите истакна дека го има потребнито мнозинство за изгласување на потребата за измени во Деловникот со кои во време на пандемија пратеници би имале можност за онлајн присуство на седниците. Доколку се изгласа потребата, промената на Деловникот ќе оди по скратена постапка. Џафери вели доколку се овозможи онлајн работа …

Џафери смета дека има мнозинство за онлајн гласање Read More »

Македонски манифест: Ова ли е компромисот со кој се гордее Заев?


Имајки ја предвид нашата политика на коленичење и прифаќање на сѐ што од нас ќе се побара, збунувачки се острите критики кон Бугарија и отфрлање на бугарските максималистички барања со кои се негира македонскиот идентитет и јазик… Но уште повеќе збунуваат изливите на оптимизам со кои Заев не убедува дака сме пред постигнување договор со …

Македонски манифест: Ова ли е компромисот со кој се гордее Заев? Read More »

Драги Ѓоргиев бара историските прашања да не се користат како политичка алатка


Политички изјави не би сакал да коментирам, било да се од македонска или од бугарска страна, вели македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања за „Дојче Веле Заради овој принцип, тој не се осврнува поединечно на ставовите изнесени од премиерот Заев во интервјуто за Бгнес. Но, …

Драги Ѓоргиев бара историските прашања да не се користат како политичка алатка Read More »

Заев жали за негативните реакции на интервјуто


„Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детаљ. Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка …

Заев жали за негативните реакции на интервјуто Read More »

Пендаровски за Дојче веле: Мора да се избегне замката на историскиот ревизионизам


Македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции, вели претседателот Стево Пендаровски за Дојче веле по вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС. „Го погледав …

Пендаровски за Дојче веле: Мора да се избегне замката на историскиот ревизионизам Read More »

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата


И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По неколку недели, според информациите од Собранието, се очекува мнозинството да има доволен број пратеници, 61 за негово носење, бидејќи неколкумината позитивни …

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата Read More »

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија


Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се испраќаат пораки дека во интерес на двете земји е целосно спроведување на Договорот за пријателство и надминување на недоразбирањата, што би …

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија Read More »

Историчари од македонско-бугарската комисија се оградуваат од „историскиот ревизионизам“ на Заев


Интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС предизвика остри реакции меѓу историчарите кои се членови на македонско-бугарската историска комисија. Неколку членови на македонскиот дел од комисијата вечерва искажаа осуда на ставовите на Заев и се оградија од истите. Според информации на Дојче веле, најмалку тројца членови на Комисијата се оградуваат од искажаното во …

Историчари од македонско-бугарската комисија се оградуваат од „историскиот ревизионизам“ на Заев Read More »