Собранието треба да ја почне расправата за избор на нови заменици – министри


Собранието денеска ќе ја продолжи 104. седница најверојатно со гласање за разрешување на замениците министри откако синоќа заврши расправата по оваа точка од дневниот ред. Потоа пленарната седница треба да продолжи со изборот на новите заменици министри. Премиерот Ковачевски за заменици министри ги предложи Тирон Јајага во Министерството за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството …

Собранието треба да ја почне расправата за избор на нови заменици – министри Read More »

Заврши расправата за разрешување на замениците министри


Во Собранието вечерва заврши расправата за разрешување на замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование. Седницата, како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери ќе продолжи утре во 14 часот. На дневен ред на оваа седница е и изборот на нови заменици министри. Во вечерашното продолжение на 104. седница зборуваа само пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. …

Заврши расправата за разрешување на замениците министри Read More »

Ескобар: Македонија е екстремно добар НАТО сојузник, таква ќе биде и во ЕУ


Заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, ги повика Македонија и другите земји од регионот на Западен Балкан навистина да се борат со корупцијата бидејќи, според негова оценка, таа е одлучувачка за нивниот натамошен економски и демократски развој. Тој не сакаше да најави конкретно дали и кога ќе има црна листа за лица од …

Ескобар: Македонија е екстремно добар НАТО сојузник, таква ќе биде и во ЕУ Read More »

Бугарски научници ја повикуваат државата да признае дека депортирала Евреи


  Во пресрет на 80-годишнината од настаните во Бугарија наречени „Спас на бугарските Евреи“, на 10 март, група бугарски научници повикуваат „комеморацијата на настаните да го напушти каналот на стереотипните и митологизирачките мотиви, на постојаното наддавање во припишувањето на заслугите и постојаното бегство од одговорноста и неизбришливата темна страна на она што се случи“. Со …

Бугарски научници ја повикуваат државата да признае дека депортирала Евреи Read More »

Мицкоски нареди да биде нападната мојата сопруга, вели Ковачевски


  Премиерот денеска обвини дека лидерот на опозицијата стои зад нападите на неговата сопруга. Димитар Ковачевски посочи дека неговата сопруга Елена е цел на директни напади, а по наредба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, нападите доаѓаат од пратениците на опозициската партија, а искажани од собраниската говорница. „Јас и моето семејство сме под …

Мицкоски нареди да биде нападната мојата сопруга, вели Ковачевски Read More »

СДСМ бара Антикорупциска да ги истражи наводните имоти на Мицкоски


  Наведувајќи дека во повеќе медиуми било објавено дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле, наводно вредна еден милион евра, СДСМ денеска побара од Антикорупциската комисија и обвинителството да ги истражат овие наводи. „Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен …

СДСМ бара Антикорупциска да ги истражи наводните имоти на Мицкоски Read More »

Македонија и Чешка ја продлабочуваат одбранбената соработка


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска со пречек со високи воени почести ја започна својата официјална посета на Чешката Република, во чии рамки оствари средба со чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова. Двете министерки се согласија дека неодамна потпишаниот Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената …

Македонија и Чешка ја продлабочуваат одбранбената соработка Read More »

Алити и Алиу имаа свечено примопредавање на должноста министер во МИОА


Денеска во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се одржа свечено примопредавање на должноста помеѓу досегашниот министер Адмирим Алити и новоименуваниот министер Азир Алиу. Во срдечна атмосфера, си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците кои претстојат во ресорот. „Моите претходници започнаа некои навистина значајни процеси и проекти во областите како …

Алити и Алиу имаа свечено примопредавање на должноста министер во МИОА Read More »

Новиот министер за правда, Кренар Лога, најави реформи во правосудството


Денеска во Министерството за правда се изврши примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер, Никола Тупанчески и Кренар Лога. Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството за правда. Министерот за правда, Кренар Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот …

Новиот министер за правда, Кренар Лога, најави реформи во правосудството Read More »

Средби на Османи во Стејт департментот: Стратешкиот дијалог значајно ги унапреди односите меѓу Македонија и САД


Проектите и областите договорени во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД веќе се дел од владината програма за работа во насока на зајакнување на демократските институции, напредок во владеењето на правото и борбата против корупција, изјави министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи на средба во Вашингтон  со американската …

Средби на Османи во Стејт департментот: Стратешкиот дијалог значајно ги унапреди односите меѓу Македонија и САД Read More »

Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република


Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерката Славјанка Петровска денеска ќе престојува во официјална посета на Чешката Република. За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со нејзината колешка, министерката за одбрана Јана Чернохова, а бидат одржани и билатерални разговори меѓу двете делегации, соопшти Министерството за одбрана. Петровска ќе се сретне и со …

Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република Read More »

Ковачевски подготвен да биде домаќин на средбата Вучиќ-Курти


  Премиерот Димитар Ковачевски е подготвен да биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, на 18 март во Северна Македонија, потврдија за МИА од Владата. На средбата, како што е …

Ковачевски подготвен да биде домаќин на средбата Вучиќ-Курти Read More »

Кои се новите министри во Владата


На предлог на премиерот Димитар Ковачевски, доцна синоќа, со мнозинство гласови, Собранието на Република Северна Македонија ги избра четворицата нови министри: Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда; Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство; Азир Алиу, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество …

Кои се новите министри во Владата Read More »

Конечно избрани новите министри во Владата, мнозинството беше 65


  Нешто по 23 часот пратениците во Собранието дадоа зелено светло за реконструкција на Владата на премиерот Димитар Ковачевски по двонеделна дискусија за разрешувањето на министрите од Алтернатива и за именувањето на новите министри од новиот коалициски партнер, Алијанса за Албанците. Салата беше полна со пратеници, вкупно 114 присутни, но претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, иако беа …

Конечно избрани новите министри во Владата, мнозинството беше 65 Read More »

Пратениците на пауза до 20 часот


По неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата, Собранието е на пауза до 20 часот. За збор се пријавени уште четири пратеници. Попладневната дебата помина во партиски препукувања, се сведе на тоа кој што направил додека бил на власт, а доминираа теми од економијата, земјоделството, здравството,… Пратениците зборуваа за „Скопје 2014“, стоковните резерви, …

Пратениците на пауза до 20 часот Read More »

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов смета дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ претставува обид за ловење политички поени и апелираше да се внимава со таквите изјави. – Изградивме концепт на локална самоуправа кој ги задоволува потребите на сите граѓани и на сите националности. Јас го разбирам моментот дека сега некој …

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени Read More »

Антикорупциска отвори предмет за првиот вицепремиер Артан Груби


  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство. „Имаме отворен …

Антикорупциска отвори предмет за првиот вицепремиер Артан Груби Read More »

Османи во дводневна посета на Вашингтон


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи е во дводневна посета на САД каде утре ќе има презентација пред Хелсиншката комисија во Вашингтон на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“. Како што соопшти, МНР, во рамки на својата агенда, денеска тој ќе има средба и со Дерек Шоле, …

Османи во дводневна посета на Вашингтон Read More »

Битиќи во Брисел на скрининг состаноци и на средби со претставници на ЕК и ЦЕФТА


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонијa задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска до 1 март ќе престојува во Брисел, каде што ќе се обрати на двата билатерални скрининг состанока од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги“ и Поглавје 28, „Заштита …

Битиќи во Брисел на скрининг состаноци и на средби со претставници на ЕК и ЦЕФТА Read More »

Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри во Владата


Започнува третата работна недела на 104. собраниска седница за реконструкција на Владата. Пратениците денеска ќе ја продолжат расправата за Предлогот за избор на членови на Владата да бидат Кренар Лога, за министер за правда, Фатмир Меџити, за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество и администрација и Каја Шукова, министер за животна …

Продолжува собраниската расправа за избор на нови министри во Владата Read More »