Таравари: Изјавата на Димитриевски е за политичко поентирање


Лидерот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари вечерва изјави дека е во добри односи со Максим Димитриевски од ЗНАМ и ја оцени како „политичко поентирање“ неговата реакција дека ќе излезе од Владата ако министрите повторно истакнат албанско знаме во владините простории.   – Не сум се слушнал пет, шест дена, но имам […]

Историјата се повторува, почна чистката на амбасадорите што не се по мерка на власта


  Канал 5  објави дека и македонскиот амбасадор во Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, бил повикан на консултации во МНР, наводно поради финансиски малверзации и непостапување по добиените насоки. Освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството (иако Тимчо Муцунски само десет дена е министер), му се забележува и  […]

Разрешување на Кацарска нема да биде тема во Собранието


Собранието нема да расправа за дописот од Судскиот совет (СС) дека на уставната судијка Добрила Кацарска ѝ престанал судискиот статус поради пензионирање. Тоа го потврди претседателот на Собранието Африм Гаши . На Кацарска како уставен судија мандатот ѝ е регулиран со Уставот и тој не вклучува престанок заради пензионирање пред истекот на мандатот, но Судскиот […]

Мицкоски не знае дали ќе се сретне со Мицотакис во Вашингтон


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи. -Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку […]

Мицкоски тврди дека „тајфун“ поминал низ државата, но ќе бара пари за повисоки плати


Откако дадоа еден куп ветувања поврзани со значајни финансиски сретства, од неделава претставниците на новата влада почнаа јавно да се жалат и да ги намалуваат очекувањата. „Прашање е како ќе се исплаќа она што е редовно предвидено во Буџетот. Се обидуваме да бидеме креативни и граѓаните да не го почувствуваат тоа. За зголемените пензии ќе […]

Мисајловски најави безрезервна поддршка за Украина – политички и на друг начин


 Нашата безрезервна поддршка за Украина и украинските граѓани уште еднаш ќе ја потврдиме на Самитот на НАТО, порача денес министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на Украина,  Лариса Дир и одбранбеното аташе, полковникот Серхии Кацуба во Министерството за одбрана. „Покрај политичката поддршка која безрезервно ја имате, ќе вложиме дополнителни напори да […]

Муцунски беше домаќин на НАТО работен појадок


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес беше домаќин на НАТО работен појадок, на кој присуствуваа амбасадорите на земјите членки на НАТО, како и Украина, Јапонија и ЕУ.  Настанот се одржа во пресрет на НАТО Самитот во Вашингтон каде ќе биде одбележана 75 годишнината од формирањето на Алијансата. -Работниот појадок беше можност […]

Шаленберг бара билатералните прашања да се третираат одделно од процесот на евроинтеграција


Процесот на ЕУ интеграција треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања да се третираат одделно, вели министерот за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг, во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“, а паралелно посочува дека конкретно за Северна Македонија, јасни предуслови се уставните измени и целосното почитување на меѓународните договори. […]

Амбасадорите од ЕУ сакаат дијалог со владата за да се оди напред


  Евроамбасадорот Дејвид Гир и германската амбасадорка Петра Дрекслер во изјава за медиуми прашани да дадат коментар за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека странските амбасадори се мешаат во внатрешните работи, рекоа дека се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада. Откако дел од амбасадорите изразија забелешки за најавата за распуштање на Судскиот совет […]

Главчев се пофали дека Бугарија за првпат добила поддршка од Грција за ставот кон Македонија


Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Димитар Главчев,  на сослушувањето во  бугарското Собрание во средата порача дека лично учествувал во процесот на склучување на Договорот за добрососедство во 2017 година, што го потпишаа тогашните премиери Бојко Борисов и Зоран Заев и сега е тажен што мора повторно да зборува на таа тема. Сослушувањето беше повод […]

Зајкова чека јасен план од владата за репреговарање со Бугарија


  Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, во гостувањето на емисијата „Дејли клик“ на ТВ21 нагласи дека чекаат владата да даде јасен план во однос на најавеното репреговарање за Дoговорот за добрососедство со Бугарија. „Очекувам Владата да има јасен план за процесот со Бугарија, а уште еднаш ќе укажам дека ЛДП стои на располагање да […]

Името е во нераскинлива врска со срцето и умот, вели Сиљановска


  Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нашата држава многу одговорно се однесува кон Преспанскиот договор, но не е сигурна дека тоа го прави Грција. „Таму ќе видите ‘Скопиа’, ‘Фиром’, но не и Северна Македонија, рече Сиљаноска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. Таа додаде дека Грција или ЕУ треба да ја советува […]

Мицкоски прашува: Дали и во Албанија ќе влезат Бугарите во уставот?


  Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за се’ што се случува со Бугарија виновна е владата на СДСМ и ДУИ, која оставила празен простор за бугарската пропаганда. Прашан за коментар за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на poпишувањето на Македонците како бугарско малцинство, Мицкоски уверува дека Владата има сериозна намера да се грижи […]

Усвоени барањата за апанажа на Маричиќ, Шаќири и Бајрами


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, во рамки на 3. седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа барањата на Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами да добиваат апанажа по престанок на нивниот работен однос. Никој од членовите на Комисијата не побара збор, поради што точката беше веднаш ставена […]

Муцунски се сретна со грчката амбасадорка, ја уверувал во добрососедски односи


  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду. На средбата, Муцунски изразил уверување дека земјава е силно посветена на натамошно унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка со Грција, пред сѐ како НАТО партнери и сојузници, стои во соопштението на МНР. Муцунски истакнал дека наш […]

Амбасадорите се мешаат во внатрешните работи на државата, вели Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска им забележа на странските амбасадори дека се мешаат во внатрешните работи на државата по забелешките на Дејвид Гир за најавената можност за законско распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители. Во исто време тој изрази подготвеност да разговара со експерти, но и со амбасадорите за најавената реформа поврзана […]

Бугарија разговара во ЕУ за „недозволиво однесување“ на македонското раководство


  Бугарија презеде итни мерки за информирање на земјите-членки на ЕУ за „недозволивото однесување“ на водечките политички фигури и обидите за редефинирање и преговарање за постигнатиот консензус за преговарачката рамка и вклучување на Бугарите во Уставот. Ова го рече вршителот на должноста премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев на сослушувањето во бугарското собраниеза […]

Герапетритис не обвини за иредентистички тенденции


Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата, за време на состанокот со неговиот австриски колега, Александар Шаленберг, во Атина, пренесуваат грчките медиуми. Герапетритис, според написите, ги предупредил владите на Северна Македонија и Албанија дека нивните неодамнешни активности ги загрозуваат перспективите на нивните земји за европска интеграција.   „Дејствата […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го врати Трајановски кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата


По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ.   „Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски. ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014 […]

Честитка од Сиљановска до Бајден


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до претседателот на САД, Џо Бајден. „Ми претставува особена чест и големо задоволство, во име на македонските граѓани и во свое лично име, да Ви го честитам Денот на независноста, упатувајќи најискрени желби за просперитет и за сестран развој на […]