Северна Македонија на 11 место во НАТО според процентот од БДП наменет за одбраната


Северна Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки.  Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади […]

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието


Првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов почина на 89-годишна возраст. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил секретар […]

Грција да не гласа за влез на Бугарија во Шенген ако не го тргне ветото за Северна Македонија, порача Коѕијас


Придобивките од Договорот од Преспа, како за двете земји, така и за поширокиот регион, периодот на преговорите, спроведувањето и од Скопје и од Атина, ставовите на Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ, но и ЕУ перспективата на земјава, беа дел од темите во фокусот на двете одделни панел дискусиите на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој […]

Нимиц од Атина: Почитувајте го Преспанскиот договор, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња


Со силен аплауз на гостите и уесниците Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на амбасадорот Метју Нимиц, како прв на ова признание кое Институт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев најавија дека традиционално ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор. На церемонијата на врачувањето на […]

Филипче од Атина: Преку Договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка


Договорот од Преспа претставува историски момент на лидерство благодарение на кој спор беше трансформиран во соработка. Ова го истакна д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата Заев „Едно општество за сите“ во своето обраќање на отворањето на меѓународната Конференција за мир и одржлив развој што се одржува во Атина, Грција. „Договорот од Преспа е доказ дека дури […]

Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев


Премиерот нема да присуствува на конкретната иницијатива, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите за тоа дали евентуално грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис би присуствувал на дводневната Меѓународна конференција што ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на […]

До недела на полноќ треба да биде избрана новата влада, Мицкоски ги очекува предлозите за министри од коалициските партнери


Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.  Како што најави мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува тој утре до Собранието да го достави составот на владата и програмата за нејзина работа. […]

Во Атина почнува Меѓународната конференција за мир и одржлив развој на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“


По повод шест годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, поранешните премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, преку „Фондацијата Заев“ и  „Институтот Алексис Ципрас“ денеска и утре во Атина организираат дводневна Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, на која воедно ќе му биде доделена и награда на медијаторот во разговорите за името Метју Нимиц, […]

Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа


Пред точно шест години, на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија и се отвори патот кон евроатлантската интеграција, […]

Мицкоски очекува сите пратеници да гласаат за законот за локална самоуправа


Мандатарот за формирање влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за измените на Законот за локална самоуправа со кои се предвидува да нема предвремени избори во општините чии градоначалници ќе преминат во извршната власт, рече дека очекува безусловна поддршка од сите политички партии да дадат безусловна поддршка. Посочи дека иако […]

Сиљановска Давкова имала „средби за запознавање“ со грчкиот и бугарскиот премиер Главчев


 Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на Самитот за мир во Украина остварила средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.  Во објава на Фејсбук Сиљановска Давкова истакнува дека со нетрпение очекува со Мицотакис и Главчев да се вклучат во продуктивни дискусии и оти мора да ги […]

Муцунски во МНР, Тошковски во МВР… Ова се предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за министри во новата Влада


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата Влада, Христијан Мицкоски, вечерва ги соопшти 15-те предлози на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ за министри во новата Влада. Претходно за нив добил едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата, на седници одржани вечерва. Тој додаде дека идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата […]

(Видео): Христијан Мицкоски за предлог министрите од ВМРО-ДПМНЕ во новата Влада


Попладнево во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ седници одржаа Извршниот комитет Централниот комитет на партијата, на која беа одредени предлозите за министрите од ВМРО-ДПМНЕ во новата Влада. Проследете ја изјавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ: 

Гласање за новата влада во Собранието околу 20-ти или 22-ри јуни


Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков вечерва пред почетокот на седницата на ова партиско тело изјави оти очекува новата влада да биде ставена на гласање во Собранието околу 20 или 22 јуни.  -На 18-ти претседателот Мицкоски ќе ги поднесе имињата на министрите, всушност ќе ја поднесе новата влада и очекувам околу 20-ти или […]

ВМРО-ДПМНЕ ги утврдува кадровските решенија во новата влада


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет. Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ќе ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски во изјава за медиумите што е најавена за […]

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство


На вонреден конгрес на Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска е избрано ново раководство откако по изборите оставка поднесе досегашната претседателка на партијата Маја Морачанин. На вонредниот конгрес свикан, како што наведува ДОМ, „по поднесената оставка на Морачанин и по неуспешните резултати на неодамнешните парламентарни избори“,  избрано е ново претседателство составено од четири копретседатели, кои […]

Сиљановска-Давкова на мировниот самит за Украина повика на почитување на меѓународното право и принципи, без исклучок


Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова истакнала дека тековната војна во Украина нè засега сите нас. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа оценила дека Украина е изложена на огромно човечко страдање и уништување, […]

Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, пред почетокот на денешната пленарна сесија на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, на која треба да има свое обраќање, изјавила дека една од најважните пораки е дека кон војната во Украина треба да се однесуваме не како кон украински проблем, […]

Џафери се пофали со премиерскиот портет во Владата: Маестрално дело


Премиерот Талат Џафери  се пофали со премиерскиот портрет кој веќе е ставен во галеријата уметнички слики на досегашните премиери во Владата. Тој на неговиот профил на Фејсбук му се заблагодари на авторот на портретот Едмонд Драми, за „маестралното дело“ . „Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во […]

Се чекаат имињата од ВМРО-ДПМНЕ. Беса, ЗНАМ и Алтернатива ги објавија кандидатите за министри


Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на седници треба да ги утврди кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од партијата на мандатарот Христијан Мицкоски. Тоа тој го соопшти пред четири дена и најави дека во вторник, 18 јуни, до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на кандидатите за членови на новата влада. […]