„Тоа не функционира така“: Амбасадорот Гир за желбата да се пренаменат европските пари за железницата


  Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека е едноставно да се каже, но дека е речиси невозможно да се спроведе пренамената на европските пари од изградбата на железницата кон Бугарија на пругата од Коридорот 10 (кон Грција). Во интервју за „Слободен печат“ Гир вели: „Не може едноставно да се пренаменат парите од Коридорот 8 на Коридорот […]

СДСМ призна: Направивме превид со именувањата во МЕПСО


СДСМ се корегираше и призна дека направила превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО. -Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на управниот одбор односно надзорниот одбор […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири лажни вести за надзорниот одбор на МЕПСО


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на опозициската СДСМ велејчи дека таа шири лажни вести за членовите на надзорниот одбор на МЕПСО. „Во недостиг на сериозни аргументи, СДСМ продолжува да ја труе јавноста со дезинформации. Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиески, Анастасија Илиеска се назначени за надзор во […]

Филков го брани незаконското именување на Пандов за в.д. директор


Министерот за правда Игор Филков го бранеше денес незаконското именување на Александар Пандов за в. д. директор на Управата за извршување на санкции. Иако во практиката „врие“ од такви незаконски именувања за да се најдат партиски членови на одредена функција, Филков тврдеше дека одлуката има легална основа во Законот за влада и во Законот за […]

СДСМ: Синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Бетмен ќе прават контрола на МЕПСО


СДСМ обвини денес за груба партизација на администрацијата, а повод е именувањето на синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и  сопругата на Бетмен за членови на, како што тврдат, надзорниот одбор на МЕПСО. „Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но […]

Филков го запре десеткратното поскапување на нотарските тарифи


  Новиот министер за правда, Игор Филков, ја запре скандалозната одлука да се зголемат трошоците за нотарските услуги десетпати повеќе од сега, што ја донесе тајно Кренар Лога и за неа се дозна откако беше објавена во „Службен весник“. Одлуката требаше да стапи во сила од утре, но Филков покрена иницијатива таа да биде преиспитана, […]

„Чекаме Бугарија да има стабилна влада“: Џемс О’Брајан за проблемот меѓу Скопје и Софија


  Вашингтон чека во Бугарија да се избере постабилна влада за да биде поактивен во разговорите за точниот начин на спроведување на договорот меѓу Скопје и Софија, изјави помошникот-државен секретар на САД Џејмс О`Брајан на сослушување за иднината на Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот. Бугарија е во уште еден циклус на нестабилна […]

Прв панел од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“


Министерството за јавна администрација денеска ја организира првата панел дискусија од кампањата под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“. Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат министерот за јавна администрација Горан Минчев, извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска Сачмароска и амбасадорот на Обединето Кралство на Велика […]

Балансерот за министерот Минчев е завршена работа, за „Вреди“ тоа е нефункционално решение


Коалициските партнери во Владата ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ и вчера со реакции околу Балансерот. На изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев дека темата за Балансерот е завршена, архивирана и веќе се спроведува, од коалицијата „Вреди“ велат дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет за злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат […]

Бугарија разочарана за Коридорот 8, а нема ни готови проекти за изградба


  Скопје ја прогласи пругата кон Софија за „најскапата железница во Европа“ и средствата за неа ќе ги искористи за модернизација на железничката линија до Белград. Недостига ли политичка волја за поврзување на двете соседни земји со воз? – прашува Дојче веле на бугарски јазик. Според медиумот, Бугарија одамна требала да биде подготвена со својот […]

ЗНАМ: Да не беа Глигоров и Црвенковски денес ќе бевме Јужна бановина!


Спомнувањето на имињата на претседателите Киро Глигоров и Бранко Црвенковски во негативен контекст на македонската историја е во најмала рака непримерно. Тие се политичари што воспоставија политички вредносни критериуми во Македонија и без нивната улога, Македонија денеска ќе беше Јужна бановина во склоп на некоја друга држава. Вака политичката партија ЗНАМ реагира на соопштението на […]

Павле Трајанов, Солза Грчева и Наташа Котлар добија функции


Владата денеска на седница донела нови кадровски решенија, дознава ТВ21 од свои извори. Па така, досегашниот заменик-генерален секретар на Владата, Тахир Хани, е разрешен од должноста, но и понатаму ќе зема плата односно, денеска на владина седница му е утврдено правото на плата по престанување на функцијата до стекнување на право на старосна пензија. На […]

Левица најавува интерпелација за Милошоски, гледа реприза на признавањето на Тајван


    Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието. Како што истакна на прес конференцијата пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, интерпелацијата е за негово учество на работна сесија на четвртиот Самит на ИПАК, најголема неформална група на пратеници која е формирана како одговор на кинеското ширење на интересите […]

МНР ѝ одговори на Софија за пругата: Бугарија да ги исполни своите обврски


  Министерството за надворешни работи ѝ одговори на официјална Софија за нејзината „вознемиреност“ околу најавата за замрзнување на изградбата пругата кон Деве Баир, барајќи Бугарија да ги исполни преземените обврси. МНР вели дека Македонија работи на сите инфраструктурно проекти, но дека Бугарија не го прави тоа, наведувајќи ја 25-годишната закоченост на граничниот премин Клепало. МНР […]

На каква конференција се Милошоски и Битиќи во Тајван


  Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те денеска ја поздрави, како што рече, „најголемата досега“ делегација на странски пратеници во Тајван и рече дека тоа ја покажува важноста на обединувањето на демократијата, иако Пекинг вршеше притисок врз повеќе членови на делегацијата да не го посетат островот. „Ова ја покажува поддршката и вредноста што разни други земји му […]

Муртезани: Земаме кредити, а пропаѓаат ИПА фондовите од ЕУ


Новиот министер за евроинтеграции, Орхан Муртезани, порача денес дека е недозволиво да губиме милиони евра доделени од фондот ИПА на ЕУ секоја година, а да земаме кредити надвор. Според него, процентот на искористеност на помошта на ЕУ е поразителен и од расположливи 302,4 милиони евра, до крајот на 2023 година се склучени само 58 договори […]

Владата направила промени во Реформската агенда, сега чека одговор од Брисел за парите


Новата влада направила измени на Реформската агенда што ја бара Брисел, а која е услов за да ни даде 750 милиони евра од Планот за раст на Западен Балкан. За какви промени станува збор и дали внатре се ставени намерите на ВМРО-ДПМНЕ да го распушти Судскиот совет иако ЕУ се спротивстави на тоа, министерот за […]

Министерот Андоновски ги отфрли обвнувањата од Венецуела за хакерски напад


  Внимателно го следиме процесот, Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за тоа, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во врска со обвинувањата од Венецуела дека „хакери од Северна Македонија“ направиле сајбер-напад врз системот за пренос на […]

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието


Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија, Касандра Фернандо, денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија. Како што е наведено на собранискиот сајт, таа ќе оствари средба со потпретседателката на Собранието Весна Бендевска. Фернандо, исто така ќе се сретне и со претседателот на пратеничката група на Собранието на Северна […]

СДСМ: Дојде власт која ќе се вози во бизнис класа, а народот ќе врзува крај со крај


ВМРО-ДПМНЕ од ден во ден потврдува дека ќе води политика која ќе значи минимални плати без раст и понижени работници кои ќе ја губат вербата во државата, е реакцијата на СДСМ откако во Парламентот не беше изгласан нивниот амандман за зголемување на платите согласно колективните договори. -Политиките кои ги најавува Мицкоски, не само што нема […]