СДСМ ќе тужи за партизација: Директорот на БЈБ симнат десет нивоа, како инспектор на полициска станица


  Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација, обвини СДСМ, нудејќи бесплатна правна помош на сите оштетени. Пратеникот Борче Цветков вели дека во моментот се случуваат незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања. „Во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел […]

СДСМ: Се врши притисок врз ДКСК да го заташка фамилијарното патување на Мицкоски во Вашингтон


Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагата за фамилијарното патување со синот за Вашингтон, порачаа денес од опозициската партија. .  -Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за […]

„Призма“ открива: Мицкоски има часовници од над 50.000 евра


Рачните часовници денес повеќе служат да го покажат имотниот статус отколку точното време, бидејќи диталните часовници на телефоните се далеку попрецизни и од најдобриот „ролекс“ и од најскапиот „патек филип“. Оттаму се подразбира интересот на јавноста за часовниците на премиерот Христијан Мицкоски, пишува „Призма“ за своето истражување околу анкетниот лист на првиот човек на Владата. […]

Новинарот Зоран Димитровски предложен за заменик-министер за надворешни работи


  По три години искуство во владата на СДСМ како заменик-министер за локална самоуправа, новинарот Зоран Димитровски, генерелен секретар на Демократскиот сојуз, сега е предложен за заменик-министер за надворешни работи. Демократскиот сојуз во 2023 година излезе од владата на СДСМ и се престрои кон опозицијата. ДС не доби место на пратеничките листи, но добива функционерски […]

Каков ребалансот на буџетот „скрои“ Владата, детали се очекуваат во текот на денот


Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, но повеќе детали се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден. Премиерот Христијан Мицкоски во централниот дневник на телевизија „Сител“ изјави дека Буџетот е во алармантна состојба и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за […]

Според Стерјовски во Абанија има над 100.000 Македонци


Кога ќе имаме вистински попис ќе дознаеме колкава е реалната бројка, но македонската заедница во Албанија е над 100 илјади на целата територија на Република Албанија, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската МЦН. Додаде дека македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник, областа на […]

За Мицкоски е некоректно што Мицотакис кажа дека го употребил уставното име на Македонија


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека не е коректно политичарите кои учествувале на Самитот на НАТО да раскажуваат што се зборувало зад затворени врати, одговарајќи на изјавата на грчкиот премиер дека Мицкоски на состаноците го користел уставното име на земјата, Република Северна Македонија. „Јас нема да зборувам за тоа што се случувало внатре бидејќи е непристојно […]

Мицкоски вели недостигаат пари во Буџетот, од СДСМ му порачуваат да не бара алиби


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва оцени дека состојбата со Буџетот е алармантна и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за ветеното зголемување на пензиите, вели дека ќе има. Од опсозициската СДСМ, пак, велат дека  ВМРО-ДПМНЕ од прв ден бара алиби за својата неспособност и му порачуваат на Мицкоски […]

Мецола: Да им пружиме рака на луѓето од Западниот Балкан


Мора да бидеме подготвени да ја пружиме раката на Европа на луѓето кои гледаат кон нас во Украина, Молдавија и Грузија и на сите оние од Западниот Балкан на кои предолго им се ускратува напредокот, изјави денеска Роберта Мецола во обраќањето пред европратениците по нејзиниот реизбор на местото претседателка на Европскиот парламент. – Мора да […]

Коп на проштална средба кај Коцевски: Честопати беше фрустрирачки да се работи тука


Кадровскиот дефицит, недоволниот буџет за работа  на Обвинителството и ефектите од последните измени во Кривичниот законик, беа темите на кои денеска разговараа јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Како што соопшти Јавното обвинителство, Коцевски го прими амбасадорот во проштална посета за да му заблагодари за […]

Петровска: Ковачки ја крие пресудата за клевета, а ВМРО-ДПМНЕ се брука


  Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за наводното криење дека има хациенда за што, потсети таа, имаше судски спор против Драган Ковачки  и пресуда дека тоа што го зборува не е вистина, односно е клевета. -Еве веќе 20 дена како и официјално сте власт, па нема потреба од повторувања на […]

Вулин: Ѝ помагаме на Македонија иако застана зад антисрпска резолуција!


„Како министер за полиција, секоја година испраќав луѓе и опрема да и помогнат на Северна Македонија да ги изгасне пожарите. Така е и денес, српските хеликоптери и пожарникари се борат со огнот за да ги спасат луѓето и имотот на Северна Македонија“, истакна вицепремиерот на Србија и поранешен министер за полиција Александар Вулин, потсетувајќи дека […]

СДСМ: Петто убиство откако Тошковски е министер, ниедно не е расчистено


Состојбата со убиствата станува алармантна, а безбедноста на граѓаните е во ризик поради постојаните пукања, алармира денес СДСМ со соопштение. Според нивна оценка, Македонија станува сцена од каубојски филм каде убиствата и уличните пресметки се секојдневие. -Најстрашно е што нема разрешница на ниедно убиство во последните шест месеци откако Панче Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со […]

 СДСМ бара Мицкоски да ги објави приватните сметки за патувањето на синот


Мицкоски веќе два дена се крие и не одговара на прашањата на граѓаните и јавноста во однос на патувањето на синот во Вашнгтон како дел од делегацијата на Владата. МНР невешто се обидува да го брани Мицкоски кој се крие, а може со само една постапка да ги отфрли сите обвинувања – да ги објави […]

Агелер: САД се тука да ја поддржат земјата, а не да се мешаат


САД се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата, изјава американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за емисијата „200“ на Алсат. Прашана за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека станува пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи земјата, […]

МНР: За патувањето на синот на Мицкоски не се потрошени средства од буџетот на државата


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска преку соопштение ги отфрла тврдењата на СДСМ кои побара од премиерот Христијан Мицкоски да каже дали на државен трошок во САД и  да ги објави приватните сметки за картата и трошоците за синот. -Воедно, би сакале да ја информираме јавноста дека, делегацијата на Самитот на НАТО беше […]

Дали Мицкоски го носел синот на државен трошок во САД?


 Од СДСМ денеска го повикаа премиерот Христијан Мицкоски да каже дали на државен трошок во САД го носел синот, а од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека синот на Мицкоски не бил дел од официјалната делегација и дека сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицкоски. – Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии […]

Мицкоски и Филипче го осудија обидот за атентат врз Трамп


Премиерот Христијан Мицкоски го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија. – Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп. Истовремено, на претседателот Трамп и […]

Влен и ДУИ со меѓусебни обвинувања


Од коалицијата „Влен“ денеска ја обвинија ДУИ дека шири лаги и манипулации за да креира незадоволство кај Албанците и го повикаа лидерот на ДУИ Али Ахмети да одговори што му понудил на Христијан Мицкоски за да влезе во Владата.  – Како коалиција ВЛЕН го повикуваме Али Ахмети вечерва да го искористи партискиот собир во Гостивар, […]

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк: Да се зајакне соработката во градење на иднината на Македонија


 Премиерот Христијан Мицкоски, оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД, каде што присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски пред присутните посочил дека основните постулати од кои […]