Софија тврди дека Муцунски одбил средба со неговиот бугарски колега Кондов


  Бугарското Министерство за надворешни работи во реакцијата околу знамињата за време на посетата на Гордана Сиљановска-Давкова на Софија вели дека имало покана до македонскиот министер за надворешни работи да се сретне со неговиот бугарски колега, но тој ја одбил таа понуда. Од бугарското министерство за тамошната телевизија Нова изјавија: „Водени од желбата за добрососедски […]

Владата на седница донесе неколку кадровски одлуки


Владата на денеска одржаната 20. седница донесе повеќе кадровски одлуки. За Национален координатор за интеркултурализам, развој на културата и меѓуресорска соработка е именуван Абаз Селмани. Како што соопшти владината прес-служба, за в.д. директорка на Државен испитен центар, на предлог на министерот за образование и наука, е именувана Даниела Јовчевска, додека за в.д. заменик-директор на Државен […]

Министерот Муртезани назначен за главен преговарач со ЕУ


На денешната владина седница министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, соопштија од Министерството за европски прашања.  За заменик на главниот преговарач е назначена заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков.    На оваа седница, се наведува во соопштението, […]

„Да правам скандал или не“: Сиљановска објаснува какви дилеми имала во Софија


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во интервју за Сител се обиде да разјасни некои од опскурните моменти од нејзината посета на Софија и и резултатот остана само во обид. Таа го претстави нејзиниот пристап разговорот со бугарскиот шеф на државата Румен Радев како „претседателски и државнички“, што е прв пат некој во Македонија за себе […]

Муцунски на средба со Агелер пред заминувањето во Брисел и Њујорк


Евроинтеграциите, потребата од забрзување на економскиот развој, подобрување на владеењето на правото и борбата против корупцијата биле во фокус на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и американската амбасадорка Анџела Агелер. – Разговаравме за претстојното Генерално собрание на ООН, нашите евроинтеграции и потребата од забрзување на економскиот развој, подобрување на владеењето на […]

Левица најави кривична пријава за Гаши за опструкциите околу законот за бранителите


  Од политичката партија „Левица“ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Африм Гаши, бидејќи иако има можност да ја свика седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, демографија и млади на која треба да се разгледа Предлог-законот за бранители, но не го прави тоа. Пратеникот од „Левица“ Сашко Јанчев […]

Жив човек нема пред бугарскиот конзулат во Битола


  БИТОЛА – Сликата од вообичаеното чекање на клупите пред бугарскиот конзулат во Битола за бугарски пасош сега ја нема. Денес е празно пред вратите на конзулатот и покрај ширум отворената врата од објектот. Порано, пред некоја година, особено за периодот на корона кризата апликантите за бугарски пасоши правеа големи гужви со долгите редици и […]

Левица бара црвени таблички, GPS локатори и лимит за службените возила


Политичката партија Левица бара да се воведат црвени таблички и лимит за службените возила. „Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, и покрај тоа што во својот анкетен лист има пријавено 5 сопствени возила, забележан е како користи службено возило за партиски потреби, продолжувајќи ја праксата воспоставена од Артан Груби, а унапредена од свадбарот Африм Гаши […]

„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд


  Предметот за „балансерот” кој е оформен по поднесена иницијатива од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), утре е на дневен ред на седницата на Уставниот суд. – Оспорени се член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор, член 36 став […]

Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес ги објави имињата на кандидатите за еврокомесари, а портфолиото „проширување“ го доби Марта Кос од Словенија. Иако имаше најави дека позицијата за проширувањето ќе има висок профил во овој мандат  и  дека еврокомесарот за проширување ќе биде и потпретседател на Европската комисија, од овој список испаѓа […]

БГНЕС: Комичниот Мицкоски во балетска поза „трепни да те лажам“


Македонската опера и балет на 13 септември со „Набуко“ ја крена на нозе бугарската публика во Софија. Овде големиот композитор Верди ја раскажува судбината на Евреите заробени и протерани од вавилонскиот крал Навуходоносор II. Денеска сме сведоци на уште една библиска епопеја, вистинска трагедија со македонски протагонисти. Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, професорката-претседателката Гордана […]

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница


Собранието денеска ќе одржи продолжение на 14. седница, на чиј дневен ред, се повеќе точки, меѓу кои и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. Собраниската Комисија за финансирање и буџет на 13 месецов го даде на натамошна постапка Предлог-законот за […]

Орбан до крајот на месецов доаѓа во посета на Македонија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на септември, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Според Муцунски, засега не се знае точно каде ќе се одржи оваа средба, а неофицијално се спомнува Охрид, а како потенцијални датуми 25 и 26 септември. Запрашан за коментар на наводите […]

Сиљановска го избра Советот за безбедност, член е и Малинка Ристевска-Јорданова


  Четрии месеци по инаугурацијата претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го комплетираше Советот за безбедност избирајќи ги трите членови кои се надвор од функционерите. Според соопштението на Кабинетот на Сиљановска-Давкова нови членови на Советот за безбедност се поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, експертот на европски интеграции и член на тимот на Радмила Шекеринска кога таа беше […]

Во МНР му протестирале на Радуков и го пофалиле ручекот со Радев


Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе бил повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радуков и му била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели и  дополнително било побарано објаснување од бугарската страна. Протестната нота што сакале да му ја врачат – амбасадорот  не ја зел. „Во разговорот […]

„Прашајте ја претседателката“: МНР насочува кон Сиљановска зошто ги објавила сликите без знамето


  Амбасадорот Желјаско Радуков ќе биде примен од директорот на Директоратот за регионална соработка во МНР и таму ќе му биде врачена приотестна нота – откако тој ќе се врати во државата.  Ова го најавија денес извори од МНР, посочувајќи на кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова како адреса на која треба да се бара одговор […]

Порано се виткаше кичма во односите со Бугарија, а сега не, вели Мицкоски


  Со тоа што на бугарскиот амбасадор денеска ќе му биде врачена протестна нота околу неистакнувањето на македонската знаме во Софија е политика кога веќе не се витка кичма, објаснуваше денеска премиерот Христијан Мицкоски околу посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и разговорите со Румен Радев. Порано се распродавало македонското достоинство, а денес се реагира на […]

Удари од сите страни за Сиљановска, пак од Левица


  Политичката партија Левица смета дека со тоа што претседателката на државата се сликала без македонското знаме на средбата со бугарскиот претседател направила потег со којшто оди против македонските интереси.  „Сметаме дека намерно е изоставено македонското знаме затоа што тоа е порака која бугарскиот државен врв ни ја праќа и едноставно гледаме дека македонската претседателка […]

Мицкоски и поддржувал бранителите, но не разговара на таа тема со „Вреди“


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска отфрли каква било одговорност на владејачката коалиција за процесуирањето на законот за бранителите и насочи одговорноста да се бара кај претседателката на собраниската комисија за труд и социјална политика која е од редовите на опозицијата. Тој повтори дека ги поддржува бранителите. Одговарајќи на новинарско прашање дали законот за бранители ќе […]

Советник на Радев: Ако некој државник дојде да пие кафе, треба ли да ставиме знаме?


„Посетата на претседателката на Република Северна Македонија на Бугарија беше по повод културен настан – не беше ниту државна, ниту работна. Поради оваа причина, македонското знаме не беше ставено пред грбот на претседателството, бидејќи за вакви посети не е потребно строго почитување на државниот протокол“, изјави Димитар Стојанов, поранешен министер и актуелен советник на бугарскиот […]