Започнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери


Во Њујорк денеска во 9 часот започнува Генералната дебата на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, на која ќе учествува и македонската делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Темата на годинешново собрание е „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.  […]

Муцунски многу задоволен од разговорите со Герапетритис


  Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денешната средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна. На средбата која се одржа во просториите на Мисијата на Грција во ОН во Њујорк, било отворено прашањето и за примена на Преспанскиот договор. „Сметам дека во духот на добрата верба и во […]

„Тој е еден од најбогатите Бугари“: Орце Камчев станува камен околу вратот за Екатерина Захариева


  Може ли назначувањето на Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија да ја урне кандидатурата за европски комесар на Екатерина Захариева. Според бугарската редакција на „Еурактив“ може да се случи таков епилог. „Еурактив“ објавува подолг текст за проблемите при именувањето на Камчев (кое потоа не беше прифатено од македонските власти) со детали […]

Гаши се надева дека Македонија и Албанија ќе одат заедно кон ЕУ


  Со почесна гарда претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, ја пречека претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали, а потоа во разговорите рече дека се надева оти двете држави заеднички ќе го продолжат патот кон ЕУ. Ова очекување на Гаши не зависи од желбите на Тирана, туку од одлуката на европските лидери дали Албанија ќе […]

Во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за оцрнување на ред дојде Стево Пендаровски


  Се потрошија сметките на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Па хотелите од 200 и нешто долари на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и на ред дојде донеодамнешниот претседател на државата Стево Пендаровски. ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека не бил скромен, т.е. дека покажал „лажна скромност“ и наместо три лица за кабинетот за поддршка […]

Бугарија не ги спроведува одлуките на Стразбур за македонското малцинство уште од 2006


  Најстарите случаи за имплементација на пресудите на Судот за човекови права за македонското малцинство во Бугарија чекаат на имплементација од 2006 година. Ова стои во извештајот објавен минатата недела од Democracy Reporting International (ДРИ), во соработка со Европската мрежа за имплементација (ЕИН), за земјите-членки на ЕУ во кој се вели дека  земјите-членки на ЕУ […]

Муцунски зборуваше за мултатерализмот во ОН


  На маргините на 79. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“. Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, […]

Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Ова е прва средба меѓу двајцата министри, која ќе се одржи на маргините на 79. Генерално собрание на ОН. На средбата, како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна тровија, ќе […]

Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Северна Македонија


Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе биде во посета на Северна Македонија. Според собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари неколку средби. Предвидено е да има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а најавени се и средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, […]

„Македонскиот народ е библиски“: Сиљановска ја започна посетата на САД со литургија во црква во Њу Џерси


  ЊУЈОРК – Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската државна делегација која ќе учествува на Генералното собрание на ОН, ја започна денеска посетата на САД со литургијата во цквата „Свети Никола“ во Тотова во Њу Џерси по повод празникот Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица. Претседателката на средбата со припадниците на македонската дијаспора […]

Функционерите согласни дека „балансерот“ е злоупотребуван, повеќето со став за вработувања базирани на квалитет


  По одлуката на Уставен суд за замрзнување на „балансерот“, функционерите на власта ги споделија своите ставови. Генералниот заклучок е дека ова е алатка која била злоупотребувана, а вработувањата треба да се базираат на квалитет. Тие најавија дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата. Според мандатарот […]

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме


ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача  пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во  емисијата „Само вистина“ на Канал 5. -Од една средба, која навидум требаше да […]

Спасовски: Го осудувам пристапот на Бугарија, но за знамето, вина има Кабинетот на Силјановска


Осудувам пристап каков што го имаше Бугарија во однос на Претседателката на државата, со неистакнување на знамето, меѓутоа тука има вина и одговорност кај Претседателката односно кај нејзиниот кабинет, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата Трилинг. -Не може државата да биде „повторно горда“ а вие самите себе да се потценувате а со тоа […]

Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Сиљановска Давкова во четврток е предвидено да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад […]

Мицкоски: Албанија ќе нѐ претрка


  Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, вчера во интервју за Канал 5, рече дека е убеден оти Албанија никогаш нема да стане полноправна членка на Унијата, не поради Албанија, туку поради ЕУ. „Сега изјавувам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не поради Албанија, туку поради позициите на Европската унија“, рече […]

Исклучувањето на ВМРО-ДПМНЕ од ЕПП за Мицкоски е виц


„Не е април, но би била добра првоаприлска шега“. Ова е кусиот коментар што денеска низ насмевка го даде премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој најави дека од Европската народна партија (ЕПП) ќе побараат исклучување на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно денеска, бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев,рече дека […]

Мишел бара од Македонија да се спроведат преземените обврски


  Еден ден по разговорите со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се огласи на Икс за да соопшти дека е „клучно да се имплементираат минатите обврски“. Во објавата на Икс Мишел вели: „Го пречекав премиерот Христијан Мицкоски во Брисел и ја поздравив геостратешката ориентација на Северна Македонија и посветеноста за […]

СДСМ бара деескалација на односите меѓу Бугарија и Македонија


  Опозициската СДСМ денеска повика на намалување на тензиите меѓу Македонија и Бугарија затоа што во крајна линија тие можат да бидат на штета на евроинтеграциите на нашата земја. Портпаролката Богданка Кузеска рече дека „влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните интереси […]

Андреј Ковачев познавал друг Николоски, а не овој


  Европратеникот од ГЕРБ и еден од петте квестори на Европскиот парламент, Андреј Ковачев, вели дека е зачуден од острата реторика против Бугарија на вицепремиерот и втор човек на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Ковачев во изјава за Бгнес рече дека во минатото разговарал многу пати со Александар Николоски, чии коментари ги запалија билатералните односи во последните […]

ДУИ смета дека се спроведува деалбанизација во државата


  ДУИ реагира на одлуката на Уставниот суд да го преиспита вработувањето во јавната администрација со т.н. балансер оценувајќи дека власта спроведува деалбанизација на државата.  „Јавните предупредувања за деалбанизација на државата, сега во пракса ги реализира оваа моноетничка власт во која се и губитниците на изборите или нарушувачите на албанскиот легитимитет. ‘Вреди’ ги затвора очите […]