МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија


Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, односно со работи кои спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и на државните институции, се наведува во соопштението од МАНУ во однос на најавите од некои политички […]

За Град Скопје одбивањето на нивните проекти е „политички прогон“


Град Скопје реагираше на одлуката на Владата да не му бидат доделени сретства од унгарскиот кредит, иако аплицираше со 20 проекти, межу кои иеден витално значаен за граѓаните – автобускиот превоз.  „ Одлуката на Владата  да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална состојба на владата […]

Балканските лидери навиваат за Трамп, но можат да живеат и со победата на Камала


Без разлика на исходот од претстојните американски претседателски избори, улогата на САД на Западниот Балкан ќе биде намалена, што значи дека регионот со нерешени конфликти и закочен интегративен процес ќе има потреба од посериозен стратегиски ангажман на Европската унија (ЕУ ) и Германија, сметаат истражувачи на влијателниот Германски совет за надворешни работи (ДГАП). Аналитичарите на […]

Мицкоски негира дека имало политика во давањето на парите на општините


  Премиерот Христијан Мицкоски  негираше денес дека имало политика во одобрувањето на проектите на општините што ќе ги финансира Владата со унгарскиот заем, тврдејќи дека проекти добиле не само општините раководени од партиите во владеечката коалиција туку и општини раководени од СДСМ, ДУИ и независни градоначалници. Тој порача дека се доделени пари за над 200 […]

И ЛДП сака уставните измени да важат откако ќе помине ратификацијата во Софија


  Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, го поддржува ставот на Владата дека ќе бидат усвоени уставните измени, но тие да важат од денот кога пристапниот договор на Македонија со ЕУ ќе биде ратфикуван од бугарското собрание. Зајкова смета дека тоа е можноста за излез од евроинтегративниот ќор-сокак. Во ставот дистрибуиран од ЛДП се вели […]

СДСМ: Новиот директор на АНБ е незаконски и опасен


Од СДСМ денеска реагираа на назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, што според нив е спротивно на законот и е сигнал дека  ВМРО-ДПМНЕ спроведува „опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“. „Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е […]

Села: Си стојам на зборот, не го напуштам „Европскиот фронт“


Алијанса за Албанците (АА) на Зијадин Села останува во „Европскиот фронт“, изјави вчера Села, негирајќи ги информациите за можно напуштање на коалицијата. Таквите шпекулации кои кружат во јавноста, според него, се дело на владејачката „Вреди“. „Алијанса е сериозен политички субјект. Ако го следите политичкото дејствување од кога дејствува, АА е сериозна во тоа што го […]

Костадинов: Струмичани ќе го враќаат унгарскиот кредит, а нема да добијат ништо!


„Средствата кои ни се кратат нам како струмичани се околу 140.000.000 денари.Истите тие пари директно од џебот на секоја струмичанка и струмичанец од градот и од секое наше село ќе бидат користени да се враќа унгарскиот кредит. Ќе бидеме задоволни доколку истиот износ од 140 милиони денари се насочи за научни истражувања во МАНУ, нека […]

Македонски концепт е против донесување на Закон за правична застапеност


Партијата Македонски концепт, која е дел од владеечката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти денес дека е против донесување на Закон за правична застапеност. „Ние сме за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд […]

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту ќе има нова траса за пругата


СДСМ реагира на информацијата дека преставници на владите на Македонија и на Бугарија си „дале рака“ и се обврзале дека ќе продолжи изградбата на Коридорот 8 за кој толку се драматизираше изминатите два месеца, во смисла дека води до тунел,т.е. никаде, дека е нерационално проектиран и слично. „Станува се потешко да се изборјат лагите на […]

Владата го разреши директорот на АНБ Зарко Милошевски, на негово место е именуван Бојан Христовски


Владата денеска на седница го разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски.  Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

Села не е против носење на Законот за правична застапеност


Лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села најави политичка акција со средби со граѓаните, а не е исклучено да се организираат протести и бојкот на институциите, без да прецизира како ќе се спроведуваат и засега се само опција. Села, вечерва во Гостивар посочи дека Централното претседателство на политичката партија Алијанса за албанците одржува редовна седница […]

Јакимовски: Албанските општини имаат пари за академија, ние немаме ни за парно!


Првиот човек на општина Карпош, Стевче Јакимовски продолжи да изнесува информации по препукувањето меѓу него и МОН во однос на парното греење во осумте училишта во Карпош. Вели дека во 2022 година предвидени биле средства во износ од 39 милиони денари, а исплатени се само 20 милиони. За 2023 година добиле пет милиони денари повеќе. […]

Николоски „нема впечаток“ дека Бербок рекла прво уставни измени, па преговори по кластери


  Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска во Велес, коментирајќи ја вчерашната изјава на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која рече дека уставните измени се клучен чекор кон почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, истакна дека позицијата на владата е јасна, директна и отворена, а тоа е дека нема уставни […]

И ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа буџетите за албанска академија


Премиерот Христијан Мицкоски најави денес дека и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините нема да гласаат за буџети со кои ќе се финансира работењето на т.н. албанска академија на науките.  -Како што се информирав од медиумите, тоа е здружение на граѓани. Мојот став е јасен – во Македонија постои една Академија на науките и уметностите. Не […]

Мицкоски има дилема дали воопшто да пишува писмо до ЕУ


Премиерот Христијан Мицкоски има лична дилема дали воопшто треба да го пишува писмото што веќе неколку недели го најавува на повеќе адреси поврзани со Европската унија. Како што соопшти денес на прес-конференција, по сите разговори и средби во Берлин и по фактот дека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, на 24 октомври доаѓа […]

СДСМ нема да гласа за буџетите во општините што ќе финансираат албанска академија


„СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН. Категорично сме против формирање на паралелна академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, наместо институции за сите […]

Силна поддршка на Трајко Славески за албанската академија во формирање


  Поранешниот министер за финансии, сегашен претседавач на Советот на Град Скопје и влијателна личност во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, е првиот политичар од македонскиот блок кој без двоумење ја поддржа иницијативата на партнерите од коалицијата „Вреди“ за отворање на албанска академија на науките и уметностите. Но Славески го нарекува „Научно-уметничко друштво“. Оваа етничка […]

Филипче: Преседан е создавање етнички чисти институции, категорично сум притив


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за идејата за формирање на паралелна Академија за науки и уметности. Во својот пост на Фејсбук, Филипче остро реагира против ваквиот проект, нагласувајќи дека создавањето на „етнички чисти“ институции претставува преседан. „Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки […]

Законот за правична застапеност не може да се прави во штабот на „Вреди“, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва изјави дека не може еден толку важен закон, како тој за правичната застапеност во институциите, да се прави во партиски штаб. Оној на „Вреди“. Во интервју за Сител тој рече:  „Од ‘Вреди’ најавуваат дека се работи на некој закон, а министерот за правда вели дека не е информиран. […]