СДСМ бара Комисијата за надзор над АНБ да расправа за сертификатот на Бојан Христовски


  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска побара собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР да одржи седница на која ќе се расправа за загадочниот сертификат за познавање на англиски јазик на новиот директор на АНБ, но и за други прашања од неговото именување. Пратеничката Славјанка Петровска рече на прес-конференција дека на таа седница Бојан […]

И во извештајот на ЕК се бара спроведување на уставните измени


Северна Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени. Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на […]

Израелски компании планираат да основаат директорат за сајбер безбедност во Македонија и во Косово


Израелската компанија „Improvate“ ја предводи делегацијата од осум израелски компании за сајбер безбедност, кои на крајот на октомври ќе пристигнат во овие земји за да го промовираат проектот, објави порталот IsraelDefence.co.il. На крајот на октомври, делегација од осум израелски компании за сајбер безбедност ќе ги посети Северна Македонија и Косово за да го промовира формирањето […]

Зајкова: Постапката за уставни измени може и сега да почне


Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување на Само Вистина во Канал 5, посочи дека постапката за уставните измени може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија. „Позициите на ЛДП се дека во последните […]

СДСМ прашува: Зошто за двете директорки обвинителството не ја чекаше ДКСК?


СДСМ прашува зошто за двете директорки фатени како користат лажен сертификат за познавање англиски јазик јавното обвинителство не чекало што ќе каже ДКСК, а за директорот на АНБ, Бојан Христоски упорно молчи и не постапува. „ Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни […]

Се множат доказите против директорот на АНБ, обвинителството молчи


  Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затвор од по четири години на почетокот на месецов бидејќи кога конкурирале за позицијата, како доказ за познавање на англиски јазик, приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО. ЛТД“ од Пловдив, Бугарија. Тоа е истото правно лице од каде потекнува и ТОЕФЛ-сертификатот на неодамна […]

Реакции: „Криминалниот“ проект на СДСМ и ДУИ сега стана „историски“


СДСМ  го коментира вчерашниот настан околу изградбата на коридорите од страна на  „Бехтел и Енка“, порачувајќи дека се што се кажа од страна на претставниците на власта е потврда дека проектот не бил ни непотребен ни криминален и дека нападите кон претходната влада биле неосновани. „Само четири месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека […]

Николоски го навредуваше Борисов, Мицкоски му честита


Премиерот Христијан Мицкоски очекува влада што би ја предводел евентуално Бојко Борисов  да  ја откочи интеграцијата на Македонија во Европската Унија, иако пред само еден месец лидерот на ГЕРБ бараше оставка од министерот за транспорт Александар Николоски по  дипломатскиот скандал со неистакнување на македонското знаме. Според она што може да се види од бугарските медиуми […]

Зошто обвинителството се крие зад Антикорупциска во случајот „Бојан Христовски“?


  Изгледа нелогично Јавното обвинителство да ја чека „истрагата“ на Антикорупциската комисија околу загадочниот положен испит по англиски јазик во уште позагадочната школа за јазици „Јулија“ од Пловдив, Бугарија, на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, каде што тој, наводно, го добил сертификатот. Од Обвинителството во изјава за Телма  рекоа дека ќе […]

Ахмети бара да интервенирам кај судии избрани од СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски  го добил и го прочитал писмото на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата. -Го добив писмото, го прочитав. Писмото би го поделил во два дела. Првиот дел е геостратешки осврт на состојбата во регионот, вклучително […]

Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица


Левица објави денес дека премиерот Христојан Мицкоски и министерот Панче Тошковски го  изгубиле спорот што го покренале против партијата за наводно нарушен углед и достоинство од страна на оваа партија. „Предметот на тужба е видео-соопштението на Левица насловено ‘Фирми на Анѓушев и Мицкоски добиваат тендери во Општина Кисела Вода’. Судот ја одби оваа небулозна и […]

Поранешната германска амбасадорка Штајнакер не верува дека изборите во Бугарија ќе ја решат кризата меѓу Скопје и Софија


  Гудрун Штајнакер, која беше германска амбасадорка во Скопје и заменик-амбасадорка во Софија, нема илузии дека Македонија и Бугарија би нашле решение за кризата во меѓусебните односи и дека резултатите од бугарските избори во Бугарија можат да помогнат за излез од оваа криза? „Поверојатно не. Се разбира, никогаш не треба да кажеме никогаш. Но, во […]

Даниел Сервер смета дека Ахмети праќа писма на погрешна адреса


  Даниел Сервер, експерт за Балканот од Универзитетот „Џон Хопкинс“,  го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, чија цел е да генерира акција од САД и ЕУ. Сепак, Сервер нагласува дека за проблемите што Ахмети ги нотира во писмото треба да одлучат граѓаните на Македонија, а не некој однадвор. Во врска со Законот […]

Мицкоски: Eксперти работaт на законот за правичната застапеност


Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека постои работна група од експерти која работи на подготовка на ново законско решение за правична застапеност и оти министерот за јавна администрација Горан Минчев не е дел од неа. -Јас не ги коментирам ставовите на поединци кои доаѓаат од нашите коалициски партнери. Да, има работна група во која има експерти […]

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за Бојан Христовски


Доколку МВР и министерот Панче Тошковски продолжат да молчат за сертификатот на првиот човек на АНБ, Бојан Христовски, СДСМ ќе поднесе кривична пријава, најавија денес од опозицијата која веќе две недели притиска за истрага околу квалификациите на дикеторот на најважната разузнувачка агенција во земјава. „МВР и Панче Тошковски молчат за скандалот со сертификатот на назначениот […]

Собранието треба да ја продолжи 17. седница, на дневен ред повеќе закони по скратена постапка


Собранието денеска во 14 часот треба да ја продолжи 17. седница на која на дневен ред се повеќе закони по скратена постапка.   На минатото продолжение на 17. седница започна расправата по Предлог на закон за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, а на дневен ред […]

ЗНАМ: Немаме претставник во работна група за законот за правична застапеност


„Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана“, соопшти партијата на Максим Димитриевски. Наспроти тврдењата на министерот за […]

Ахмети му напиша писмо на Мицкоски, го повикува на зрелост


  Откако испрати писма до повеќе меѓународни претставници и шефови на држави, во кои изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска такво слично писмо испратил и до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  Во писмото партискиот лидер изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот […]

Борисов ни стави вето, за Мицкоски тој е посакуван партнер


  Премиерот Христијан Мицкоски денес остварил „искрен и пријателски“ телефонски разговор со Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитал победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија. „Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на […]

За Мицкоски Ахмети е само „граѓанин“


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сè уште не го добил писмото што денеска до него го испратил претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во кое тој изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд и за непочитувањето на Охридскиот договор. „Не, не сум го добил писмото, не сум го видел. Кога ќе го добијам, […]